фудбал

Милевска ги одреди фудбалерките за евро-квалификациите

Македонската женска репрезентација до 17 години од 1 до 9 ноември во унгарски Телки ќе одигра три квалификациски натпревари во групата Б3 за пласман во Лига А од квалификациите за пласман на Европско првенство до 17 години.

Селекцијата предводена од Катерина Милевска првиот меч ќе го одигра на 2 ноември против Литванија, на 5. ноември се соочуваме со Андора, а квалификациите ги затвораме против домаќинот Унгарија на 8 ноември.

На списокот на селекторката Катерина Милевска се селедните фудбалерки:

Голмани:
Теа САПУНЏИЕВ (Истатов), Евгенија ВЕЉАНОВСКА (Скопје)

Одбрана:
Арба МЕРКО (АС Јунајтед), Мила ПЕНЕВА (Скопје), Андреа КОЛОВСКА (Љуботен), Андреа АЛЕКСОВСКА (Скопје), Александра РИСТЕВСКА (Топ Гол), Канита ЕМИНИ (Истатов), Ема НАНОВСКА (Истатов)

Среден ред:
Лина ЛУКАНОВА (АС Јунајтед), Јована КАРАЛИОСКА (Топ Гол), Теона ГАЛАБОВСКА (Тиверија), Елена МАЦЕВСКА (АС Јунајтед), Блехана АЛИЕВСКА (Топ Гол), Ана Марија ЦВЕТКОСКА (Лангус)

Напад:
Калина ПОПОЕСКИ (Милутинац), Ева ВЕЛИЧКОВСКА (Љуботен), Меланија ГРОЗДАНОВА (Истатов), Настасја НАКОВА (Љуботен), Розита ПЕЦЕВА (Тиверија)


ПАО му врачи отказ на тренерот Диего Алонсо

SEVILLE, SPAIN – DECEMBER 16: Diego Alonso, Head Coach of Sevilla FC, reacts during the LaLiga EA Sports match between Sevilla FC and Getafe CF at Estadio Ramon Sanchez Pizjuan on December 16, 2023 in Seville, Spain. (Photo by Fran Santiago/Getty Images) Pablo de la Calle para Deportes

Панатинаикос го отпушти денес уругвајскиот стратег Диего Алонсо од тренерската должност.

Панатинаикос слабо ја стартуваше новата сезона, освојувајќи во првите девет кола од домашното првенство 13 бодови и се наоѓа на осмото место на табелата, додека во првите две кола од Конференциската лига освои само бод. Алонсо доби отказ откако беше назначен за тренер во јуни.

Уругвајскиот 49-годишен стратег во кариерата седеше на клупата на неколку клубови од Јужна и Северна Америка, а најмногу успеси имаше со мексиканскиот клуб Пачука, со кој ја освои Лигата на шампионите во КОНКАКАФ во сезоната 2016/17. Беше и селектор на Уругвај на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Европската кариера почна да ја гради во 2023 година, а пред Панатинаикос краток период беше тренер на Севиља.


Вардар загуби и од Брера и го презеде „фенерот“ во Првата лига

Денес на македонските фудбалски терени се играа натпревари од 12. коло во Првата лига.

Во нив се сретнаа и екипите на Вардар и Брера кој беше од исклучителна важност за „црвено-црните“ кои на крајот го загубија натпреварот и сега се последен тим на табелата со ист број на бодови (8) со тимот на Тиквеш.

Брера на Арената во Скопје во еден натпревар во кој и Вардар имаше свои шанси успеа да слави победа од 0-1 Најголемата прилика за Вардар ја пропушти Горан Закариќ кога со глава шутраше од петерецот, но Купанов со еден од најдобрите интервенции сезонава успеа да го спаси својот гол.

Моментот на одлука се случи во 19. минута кога по едно истрчување на Гачевски Ивковиќ успеа да ја погоди мрежата за гол со кој донесе важни три бода.

Лидерот Работнички не успеа да слави во Кратово каде што одигра 1-1 со Силекс, па така Шкендија која ја оправда фаворитската улога против Беса славејќи победа од 2-1 дојде на само еден бод од врвот.

Во останатите натпревари Воска го изненади Шкупи и победи со 3-1, Струга во финишот го скрши Тиквеш со триумф од 0-1, додека Гостивар и Пелистер одиграа без погодоци.


Изненадувачки фаворит за „Златната топка“ за следната година

Роберт Левандовски е прогласен за фаворит за освојување на Златната топка во 2025 година. Спортскиот интернет портал „Goal“ состави листа на главните претенденти за освојување на наградата следната година. Полскиот напаѓач на Барселона се наоѓа на првото место.

Комплетната листа на „Гол“ изгледа вака:

  1. Роберт Левандовски (Барселона)
  2. Ламин Јамал (Барселона)
  3. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
  4. Ерлинг Халанд (Манчестер сити)
  5. Рафиња Дијаз (Барселона)
  6. Хари Кејн (Баерн)
  7. Мохамед Салах (Ливерпул)
  8. Килијан Мбапе (Реал Мадрид)
  9. Педри (Барселона)
  10. Букајо Сака (Арсенал)
  11. Флоријан Вирц (Баер Леверкузен)
  12. Кол Палмер (Челзи)
  13. Кристијан Пулишиќ (Милан)
  14. Мајкл Олисе (Баерн)
  15. Џамал ​​Мусиала (Баерн).

Половичен учинок за македонските фудбалерки на пријателските натпревари

Македонската женска репрезентација одигра два натпревари против Молдавија во рамки на тренинг кампот во Банско, Бугарија (21 – 29.октомври). Нашата најдобра женска селекција славеше со 1-0 на првиот меч со гол на Улза Максути, додека молдавките со истиот резултат запишаа победа на реванш натпреварот.

А репрезентација и селекторот Андов го искористија овој ФИФА прозорец за подготовка за квалификацискиот циклус заженската Лига на нации и Европските квалификации за 2026 година кој започнуваат во февруари следната година, а извлекувањето на групите е закажано на 7. ноември во Нион, Швајцарија.

На тренинг кампот во Банско, македонската женска селекција до 19 години одигра два меча против домашната репрезентација. Бугарија славеше со 1-0 на воведниот и 3-0 на вториот натпревар. Репрезентацијата на Астрит Мерко се подготвува за квалификацискиот турнир во Португалија од 27 ноември до 3 декември во лига А, рунда 2.


Одегард пред враќање во тимот на Артета

Мартин Одегард наскоро ќе се врати во тренажен процес кај Микел Артета.

Во септември норвешкиот играч од средниот ред го повреди скочниот зглоб, а и покрај тоа што не беше со тимот, Арсенал донекаде го задржа чекорот во Премиер лигата со Манчестер Сити и Ливерпул кои се на првите две места на рангирањето.

„Одегард тренира последните неколку недели. Интензитетот на тренинзите се зголемува и искрено се надевам дека ќе биде целосно подготвен, можеби и пред репрезентативната пауза“, изјави Артета.

Ова би требало да значи дека има шанси 25-годишниот Одегард да игра на 10 ноември кога Арсенал гостува кај Челзи во 11. коло од Премиер лигата.

Арсенал е на третото место и има 18 бодови. Пред него се Манчестер Сити со 23 и Ливерпул со 22 бода.


Слот го носи Матата на „Енфилд роуд“

Ливерпул е силно заинтересиран за напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, пренесуваат англиските медиуми/

Французинот покажа одлична форма минатата сезона, кога во 39 натпревари во сите натпреварувања постигна 19 голови и имаше пет асистенции.

Неговата вредност во моментов е 20 милиони фунти, а договорот му е до летото 2026 година.

Ливерпул веќе подолго време ги следи неговите настапи и сака на лето да го доведе на „Енфилд“.


Атлетико Минеиро е прв финалист на Копа Либертадорес

Атлетико Минеиро е првиот финалист на најпрестижниот јужноамерикански клупски фудбалски турнир, Копа Либертадорес. Бразилската екипа ја елиминираше Ривер Плата по ремито без голови во реваншот од полуфиналето и го доби дуелот благодарение на победата од 3-0 во првиот натпревар.

Речиси 85.000 гледачи создадоа феноменална атмосфера на Естадио Монументал во Буенос Аирес, но не можеа да му помогнат на Ривер да ја анулира негативата од првиот натпревар и Атлетико успеа да извлече поволен резултат.

Противникот на Атлетико Минеиро во финалето на Копа Либертадорес ќе биде познат вечерва откако ќе биде одигран реванш полуфиналниот натпревар во кој ќе се сретнат уругвајскиот Пењарол и бразилскиот Ботафого. Во првиот натпревар Ботафого победи со 5:0 и само чудо може да го спречи тимот од настап на првото финале на тимот во ова натпреварување.

Финалето на Копа Либертадорес ќе се игра на 30 ноември.


Валенсија бара одложување на натпреварот од Купот на Кралот

Валенсија побара од шпанската фудбалска федерација да го одложи натпреварот од Купот на Кралот против Парла Ескуела во Мадрид кој треба да се игра вечерва, откако во поплавите во југоисточниот дел на земјата загинаа неколку луѓе, а властите препорачаа да се избегнуваат несуштинските патувања, објави Ројтерс.

Метеоролошката агенција АЕМЕТ во вторникот прогласи црвен аларм во источна Валенсија, додека пожарникарите спасуваа луѓе затрупани во надојдените води од бурата Дана.

„Клубот смета дека одложувањето е најсоодветната мерка поради сериозните последици од Дана кои ги доживуваме во провинцијата Валенсија“, напишаа од клубот на својот профил на платформата Х.

Валенсија, која е на дното во Примера, во сабота треба да му гостува на Реал Мадрид.


Елмас асистент, РБ Лајпциг во осминафиналето на Купот

Бундеслигашот РБ Лајпциг на домашен терен славеше против Сент Паули со 4-2 и со тоа оствари пласман во осминафиналето од германскиот Куп.

Елмас беше на клупата за резерви и во игра влезе во 76-та минута, но имаше запазен настап.

Емлас беше дел од акцијата на четвртиот гол и му асистираше на Нуса.