фудбал

Де Ла Фуенте со изменет состав тргнува во Лигата на нации

Селекторот на европскиот фудбалски шампион Шпанија, Луис де
ла Фуенте, го објави списокот на играчи за претстојните
натпревари во Лигата на Нации и дуелот против Србија на 5.
септември во Белград.
На списокот на Де ла Фуенте се следните фудбалери:
Голмани:
Раја, Ремиро, Роберт Санчез
Одбрана:
Карвахал, Мингеза, Ле Норман, Вивијан, Лапорт, Пау Торес,
Кукуреља, Грималдо
Среден ред:
Родри, Зубименди, Пепелу, Фабијан Руиз, Алеиш Гарсија, Олмо,
Педри.

Напад:
Јамал, Феран Торес, Нико Вилијамс, Јереми Пино, Ојарзабал,
Хоселу, Ајозе Перез


Постигнат договор, Амрабат се сели во Фенербахче

Фенербахче и Фиорентина го договорија трансферот на Софијан
Амрабат кој патува во Истанбул да го потпише договорот.
Се работи за позајмица со обврска за целосен откуп., а
Фенербахче ќе плати вкупно 18 милиони евра.
Најпрво 2 милиони евра за позајмица, а потоа мора уште 13
милиони евра за целосен откуп, ќе плати и 3 милиони евра за
бонуси. Амрабат ќе потпише четиригодишен договор.


Арсенал нема да достави понуда за Ѓокереш

Челниците на фудбалскиот состав Арсенал нема да испратат понуда до  напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, иако Швеѓанецот во континуитет се поврзуваше со трансфер кај „топчиите“.  

Проблем е неговата цена која се движи околу 100 милиони евра. 26-годишниот напаѓач во претходната сезона одигра точно 50 натпревари во сите конкуренции.

Тој запиша 43 гола и 15 асистенции.


Пропадна трансферот на Лукман во ПСЖ

Адемола Лукман изгледа дека ќе остане во Аталанта иако имаше најави дека ќе се пресели во францускиот Пари Сен Жермен, објави денес „Тутомеркато“.

26-годишниот фудбалер од Нигерија се поврзуваше и со Арсенал но, очигледно нема да направи трансфер ниту во Англија.

Напаѓачот ќе му биде на располагање на тренерот, Гасперини за викенд мечот со Милан во рамките на Серија А.


Уште двајца српски репрезентација откажаа за стартот на Лигата на нации

По неодамна објавениот поширок список на играчи на кои смета селекторот Драган Стојковиќ за претстојните натпревари против Шпанија и Данска, конечниот список на Србија ќе биде објавен во петок на 30. август.

Душан Влаховиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ од непознати причини ќе го прескокнат септемврискиот циклус на натпревари.

Иако Пикси тврди дека нема проблеми, медиумите во Србија на големо шпекулираат дека ниту Влаховиќ има „семејсни причини“, ниту Митровиќ и Савиќ се повредени, а причината била незадоволство од работата на Пикси на Европското првенство.


Де Јонг не е спремен, веројатно мора на нова операција

Играчот од средниот ред на Барселона,Френки де Јонг, се уште не може целосно да се опорави од тешката повреда која ја доби пред неколку месеци на дербито со Реал Мадрид.

Во април годинава Холанѓанецот се повреди по дуелот со Валверде, а повредата го спречи да учествува и на ЕП 2024.

Иако оттогаш поминаа неколку месеци, Де Јонг се уште чувствува болки во скочниот зглоб и не може да тренира. Во моментов медицинскиот штаб на Барселона спроведува конзервативен третман на фудбалерот, но се чини дека ситуацијата не оди најдобро. Де Јонг ќе мора да оди на операција за целосно да се реши проблемот.


Рамсдејл пред потпис со Саутемптон

Голманот Арон Рамсдејл е на чекор до заминување од Арсенал. Уште синоќа „Скај Спортс“ објваи дека Саутемптон се договорил со „топчиите“ да го ангажира голманот за 18 милиони фунти плус дополнителни 7 милиони фунти како бонуси. Страните ги продолжуваат преговорите за другите аспекти од договорот и се оптимисти дека до крајот на оваа недела договорот ќе биде потпишан.

Рамсдејл се уште нема играно во Премиер лигата оваа сезона, а минатата сезона забележа само шест настапи. Тој самиот инсистираше да си замине, откако го загуби местото на голот на Арсенал, па сега таа желба се чини ќе му биде исполнета.


Влаховиќ одби да игра за српската репрезентација во Лигата на нации

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, нема да биде дел од репрезентацијата на Србија на почетокот на новото издание од Лигата на Нации каде Србите ќе играат против Шпанија и Данска во септемврискиот циклус.

Влаховиќ преку својот Инстаграм профил потврди дека нема да настапи за Србија.

„Денес го известив стручниот штаб дека од семејни причини нема да бидам во можност да одговарам на повикот на селекторот за претстојните натпревари од Лигата на Нации против Шпанија и Данска“, објави Влаховиќ.

Сепак сите се прашуваат дали има нешто многу подлабоко во одбивањето на повикот на Влаховиќ. На 5-ти септември, Србија ќе го пречека европскиот првак Шпанија во Белград, а три дена подоцна ќе и гостува на Данска.


Копмајнерс конечно потпиша за Јувентус

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус од Торино го официјализираше најголемото засилување , а тоа е Холанѓанецот Теун Копмајнерс доаѓа од редовите на Аталанта.

Играчот за врска потпиша договор со „старата дама“ на пет години и за услугите на Копмајнерс екипата од Торино ќе плати 51,3 милиони евра како основна сума на трансферот.


УЕФА ќе го дарува рекордерот во ЛШ – Кристијано Роналдо

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека ќе му додели посебно признание на Кристиано Роналдо за богатото наследство кое го остави во текот на своите настапи во Лигата на шампионите.

Роналдо има 140 гола во 183 натпревари во ЛШ со дресовите на Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Кристиано ќе ја добие наградата во четврток во Монако за време на церемонијата за ждрепката за Лигата на шампионите, која ќе биде во нов формат – лига со учество на 36 екипи.

„Кристиано Роналдо е една од најголемите ѕвезди во соѕвездието на Лигата на шампионите. Неговите неверојатни голови во турнирот ќе го издржат тестот на времето и ќе остават голем предизвик за идните генерации да го достигнат“, изјави Чеферин.