фудбал

Хименез доби нов договор на „Ванда Метрополитано“

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ја продолжи соработката со еден од најважните играчи во екипата, дефанзивецот, Хосе Марија Хименез.

Уругавецот веќе една деценија го носи „црвено-белиот дрес“, односно со најдовиот договор тој треба да остане на „Ванда Метрополитано“ до 2028 година. Хименез е вистински лидер на одбраната на „душекџиите“, вистиски воин кој совршено се совпаѓа во филозофијата на тренерот Диего Симеоне.

Тој во оваа средина дојде од Данубио. Оваа сезона има одиграно пет натпревари во сите натпреварувања.

Лампард одби да го преземе Глазгов Ренџерс


Интер преговара и со помладиот син на Лилијан Турам

Интер ова лето го доведе Маркус Турам, кој одлично се вклопи во тимот, а сега е заинтересиран за неговиот брат, Кефрен Турам. Двајцата се синови на легендарниот Лилијам Туран, а Кефрен игра во Ница и важи за еден од најголемите француски таленти.

22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Интер сака да ја победи конкуренцијата, а клучна улога може да одигра неговиот брат Маркус Турам и да го убеди да му се придружи на „Џузепе Меаца“.


Гвардиола го обнови интересот за Пакета

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета.

Пакета блесна во дресот на Лион и минатото лето направи трансфер во Вест Хем за 50 милиони евра. Бразилецот одигра одлична сезона и Гвардиола се обиде да го донесе пред крајот на преодниот рок, но Сити не беше спремен да плати 100 милиони фунти колку што бара Вест Хем.

„Граѓаните“ во јануари повторно ќе се обидат да го донесат Пакета во јануари, бидејќи е најголема трансфер желба на Гвардиола.

Овој пат Сити ќе биде спремен да понуди 80 милиони фунти за потписот на Бразилецот.


Нагелсман го враќа Хумелс во германската репрезентација

По доаѓањето на Јулиан Нагелсман на кормилото на германската репрезентација, ќе се случат одредени промени.

По неуспехот со Ханси Флик, германската федерација го ангажира Нагелсман во кој веруваат дека може да ја развие репрезентацијата на едно завидно ниво. „Билд“ открива дека Нагелсман веднаш откако станал селектор на Германија, повикал еден фудбалер кој го нема веќе извесен период во репрезентацијата.

Станува збор за Матс Хумелс, кој претходно беше во милост и немилост на Ханси Флик, но сега веројатно среќата повторно ќе му се насмее.

Хумелс е столб на одбраната на Борусија Дортмунд, па со неговото враќање во репрезентацијата, се очекува Нагелсман да добие стабилност во првиот ешалон.


Сане заминува од Баерн и се сели во Шпанија

Лерој Сане летото 2020 година премина од Манчестер Сити во Баерн за оштета од 60 милиони евра.

Меѓутоа, Сане никогаш во целост не ги оправда очекувањата на „Алијанц Арена“. Тој самиот не е задоволен од статусот во тимот, па сака на лето да ја промени средината. Сане има договор со 2025 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Баерн е спремен да слушне понуди.

Најсилен интерес за 27-годишниот Германец покажуваат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Агентот на Сане веќе имал контакти со двата клуб и дал зелено светло за трансфер во Шпанија.


ПСЖ му нуди трампа на голмани на Милан

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за голманот на Милан и француската репрезентација, Мајк Мењан.

Мењан потекнува од школата на ПСЖ, во моментов е прв голман на француската репрезентација и „светците“ нема да жалаат пари на лето да го донесат во Париз. Мењан се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот, а во ПСЖ не се задоволни од Донарума, кој пристигна од Милан како слободен агент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ сега е спремен на Милан да му го понуди Донарума и 50 милиони евра за Мењан, меѓутоа тешко е да се поверува дека миланскиот клуб ќе прифати таква трампа.


Меси меѓу кандидатите за МВП на сезоната во МЛС лигата

Иако за Интер Мајами одигра само четири натпревари во првенството, најдобриот фудбалер во историјата Лионел Меси е номиниран за МВП на сезоната и за дебитант на годината во МЛС.

На сите им е јасен ефектот на аргентинскиот ас во американскиот фудбал и зголемувањето на популарноста на МЛС, но се чини дека тој нема доволен фонд натпревари за да го добие ова признание. Повеќе натпревари одигра во куповите каде што и освои еден трофеј, отколку во МЛС, но сепак, таква е проценката на луѓето од лигата.

Во моментов Меси е повреден и неизвесно е дали воопшто ќе се врати во тимот на Интер Мајами до крајот на сезоната во која клубот од Флорида има уште три натпревари.


Смолинг заздравува, се очекува на теренот кон крајот на октомври

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, се надева дека искусниот дефанзивец, Крис Смолинг, ќе успее пред време да ја санира повредата на тетивата и дека набрзо ќе се врати на терените.

Англискиот интернационалец е во процес на рехабилитација повеќе од еден месец или гледано од дербито со Милан.

„Кориере дело Спорт“ наведува, дека Смолинг веројатно нема да игра в недела на мечот со Калјари. Неговото враќање на теренот се очекува на средбата против Монца на 20 октомври.


Халанд ќе добие зголемување на платата во Сити

Manchester City’s Erling Haaland celebrates after scoring his side’s third goal during the English Premier League soccer match between Manchester City and Manchester United at Etihad stadium in Manchester, England, Sunday, Oct. 2, 2022. (Martin Rickett/PA via AP)

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе му понуда нов договор на голгетерот Ерлинг Халанд до 2028 година, наведува денес весникот „Дејли Мејл“.

Норвешкиот репрезентативец ќе добие зголемување на платата до 400.000 фунти неделно и значителни бонуси. Актуелниот договор на напаѓачот со „граѓаните“ е до 2027 година.

Тој беше купен минатата година од Борусија Дортмунд. Халанд има 42 настапи и 44 голови во Премиер лигата.


Фановите на Интер му спремаат „жежок пречек“ на Лукаку

Ромелу Лукаку нема да биде пријателски дочекан на гостувањето во Милано кога Рома ќе игра против Интер.

Навивачите на Интер никогаш нема да му го простат предавството на Белгиецот, па одлучиле да го дочекаат со 50.000 свирчиња.

„Датумот 29 октомври би требало со црвена боја да го заокружиме во календарите и така да бидеме спремени да направиме да слушне колкуни се гади што ни го сврте грбот на најсрамниот можен начин. Покажа дека е мал човек и дека не се држи до своите зборови.

Го браневме додека беше тука, а тој ни го сврте грбот. Пред натпреварот против Рома ќе бидат поделени 50.000 свирчиња кои ќе ги користиме секогаш кога ќе ја допре топката“,  стои во соопштението на ултрасите на Интер.