фудбал

Де Лаурентис: Заминувањето на Спалети беше голема грешка

Аурелио Де Лаурентис е познат како човек кој не ги убедува и задржува да останат оние кои не сакаат, таков беше случајот и со Лучијано Спалети.

На крајот од минатата сезона, Спалети одлучи дека е изморен и истрошен по освоената историска титула со Наполи и одлучи да си замине. Заминувањето на Спалети беше изненадување затоа што тој има ја донесе титулата по 30 години чекање.

Во последното интервју Де Лаурентис открива дека многу лесно можел да го задржи Спалети бидејќи во неговиот договор имало клазула за продолжување на соработката до 2025 година. Место тоа тој одлучил да разговара со Спалети, а на крајот му дозволил да замине.

„Јас сум одговорен за заминувањето на Спалети, направив голема грешка. Договорот беше добар, ист како што имаше Рафа Бенитез. Во него имаше опција за продолжување и можев да ја активирам во секој момент. По трите натпревари со Милан минатата сезона му испратив порака дека ќе ја активирам. Сите ми зборуваа дека треба да го направам тоа, но јас воопшто не очекував дека Спалети ќе дојде кај мене на 12-ти мај и ќе ми каже дека сака да одмори.

Од денешен аспект се обвинувам што го дозволив тоа. Ако ја активирав опцијата тој ќе останеше, ќе имаше можеби правен спор, но морав да останам верен на тоа што го потпишав. Спалети сметаше дека дал се што има за тимот. Сепак, моите претпоставки се дека веќе имал направено контакти со репрезентацијата, но не можам да го тврдам тоа. Ми кажа дека е изморен, а потоа ја преземе репрезентацијата за мене тоа е контрадикторно“, изјави Де Лаурентис.


Белгиецот Муние потпиша за Трабзонспор

Eден од најголемите трансфери во Турција оваа зима го заврши клубот на македонскиот репрезентативец, Енис Барди, Трабзонспор.

Тимот кој има високи цели во турскиот шампионат го доведе Томас Муние, фудбалер кој сезонава го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Муниер со „милионерите“ потпиша договор на 18 месеци. На белгискиот фудбалер му истече договорот во јуни и се очекуваше да замине на лето, меѓутоа одлучено било уште ова зимо да ја напушти Борусија.

Муние никогаш не успеа да направи нешто поголемо во Борусија Дортмунд од неговото доаѓање од Пари Сен Жермен уште 2020 година. На 83 натпревари постигна три гола и подели осум асистенции.

Борусија одлучи да се раздели со него најмногу поради неговата плата која изнесува дури четири милиони евра и претставуваше товар на буџетот.


Барса го сака Митома од Брајтон, во трансферот ќе го вклучи Ансу Фати

Барселона е сериозно заинтересирана за ѕвездата на Брајтон и јапонски репрезентативец, Каору Митома.

Скаутите на Барселона веќе подолго време го следат 26-годишниот Јапонец, кој оваа сезона блеска во Премиер лигата.

Англиските гиганти исто така го сакаат Митома, но Барселона има адут како да ја победи конкуренцијата, а тоа е Ансу Фати.


Јунајтед спремен да испрати понуда за Кимих


Гигантите бараат намалување на екипите во Серија А

Трите најголеми клубови во италијанскиот фудбал – Милан, Јувентус и Интер – имале заеднички состанок на кој се разговарало за поведување иницијатива за намалување на бројот на тимови во Серија А од почетокот на сезоната 2025-2026.

„Тутоспорт“ пренесува дека во понеделникот раководствата на Интер, Јуве и Милан се сретнале во седиштето на „нероаѕурите“ во Милано. На овој состанок се донесени заклучоци за потребата да се намали бројот на прволигаши од 20 на 18 од почетокот на сезоната 2025-2026.

По состанокот идејата им била претставена на останатите клубови и добила различни ставови. За предлогот да биде прифатен потребни се 14 гласа. Во рок од една недела Италијанската фудбалска федерација ќе го претстави проектот за реформа на италијанскиот фудбал, по што ќе се гласа за да се донесе одлука и по ова прашање.


Ливерпул во сабота руши сопствен рекорд

Саботниот натпревар на Ливерпул против Барнли на “Енфилд“, влегува во историјата на славните “Црвени“.

Екипата предводена од Клоп, на домашен терен се очекува да биде бодрена од 60 илјади навивачи, откако заврши реновирањето на трибината “Anfield Road End“.

Во историјата на клубот е запишано дека досега најмногу гледачи во Премиер лигата на Енфилд имало во 1949 година, кога дуелот против Челзи го следеле 58.757 гледачи.


Варан го менува Јунајтед со Ал Наср

Манчестер Јунајтед одлучи да не ја активира опцијата за продолжување на договорот со Рафаел Варан за дополнителни 12 месеци.

Тоа значи дека дефанзивецот на лето може да го напушти „Олд Трафорд“, бидејќи неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната.

Во Јунајтед процениле дека платата од 340 илјади фунти неделно е преголем товар со оглед на бројните повреди, лошата форма и несогласувањата со менаџерот Ерик Тен Хаг.

Таквата ситуација сака да ја искористи Ал Наср, па саудискиот клуб му нуди плата од 50 милиони евра годишно за да го доведе во своите редови.

Клучна улога во трансферот може да има Кристиано Роналдо, кој е добар пријател со Французинот и го убедува да му се придружи во Ал Наср.


Ајван Тони во јуни заминува од Брентфорд

На една година пред истекот на договорот напаѓачот Ајван Тони ќе го напушти Брентфорд. Тони ќе го напушти клубот во летото кое следи, потврди менаџерот на Брентфорд, Томас Франк.

„Очигледно е дека ќе се разделиме. Него му истекува договорот летото 2025 година и најверојатно ќе биде продаден на лето. Оваа зима имавме многу понуди за него и ќе бидам изненаден ако во јули нема и повеќе. Мислам дека во овој момент не постојат многу напаѓачи кои се подобри од него“, изјави Франк.

Тони има 27 години и за Брентфорд игра од 2020 година, досега настапи на вкупно 113 натпревари во кои постигна 65 голови. Зад себе има и еден настап во репрезентацијата на Англија.

Но, во прашање е и контроверзна личност, неодамна се врати на терените по суспензијата од осум месеци поради обложување на натпревари во кои и самиот играл. Минатото лето се шпекулираше дека Арсенал е заинтересиран за неговите услуги, а останува да видиме во наредниот период кои клубови ќе се борат за неговиот потпис.


Лука Станковски позајмен во турскиот второлигаш Тузласпор

Македонскиот интернационалец Лука Станковски заминува на нова позајмица од редовите на Газиантеп.

Офанзивниот играч за врска до крајот на сезоната ќе настапува за турскиот второлигаш Тузласпор. Станковски во потрага по минутажа пак замина од елитата во Турција, а во претходната сезона запиша само три настапи во првенството и купот за Газиантеп.

Ова е втора позајмица за 21-годишникот од Газиантеп, откако ланската втора полусезона играше за словенечка Горица.


Јунајтед бара нов дефанзивец: Бремер или Тодибо опции на пазарот

Новиот сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф веќе подготвува планови за освежување на тимот во текот на летото. Тој сигурно ќе вложи сериозни инвестиции за засилување на составот за следната сезона, бидејќи според информациите милијардерот веќе ја добил и првата приоритетна цел.

Станува збор за дефанзивецот на Јувентус, Глисон Бремер. 26-годишниот Бразилец има уште една силна сезона во тимот на „бјанконерите“ и тоа го привлече вниманието на Ретклиф, кој во него гледа решение за проблемите на „црвените ѓаволи“ во центарот на одбраната. Сепак, газдата ќе мора да ги олабави ќесето бидејќи играчот неодамна потпиша нов договор и неговата цена е над 70 милиони евра.

Покрај тоа што е заинтересиран за Бремер, Манчестер Јунајтед веќе подолго време е поврзуван и со дефанзивецот на Ница, Жан-Клер Тодибо.