фудбал

Алмеида го носи Ламела во АЕК Атина

Aргентинскиот фудбалер Ерик Ламела според последните најави кариерата ќе ја продолжи во Грција во тимот на АЕК.

Договорот на Ламела со Севиља заврши и тој во овој момент е слбооден агент, па одлучил да ја прифати понудата која пристигнала од Грција. Најавите се дека 32-годишниот фудбалер ќе потпише договор на три години со плата од 2.5 милиони евра по сезона.

Во клубот доаѓа како желба на тренерот Матиас Алмеида кој е негов сонародник. Во Европа Ламела дојде од Ривер, а играше уште за Рома и Тотенхем каде што се задржа осум години. Во последните три сезони беше дел од Севиља.


Наполи го претстави Алесандро Бонџорно

Наполи го промовираше засилување во одбраната и потпиша договор со еден од најпреспективните стопери во Серија А.

Алесандро Бонџорно е нов играч на Наполи и тој доаѓа од редовите на Торини. Наполи за неговите услуги ќе плати сума од 35 милиони евра. Договорот кој го потпиша дефанзивецот со клубот од Неапол е со важност до 2029 година.

Бонџорно е трето засилување за тимот на Антонио Конте. Претходно пристигнаа Рафа Марин, исто така стопер за 12 милиони евра и левиот бек Спинацола за кого Наполи не плати оштета.


Јунајтед го сака Чави Симонс на позајмица од ПСЖ

Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата да го земе со позајмица 21-годишниот офанзивен играч за врска на ПСЖ, Чави Симонс, објави „Мирор“.

Се нагласува дека фудбалот што го демонстрира Симонс му се допаѓа на тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.

„Ми се допадна Чави Симонс во играта со Англија во полуфиналето на ЕП 2024. Неговиот нагон, страста со која постигнува голови и реагира на ситуации на теренот е на високо ниво. Дури и не е навистина холандски. Можете да го видите ова, бидејќи тренираше во странство. Речиси има јужноевропска истрајност во неговото играње“, рече Тен Хаг.

Да потсетиме дека минатата сезона Симонс играше за РБ Лајпциг како позајмен. Учествуваше на 43 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 10 голови и 13 асистенции.


Милан го сака Абрахам од Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран
за напаѓачот на Рома, Таму Абрахам.
Абрахам пристигна во Рома пред три години и доживеа целосна
афирмација, но пропушти поголем дел од минатата сезона
поради повреда.
Сега сака да ја промени средината, а Рома нема ништо против
неговото заминување и е спремна да слушне понуди.
Милан веќе започнал преговори со Рома и верува дека Абрахам
ќе биде идеална замена за Жиру, а Англичанецот е отворен за
преселба на „Сан Сиро“.


Милан и Салзбург преговараат за Страхиња Павловиќ

Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави
дека српскиот дефназивец, Страхиња Павловиќ е во напредни
преговори со Милан.
Милан покажува сериозен интерес за дефанзивецот и веќе се
договорил со неговиот менаџер,па сега почнал преговори со
Салцбург.
Во дресот на Салзбург Павловиќ одигра одлична сезона, а и
покрај елиминацијата на Србија од Европското првенство тој
остави одличен впечаток.
Павловиќ има договор со Салцбург до 2027 година, а се очекува
Милан за неговиот потпис да плати 20 милиони евра.


Касемиро се сели од Манчестер во Саудиска Арабија

Бразилскиот репрезентативец Касемиро сака ова лето да го
напушти „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед исто така ја разгледува можноста да го
продаде Бразилецот и да заработи на негово заминување.
Најсилен интерес за Касемиро покажуваат клубовите од Саудиска
Арабија, а Бразилецот е отворен за таков трансфер.
Ал Итихад испратил понуда која Касемиро не може да ја одбие, а
сега преговара со Манчестер Јунајтед.


Железничар го претстави Матеј Цветановски

Македонскиот крилен напаѓач, Матеј Цветаноски од денес и
официјално е нов играч на Железничар од Сараево. Како што
потврдија од босанскиот клуб, Цветановски потпиша двегодишен
договор.
Последната полусезона Цветановски ја помина во Брера
Струмица, откако претходно настапуваше и за Македонија,
Пелистер, Вардар, Шкупи, унгарски Ѓирмот и албански Партизани.
Во изминатата сезона одигра 25 натпревари за Брера, каде
постигна четири гола и додаде четири асистенции.


Балотели изненадувачки потпишува за Коринтијанс

Италијанскиот напаѓач, Марио Баолтели е пред договор со новиот
клуб.
Контроверзниот голгетер наводно се договорил со бразилскиот
клуб Коринтијанс, објави новинарот Руди Галети.
Според најавите Балотели ќе потпише договор на две години и ќе
заработува три милиони евра по сезона. Последен клуб на
Балотели беше турска Адана која ја напушти во јуни.
Во Коринтијас би требало да заработи три милиони евра по
сезона.


Санчо по секоја цена сака да потпише за Јуве

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец,
Џејдон Санчо веќе ја избрал следната дестинација. Санчо оваа
сезона ја помина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде ја
оживеа кариерата, но нема намера да се врати во Манчестер
Јунајтед,
Јунајтед за неговата слобода бараат 40 милиони евра, па многу
клубови покажуваат интерес за неговиот потпис.
Санчо ги одбил понудите од Премиер лигата и од турските
клубови, затоа што ја прифатил понудата на Јувентус.
Јувентус го стави на продажба Федерико Киеза и како негова
замена сака да го доведе Англичанецот, кој е на излезна врата од
„Олд Трафорд“.


Палмер: Финалето ќе ги промени нашите животи