фудбал

Милевски: Секој гол и бод во овој циклус е многу значаен

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, повика на максимален пристап на претстојните средби од Лигата на нации.

Во ова издание секој бод и секој гол е важен. Секој натпревар го почнуваме со цел да победиме и да ги намалиме грешките кои што се неизоставен дел од секој дуел. Победа е императив на мечот со Летонија, но очекувам многу потежок натпревар од тој во Рига. Свесни за важноста на овие два натпревар и главна цел ни е да останеме на првата позиција, изјави Милевски.

„Црвено-жолтите“ на 14 ноември ќе играат со Летонија, три дена подоцна се среќаваат со Фарски Острови.

Двете средби ќе се играат во Скопје.


Канатларовски избра У21 репрезентативци за двомечот со Косово

Младата репрезентација на Македонија до 21 година (фудбалери родени 2004 и 2005 година) во ноември ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Натпреварите ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Селекторот Драган Канатларовски се одлучи за нова генерација и фудбалери кои ветуваат во ПМФЛ и во странство.

Голмани:
Љупче Џеков (Силекс)
Васко Василев (Гостивар)
Стефан Јовановски (Славија Прага, Чешка)

Одбрана:
Даниел Маркоски (Хелсинборг, Шведска)
Борјан Поповски (Беласица)
Анес Мелиќи (Шкендија)
Давид Даилоски (Венло, Холандија)
Малик Хамзиќ (Гостивар)
Ѓорѓе Џеков (Силекс)
Нуман Ајетовиќ (Шкупи)
Ардиан Османи (Цирих, Швајцарија)
Џеладин Амедоски (Сион, Швајцарија)
Бенан Хамидовиќ (Магдебург, Германија)

Среден ред:
Матеј Ангелов (Черкаси, Украина)
Адриан Зенделоски (Олимпик)
Теодор Николовски (Работнички)
Шенол Демировски (Удинезе, Италија)
Мартин Ѓорѓиевски (Брера)
Рајан Бабери (Стандард, Белгија)
Леон Тасов (Мунстер, Германија)
Шабан Зенку (Струга Трим Љум)
Димитар Данев (Работнички)
Донарт Ибраими (Воска)
Бесар Гуџуфи (Шкупи)
Беким Камбери (Струга Трим Љум)

Нaпад:
Никола Величковски (Септември, Бугарија)
Матеј Момчиловски (Оријент, Хрватска)
Михаил Талевски (Пелистер)

Првиот натпревар ќе биде одигран на 14 ноември со почеток во 13:00 часот. На 17 ноември на програмата е втората контролна пресметка во 12:00 часот.


Милевски со проверени сили и неколку надежи против Летонија и Фарски Острови

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија (14 оември) и против Фарски Острови (17 ноември) од Лига на Нации. Двата меча ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонската репрезентација по четири круга во групата од Лига на Нации е на првото место со 10 освоени бода.

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните фудбалери:

Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Работнички
Марко Алчевски – Хапоел Ерусалим (Израел)

Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов- Фехервар (Унгарија)
Јован Манев – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан Алиоски – Ал-Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан Димоски – Акрон Тољати (Русија)
Стефан Ашковски – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко Зајков – Крајова (Романија)
Андреј Стојчевски – Жилина (Словачка)
Бехар Фета – Домжале (Словенија)
Дарко Велковски

Среден ред:
Енис Барди – Трабзонспор (Турција)
Јани Атанасов – Краковија (Полска)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими – Сепси (Романија)
Давид Бабунски – Данди Јунајтед (Шкотска)
Сефер Емини (Сондерјиске (Данска)

Напад:
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлинов – Јагиелонија (Полска)
Александар Трајковски – Хајдук (Хрватска)
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски (Вараждин, Хрватска)
Кристијан Трапановски (Данди Јунајтед, Шкотска)


Еквадорецот Замбрано суспендиран заради допинг

Фудбалерот на Хал Сити, Оскар Замбрано е суспендиран поради прекршување на антидопинг правилата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Замбрано и неговите адвокати ќе се жалат на одлуката, се наведува на веб-страницата на Хал Сити.

Замбрано во август годинава дојде во Хал Сити како позајмен од еквадорскиот ЛДУ Кито, а оттогаш одигра осум натпревари и постигна еден гол за англискиот клуб.

„ЛДУ Кито ќе продолжи да го поддржува играчот во овој случај и убедени сме дека тоа ќе биде решено на најдобар начин“, се вели во соопштението на еквадорскиот клуб.

Хал Сити, кој стигна до финалето на ФА Купот во 2014 година, се наоѓа на 15. место на табелата во англиското првенство со 15 бодови.


Анчелоти: Нашите проблеми се тимски, а не индивидуални

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по синоќешниот пораз (1-3) од Милан проговори за проблемите на тимот.

„Треба да бидеме загрижени бидејќи тимот не игра добро на последните натпревари. Ни недостига цврстина. Факт е дека се браниме слабо, тимот не е доволно компактен. Мора да бидеме покомпактни, порационални. Нашата моментална ситуација не е индивидуален, туку тимски проблем. Не ја покажуваме најдобрата верзија од себе. Мораме да ја најдеме за да се бориме за сите трофеи“, изјави Анчелоти.

По вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите, Реал се наоѓа на 17. место со шест освоени бода.

Милан е 18-ти исто така со шест бода од четири натпревари.


Леванте и Валенсија бараат одложување на натпреварите и овој викенд

Валенсија и Леванте побараа одложување на натпреварите од шпанската лига овој викенд по разорните поплави во регионот, објавија двата клуба.

Повеќе од 200 луѓе загинаа откако поројниот дожд минатата недела предизвика излевање на реките, создавајќи поплави кои ги зафатија предградијата јужно од градот Валенсија.

„Помина само една недела од временската катастрофа и ситуацијата и понатаму е многу сериозна“, се вели во соопштението на Валенсија.

Тимот треба да игра против Еспањол во Ла Лига во сабота, додека Леванте ќе биде домаќин на Тенерифе во недела во Сегунда дивизија. Минатата недела сите фудбалски натпревари во земјата почнаа со едноминутно молчење во спомен на загинатите во поплавите.


Сити првпат по четири години загуби четири натпревари по ред

За првпат по пауза од повеќе од четири години, Манчестер Сити го загуби третиот натпревар во низа. Избраниците на Пеп Гвардиола синоќа загубија од Спортинг на гости во натпреварот од Лигата на шампионите (4-1).

Пред ова, „граѓаните“ загубија од „Тотенхем“ во англискиот Лига куп и од Борнмут во Премиер лигата со ист резултат – 1.

Последен пат Манчестер Сити загуби три натпревари по ред во април 2018 година.


Адеми и Ристовски слават, Динамо го победи првакот на Словачка во гости

Со убедливите победи на Динамо Загреб и ПСВ Ајндховен започна четвртото коло во Лигата на шампионите. Динамо, во Братислава го победи Слован со 4-1, а ПСВ славеше во дуелот со Џирона.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми играше од 63.минута во Братислава каде Динамо го победи Слован.

По дебаклот во првото коло од Баерн, Динамо одигра нерешено со Монако и славеше над Салцбург и Слован. Прв пат од далечната 1998 година Динамо забележа две победи по ред во ЛШ, а прв пат во историјата „модрите“ во ЛШ победија на два последовни натпревари.

Динамо има седум бода по четири кола и блиску е до пласман во нокаут фазата.


Милан го шокира Реал, Сити првпат загуби во Европа по две сезони

Фудбалерите на Милан го совладаа Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-3 во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Во репризата на финалето на ова натпреварување од 1958 година, „росонерите“ покажаа дека не случајно Реал неодамна доживеа убедлив пораз од Барселона во шпанското дерби.

Конечни резултати на останатите натпревари: Болоња – Монако 0-1, Борусија Дортмунд – Штурм Грац 1-0, Селтик – РБ Лајпциг 3-1, Лил – Јувентус 1-1, Ливерпул – Баер Леверкузен 4-0, Спортинг Лисабон – Манчестер сити 4-1, Реал Мадрид – Милан 1-3.


Убедлив пораз на У15 репрезентацијата од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години денес на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.

Во еден возбудлив, интересен и отворен натпревар со многу голови, противникот успеа да забележи победа со 2-4. Репрезентацијата на Србија фуриозно го отвори натпреварот и по првите 25 минути имаше убедлива предност од 0-3. Данило во втората минута од пенал го доведe противникот во предност од 0-1. Во 16. минута истиот играч постигнува нов погодок. Во 25. минута Кикиќ се запишува во листа на стрелците за убедливо водство на Србија од 0-3.

Нашите млади фудбалери по почетниот шок успеаа да ги консолидираат своите редови и во продолжението од првиот дел успеаа во краток рок од три минути да постигнат два погодоци со што ја вратија незивесноста на овој натпревар. Најпрво Спировски во 28. минута ја намали предноста, а во 31. минута и Ристиќ погоди за намалување на резултатот на 2-3.

Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше да го израмни резултатот, но не успеаа да постигне уште еден гол во противничката мрежа. Србија преку Исаков во 90. минута ги постави конечните 2-4.