фудбал

Комо пред потпис со Алберто Морено

Новиот италијански прволигаш, Комо и натаму е активен на трансфер пазарот во обид да го засили тимот за тешката сезона која му претстои во италијанската елита. Најновата вест е дека првите луѓа на Комо сега работат на трансфер на Шпанецот Алберто Морено.

Според Фабрицио Романо, италијанскиот клуб преговара со 32-годишниот поранешен дефанзивец на Ливерпул за потпис како слободен играч. Морено минатата сезона ја мина во Виљареал, по што го заврши договорот со „жолтата подморница“.

Покрај тоа, Комо напредува во преговорите со поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан.


Коман размислува за пензија од националниот тим

Француски „Л’Екип“ објави дека крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман размислува да ја заврши својата репрезентативна кариера иако има само 28 години. Откако се избори по повредата на тетивата за да го заземе неговото место во тимот на Франција на ова ЕП, Коман веројатно разочаран од резултатот размислува за повлекување.

Коман размислува за својата иднина во дресот на Франција, каде досега има 57 настапи. Еден фактор што би можел да влијае на неговата одлука е потврдата дека Дешам ќе ја води селекцијата до Светското првенство во 2026 година.


Пикси останува српски селектор по Европското првенство

Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на Србија и по неуспешниот настап на оваа селекција на Европското првенство каде испадна уште во групната фаза.

Во репрезентацијата на Србија се појавија многу скандали, се шпекулираше и дека многу ѕвезди повеќе нема да играат додека Пикси беше на клупата, но на крајот дојде до голем пресврт.

Пикси ќе ја предводи Србија во новата сезона на Лигата на нации, која започнува во септември.

Оваа одлука ќе биде потврдена на состанокот на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, кој треба да се одржи во петок.


Летексие ќе го суди финалето на Европското првенство

Французинот Франсоа Летексие ќе го суди финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија. Големата пресметка е во недела во 21 часот на „Олимпија стадион“ во Берлин.

38-годишниот судија досега на Европското првенство судеше три натпревари, Шпанија – Грузија, Данска – Србија и Хрватска – Албанија. Тој беше и четврти судија на воведниот меч меѓу Германија и Шкотска.

Помошници на Летексие ќе бидат Сирил Меуниер и Мехди Рахмуни. Четврт судија е Полјакот Шимон Марчиљњак.

Жером Брисар од Франција ќе биде на ВАР. Ќе му помагаат Вили Делаџо и Масимилијано Ирати од Италија. За резервен помошен судија е назначен Томаш Листкиевич од Полска.


Ди Марија заминува до репрезентативна пензија по финалето на Копа Америка

Ѕвездата на Аргентина, Анхел Ди Марија, објави дека финалето на Копа Америка ќе биде неговиот последен натпревар во националниот дрес.

Синоќа, Меси и друштвото стигнаа до финалниот дуел, откако во полуфиналето победија со 2-0 против Канада. Ова е второ последовно финале за Аргентина на Копа Америка.

„Не сум подготвен за мојот последен натпревар за Аргентина, но време е… Што и да се случи во финалето, мислам дека можам да излезам со високо крената глава. Дадов сè од себе“, изјави Ди Марија.

Во финалето, Аргентина ќе се соочи со победникот од второто полуфинале меѓу Колумбија и Уругвај.


Два премиерлигаши го сакаат Марк Гехи

Арсенал и Манчестер Јунајтед се на готовс откако Марк Гехи нема да го продолжи договорот со Кристал Палас, пренесе „Сан“. 23-годишниот централен бек стана клучен играч за Англија на УЕФА ЕУРО 2024 година и неговите одлични игри не останаа незабележани од најдобрите тимови на Островот.

Кристал Палас се надеваше дека ќе го задржи Гехи барем уште една сезона, откако веќе го продаде Михаел Олисе на Баерн Минхен. Другата ѕвезда на „орлите“, Еберечи Езе, кој исто така е со „трите лава“ на Европското првенство, има ослободителна клаузула од 60 милиони фунти, која Тотенхем и Манчестер Сити се подготвени да ја платат.

Гехи, кој ги започна првите четири натпревари на Англија на Европското првенство, но беше суспендиран за четвртфиналето против Швајцарија, има уште две години од неговиот актуелен договор со Палас. Но, доколку „орлите“ не успеат да го убедат да потпише повторно, би можеле да бидат принудени да го продадат ова лето, а Арсенал и Манчестер Јунајтед се сметаат за главни кандидати за неговиот потпис.

„Трансфермаркт“ го цени Гехи на 38 милиони евра.


Аргентина рутински до финале на Копа Америка

Аргентина ја оправда улогата на фаворит во првото полуфинале на Копа Америка и дојде до триумф  од 2-0 против Канада.

Резултатот го отвори Алварез со гол во 22. минута од натпреварот. По само шест минути игра во вториот дел, Лео Меси постигна гол за 2-0, што беше и кончен резултат на мечот.

Аргентина во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.


Белами нов селектор на Велс

Според информациите кои ги пренесува „Би-Би-Си“, легендата на Ливерпул Крег Белами ќе биде нов селектор на Велс.

За Белами ова ќе биде прва работа како главен тренер во сениорска конкуренција. Тој беше помошник на Компани со кого ја делеше соблекувалната во Манчестер Сити, а работеше и во младинските категории на Андерлехт.

Како фудбалер Белами беше дел од бројни англиски клубови како: Норвчич, Ковентри, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем, Манчестер Сити, Селтик, Кардиф и Ливерпул.


Стракоша потпиша за Панатинаикос

Репрезентативецот на Албанија, Томаш Стракоша кариерата по заминувањето од Брентфорд ја продолжува во Грција.

Стракоша потпиша договор на пет години со екипата на АЕК. Стрaкоша е роден во главниот град па за 29-годишниот чувар на мрежата ова е враќање дома.

Во Италија, Старкоша остави трага бранејќи за Салернитана и Лацио на 164 натпревари во кои на 48 ја сочува својата мрежа. Во редовите на Брентфорд, беше резервен голман, а во Грција пристигнува како слободен агент.


Петит: Мбапе не е достоен за капитен

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Емануел Петит го критикуваше капитенот на „галските петли“, Килијан Мбапе за неговиот настап на ЕП.

„Мбапе мора да игра на следниот меч, но само затоа што противник е Шпанија. Против Португалија беше заменет на паузата во продолженијата кога требаше многу порано да го заменат. Физички не е добро, а му пречи и скршениот нос. Неговото ниво е недостојно за капитен на тимот. Не презема доволно одговорност на теренот. На ЕП 2024 не го покажува најдоброто од себе“, изјави легендарниот некогашен фудбалер.