фудбал

Италијанската фудбалска федерација потпиша договор со Адидас

Фудбалската федерација на Италија објави дека потпишала долгорочен договор за партнерство со спортскиот гигант Адидас.

Германската компанија ќе обезбеди опрема за сите репрезентации, во сите категории, а договорот ќе стапи на сила на 1 јануари 2023 година.

„Многу сме горди што можеме да го објавиме нашето партнерство со Адидас. Оваа соработка е многу важен чекор во нашиот развој и ќе го направи брендот попопуларен како во Италија така и во странство“, изјави претседателот на федерацијата Габриеле Гравина.

И од Адидас соопштија дека се многу задоволни од новото партнерство, бидејќи Италија е следната голема федерација која ќе ги користи услугите на брендот после Германија, Шпанија, Аргентина и Белгија.

Досега Италија носеше спортска опрема од брендот Пума.


Варди повторно повреден и ќе паузира еден месец

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс, откри дека напаѓачот Џејми Варди е повреден и ќе отсуствува околу еден месец.

„Џејми ќе го пропушти натпреварот од Лигата на конференции против Рен. За жал, тој се повреди на последниот натпревар, има повреда на коленото и ќе биде надвор од терените 3 до 4 недели“, изјави Роџерс.

Осминафиналниот натпревар од Лигата на конференции во кој домаќинот Лестер ќе го пречека францускиот Рен се игра на 10.март.


Вест Хем со интерес за Дарвин Нуњес од Бенфика

Екипата на Вест Хем покажува сериозен интерес за напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес.

 Тренерот на „чеканите“ Дејвид Мојс е импресиониран од настапите на Уругваецот во клубот од Лисабон  и лично инсистирал до челниците да го доведат 22.годишниот фудбалер.

Според информациите, од Вест Хем планирале доведување на напаѓачот уште во зимскиот преоден рок , но португалскиот гигант ја одбил понудата на клубот од Лондон.

Најверојатно Вест Хем ќе ја зголеми својата понуда во текот на летниот трансфер период.


„Волците“ го продолжија договорот со Педро Нето

Премиерлигашот Вулверхемптон објави дека го продолжи договорот со крилниот напаѓач Педро Нето. 

Новиот договор со 22. годишниот Португалец е со важност до јуни 2027 година.

Нето поради повреда пропушти голем дел од оваа сезона, и во тимот се врати неодамна. Тој во Вулверхемптон пристигна од екипата на Лацио во 2019 година.


Претседателот на ПСЖ ризикува затворска казна

Швајцарското обвинителство побара затворска казна од 28 месеци за претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Калаифи.

Првиот човек на популарните „светци“  заедно со Жером Валке, поранешниот генерален секретар на ФИФА, е обвинет за корупција.

Ал Калаифи кој е сопственик на катарскиот канал – „beIN Sports“ е осомничен дека го подмитил Валке за да ги добие правата за пренос на Светското првенство и Купот на Конфедерациите.


Обвинителството во Швајцарија бара затворска казна за сопственикот на ПСЖ

Според информациите кои ги пренесува францускиот весник „Лeкип“, швајцарското обвинителство побара казна затвор од 28 месеци за претседателот на Париз Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи.

Сопственикот на тимот од Париз е обвинет за корупција заедно со поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке.

Ал-Келаифи е сопственик на катарскиот канал Беин Спортс, и е осомничен дека го поткупил Валке за да ги добие правата за пренос на Светските фудбалски првенства. Во јануари 2018 година, Валке беше суспендиран од фудбалот на 12 години.

Случајот во швајцарското обвинителство започна во 2020 година, но дури сега има официјална одлука.


ФИФА го одложи баражот помеѓу Украина и Шкотска

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го одложи бараж натпреварот за пласман на СП во Катар меѓу Украина и Шкотска.

Дуелот првично беше закажан за 24 март во Глазгов, но ФИФА му излезе во пресрет на селекцијата на Украина која побара одложување на мечот поради воените напади од Русија.

Датумот за повторното одигрување на натпреварот ќе биде дополнително соопштен од страна на ФИФА.

Подобриот од овој дуел, во финалниот бараж ќе се сретне со победникот од натпреварот помеѓу Велс и Австрија.


Роман Абрамович ја доби првата официјална понуда за Челзи

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович ја доби и веќе ја разгледува првата официјална понуда за клубот од „Стенфорд Бриџ“.

 Според англиските медиуми, понудата е испратена од американскиот милијардер Тод Боели и неговиот швајцарски деловен партнер Хансјорг Вис. Абрамович бара 3 милијарди фунти за Челзи, но според медиумите рускиот олигарх во сегашната ситуација тешко ќе дојде до таа сума.Висината на првата официјална понуда не е откриена, но јасно е дека Абрамович мора да одговори на понудата до 15 март.

Интересот за Челзи е доста голем и најмалку десетина инвеститори ја следат ситуацијата и се подготвени да испратат свои понуди.


Абрахам по стапките на Монтела и Батистута

Напаѓачот на Рома,Тами Абрахам, од почетокот на сезоната веќе постигна 20 гола во сите натпреварувања за својот клуб и со тоа англискиот напаѓач ги следи стапките на двајцата поранешни легендарни голгетери на „волчицата“, Винченцо Монтела и Габриел Батистута.

 Монтела и Батистута во нивната прва сезона за Рома постигнаа 21 гол на сите натпреварувања. Абрахам сега заостанува само еден гол од нивното достигнување.

Монтела постигна 21 гол на 41 натпревар за Рома во сезоната 1999/00, а Батистута постигна 21 гол на 32 натпревари во шампионската сезона 2000/01.


Симоне Инзаги добива нов договор до 2024 година

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ќе го продолжи договорот со фудбалскиот клуб до 2024 година, објавија денеска италијанските медиуми.

Како што тврди „Газета дело Спорт“, Инзаги ќе го продолжи договорот до 2024 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Тој летово потпиша двегодишен договор со тимот од Милано, но со добри резултати го убеди сопственикот Стивен Жанг да му понуди нови услови. Инзаги ќе добие покачување, па наместо 4,5 милиони евра годишно, со новиот договор ќе заработуваат пет милиони евра и дополнителни бонуси.

Според „Газета“, Жанг има многу добри односи со Инзаги и го цени сето она што поранешниот напаѓач го направи на теренот и надвор од него во првите неколку месеци откако дојде во клубот.