фудбал

Жоао Педро е првото засилување на Брајтон за следната сезона

Англискиот премиерлигаш Брајтон објави дека постигнале договор со Бразилецот Жоао Педро кој според информациите од Островот пристигнува за сума од 30 милиони фунти.

Станува збор за напаѓач кој има 21 година и потекнува од школата на Флуминенсе, а во Англија дојде во 2020 година кога потпиша за Вотфорд. За овој тим постигна 23 гола на 104 натпревари.

„Со задоволство можеме да објавиме дека го договоривме трансферот на напаѓачот Жоао Педро од Ватфорд“, потврди премиерлигашот. Покрај Жоао Педро, на големо се шпекулира дека следно засилување за Брајтон ќе биде Џејмс Милнер на кого му истекува договорот со Ливерпул.


Манчестер Јунајтед нема да го откупи договорот на Вут Вегхорст

Доаѓањето на Вут Вегхорст во Манчестер Јунајтед не промени многу работи во нападот.

„Црвените ѓаволи“ иако го обезбедија фудбалерот на Барнли на позајмица, тој не успеа да се наметне во тимот, напротив, предизвика лавина негативни реакции кај навивачите поради неговата инфериорност пред голот на противниците.

Тој беше во ситуација да постигне и десетина голови, но постигна еден, кој оставаше надеж дека можеби ќе му биде дадена шанса, односно откупен договорот од Барнли.

Доколку ги прашате повеќето фанови на Јунајтед, ќе ви кажат дека местото на Вегхорст сепак не му е во составот на Јунајтед, а слична одлука донел и тренерот на клубот, Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот нема да му понуди уште една сезона на Олд Трафорд, односно нема да ја продолжат неговата позајмица и тој на крајот од сезоната се враќа во Барнли.


Масовна прослава на фановите на Наполи по третото скудето во историјата

Навивачите на Наполи во голем број до доцна во ноќта ја славеа низ улиците во Неапол првата шампионската титула на италијанскиот клуб по пауза од 33 години.

Луѓето пееја и играа на улиците, дел од нив од среќа скокаа во градските фонтани, додека многумина отпоздравуваа со развиорени клупски знамиња возејќи се со скутери низ улиците во Неапол. Наполи синоќа ја завери титулата со Серија А, прва по пауза од 33 години, откако го освои потребниот бод на гостувањето против Удинезе (1-1).

„Во нашите срца живееше еден сон, Наполи повторно да биде шампион“, пееја насобраните навивачи на Наполи на градските улици.

„Плачам. Ова е историски момент“, изјави за Би-Би-Си, 13-годишниот навивач на Наполи, Едоардо Напа. 

Тој е дел од младата генерација навивачи на Наполи, кој не бил роден кога клубот предводен од Диего Марадона, последен пат ја освои шампионската титула во 1987 и 1990 година. За шампионската прослава на локалните жители во Неапол им се приклучија и навивачи од другите делови на Италија, како и од Франција, Шпанија и Велика Британија, прославувајќи го успехот со торти, сладоледи и пијалаци.

Се чини дека светот овде застанал. Оваа прослава ќе трае најмалку еден месец. Ќе трае до лето. Чувствито е неверојатно. Наполитанците внесуваат љубов во сè што прават, вклучувајќи го и фудбалот, изјави студентката Амелија Бафи, која од Рим допатува на шампионското славје во Неапол.


Манчестер Сити си купи филијала и во Бразил

Компанијата „Сити Фудбал Груп“ купи уште еден клуб, овојпат станува збор за бразилскиот прволигаш Бахиа за кога платија 180 милиони евра.

Компанијата која е предводена од шеикот Менсур Бин Зајед Ал Нахијан и Калум Ал Мубаарек сега во своја сопственост поседува 13 клубови. Во своја сопственост тие покрај Манчестер Сити ги имаат, Мелбурн Сити, Монтевидео Троја, Палермо, Њујорк Сити, Мумбај Џирона, Шичуин, Јокохама и Боливар.

Кај дел од клубовите имаат 100% од акциите, а кај дел помалку.


Брајтон ќе биде новиот клуб на Џејмс Милнер

Џејмс Милнер од јули оваа година ќе стане нов фудбалер на Брајтон.

Според најголем број медиуми се е готово, договорот со Ливерпул му истече, а клубот сметаше дека нема потреба од него во наредната сезона.

Брајтон, пак во него гледа искусен играч кој може многу да им помогне. Тимот сезонава се бори за излез во Европа и сака да има респектабилен тим за новите предизвици.

Со Брајтон Милнер би требало да потпише договор на една година.


Астон Вила го „украде“ спортскиот директор на Барса

Актуелниот спортски директор на Барселона, Матео Алемани, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната и ќе замине во Астон Вила.

Тој во Англија ќе добие многу поголема плата. Алемани заработува 1,4 милиони евра од каталонскиот гигант но, се очекува Астон Вила да ги зголеми неговите примања на 5-6 милиони евра. 

60-годишниот Шпанец како причина за разделбата со Барселона го наведе „новиот професионален проект“.


Малдини го сака напаѓачот на Монпелје за својот Милан

Како приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на нов напаѓач.

Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, Ориги не ги оправда очекувањата, па Милан сака да доведе млад и перспективен напаѓач. Според италијанските медиуми, Паоло Малдини започнал преговори со Монпеље за нивниот напаѓач Елије Вахи.

20-годишниот напаѓач оваа сезона за Монпеље постигна 13 гола на 29 натпревари и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Францускиот клуб за неговата слобода бара 25 милиони евра, сума која „росонерите“ се спремни да ја платат.


Муса Диаби од Баер Леверкузен се сели во Арсенал

Арсенал спрема големо засилување во нападот во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот. Прва желба е ѕвездата на Баер Леверкузен, Муса Диаби, кого Арсенал го сакаше и во зимскиот преоден рок. 23-годишниот крилен напаѓач игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата.

Французинот во досегашниот дел од сезоната има 14 гола и 10 асистенции, но Леверкузен за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Арсенал нема да жали пари за да го доведе Дијаби, а за неговиот потпис е спремен да плати 70 милиони евра.


Наби Кеита од Ливерпул ќе биде замената за Брозовиќ во Интер

Интер започнал преговори со играчот на Ливерпул, Наби Кеита.

28-годишниот играч од средниот ред е на излезните врати во Ливерпул и на лето ќе си замине како слободен агент. Откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со Ливерпул започна битката за неговиот потпис, а најсилен интерес за него покажува Интер.

Спортскиот директор Аусилио имал средба со неговиот агент и почнал преговори, а „нероаѕурите“ наскоро ќе испратат официјална понуда.

Интер на лето сака да го продаде Брозовиќ, а раководството верува дека Кеита би бил идеална замена за Хрватот.


Два премиерлигаши го сакаат Феран Торес од Барса

Арсенал и Астон Вила се заинтересирани за играчот од средниот ред на Барселона, Феран Торес.

23-годишниот играч од средниот ред е еден од главните играчи на Барселона оваа сезона. За Барселона оваа сезона настапи на 29 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи четири гола и една асистенција. Сепак, според информациите од Шпанија, поради финансиските проблеми и желбата да го вратат напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси, Каталонците ова лето може да го продадат Шпанецот.

Се известува дека за услугите на Феран Торес се заинтересирани два клуба, англиските премиерлигаши Арсенал и Астон Вила. Тренерот на Арсенал, Микел Артета го познава Торес од неговото искуство во Манчестер Сити, додека Астон Вила би можела да го привлече 23-годишниот Шпанец назначувајќи го директорот Матеу Алемани, кој неодамна ја напушти Барселона. Феран Торес помина година и пол во Манчестер Сити. Заедно со „граѓаните“ го освои шампионатот на Англија и Лига Купот.