фудбал

Реал нуди богатство за Кунде од Севиља

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, пренесуваат шпанските медиуми.

Прва мета е дефанзивецот на Севиља и француски репрезентативец Жил Кунде. 23-годишниот стопер игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Минатото лето беше блиску до трансфер во Челзи, но сега Реал сериозно се вклучи во трката за Французинот.

Францускиот репрезентативец има договор со шпанскиот клуб до 2024 година во кој има откупна клаузула од 80 милиони евра.


Адеми ќе биде подготвен за дуелот против Италија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, по се изгледа дека ќе биде фит за бараж мечот за пласман на СП во Катар против Италија, закажан за 24 март во Палермо.

Адеми, кој настапува за Динамо Загреб, заработи повреда на натпревар од хрватското првенство против екипата на Локомотива, поради што не играше на реваншот со Севиља во рамките на Лига Европа.

Според информациите од Хрватска, Адеми би требало да биде спремен за дербито со Хајдук кој се игра на 12 март, па така реално е да се очекува дека ќе биде на располагање и на селекторот Милевски за дуелот против Италија во Палермо.


Германецот Вајгл ќе биде замената за Кеси во Милан

Милан бара засилувања за средниот ред, што ќе биде приоритет во летниот преоден рок. Франк Кеси готово сигурно ќе замине како слободен агент, па „росонерите“ се во потрага по негова замена. Германски „Билд“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Бенфика, Јулијан Вајгл.

26-годишниот Германец игра одлично во Бенфика и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Вајгл сака да направи чекор напред во кариерата, а Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Росонерите“ се спремни да испратат понуда од 20 милиони евра, а се верува дека таа сума ќе ги задоволи апетитите на Бенфика.


Лос Анџелес Галакси ќе биде новиот клуб на Серхи Роберто

Серхи Роберто, кој одамна го загуби местото во Барселона, донел одлука да си замине по завршувањето на сезоната и да се пресели во САД во екипата на Лос Анџелес Галакси.

30-годишниот каталонски тинејџер не се согласува да потпише нов договор со помала плата и затоа ќе го напушти „Камп Ноу“.

Роберто долго време е повреден и нема играно од октомври. Тој моментално се опоравува и тренира одвоено од другите.


Херера се сели од Атлетико Мадрид во МЛС лигата

Aтлетико Мадрид игра лоша сезона во Ла Лига и може да се надева само на пласман во Лигата на шампионите, во клубот полека размислуваат и за преодниот рок кој следи.

Делумната реконструкција на тимот би можела да значи и заминување на Ектор Ерера. „Марка“ пренесува дека Херера веќе има договор со клуб од МЛС Лигата. Највите се дека Мексиканецот ќе го засили тимот на Хјустон Динамо.

Според информациите Ерера договорил соработка до 2025 годинаа, а во САД ќе заработува многу повеќе и ќе биде главна ѕвезда на тимот. Во Атлетико Херера дојде во 2019 година од Порто, за него шпанскиот клуб не плати оштета затоа што пристигна како слободен агент.

Во редовите на Хјустон Херера ќе заработува четири милиони евра по сезона со што ќе биде најплатен помеѓу фудбалерите на овој тим.


Два гиганти лицитираат за потпис на Данецот Кристенсен

Екипите на Барселона и на Баерн Минхен се главните кандидати да го добијат потписот на дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, кој ги одработува последните месеци од договорот со лондончани.

Корпулентниот фудбалер не е задоволен од понудата на „сините“ за да остане на „Стемфорд Бриџ“ и затоа сака да ја продолжи кариерата во друг состав. Бидејќи Кристенсен во текот на  летото ќе биде слободен играч, Каталонците и Баварците влегле во интензивни преговори со неговиот агент задолжен за трансфери.

Во моментов нема конкретни детали околу финансиските услови кои ќе ги побара фудбалерот.


Манчестер Јунајтед му ја исплати отштетата од 7,5 милиони фунти на Солскјер

Од Манчестер Јунајтед објавуваат дека целосно е исплатена отштетата за поранешниот тренер Оле Гунар Солскјер и неговиот стручен штаб. 

Вкупниот исплатен износ е 9 милиони фунти, од кои на Норвежанецот ќе му припаднат 7,5 милиони фунти.

Солскјер доби отказ од тренерската позиција во Јунајтед во ноември 2021 година, после серијата на лоши резултати на клубот кои кулминираја со поразот од Ватфорд со 4:1.


Луис Суарез се договорил со Интер од Мајами

Изгледни се шансите напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез следната сезона да се пресели во Интер од Мајами, објавуваат уругвајските медиуми.

Фудбалерот веќе разговарал со сопственикот на клубот Дејвид Бекам. Двете страни се многу блиску до договор за личните услови на Суарез, стои во објавените информации.

Суарез има договор со Атлетико до крајот на сезоната, а веќе е објавено дека истиот нема да биде продолжен. Во Интер Мајами, Суарез може да формира интересен напаѓачки тандем со поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин.


Кришито ќе му се приклучи на Инсиње во Торонто

Торонто формира тим со квалитетни фудбалери од италијанскиот фудбал.

Неодамна беше потврден трансферот на Лоренцо Инсиње, а сега потврдија дека екипата ќе се засили и со Доменико Кришито. 35-годишниот дефанзивец од март ќе почне со активности во лигата.

Двете страни постигнале договор на две години. Кришито во Торонто е најавен како големо засилување и од него се очекува да ја зацврсти одбраната.


Понуди до Абрамович за купување на Челзи

Според пишувањата во англиските медиуми, постојат потенцијални купувачи кои што ќе испратат понуди до Роман Абрамович за преземање на фудбалскиот клуб Челзи.

Рускиот олигарх ја префрли контролата за управување на клубот на својата фондација, но останува сопственик, надевајќи се дека конфликтот во Украина брзо ќе заврши.

Претходните понуди од 2,2 милијарди фунти беа одбиени, а во оваа фаза Абрамович е решен да го задржи клубот кој го стекна во 2003 година и го направи еден од најуспешните на островот.

Меѓутоа, ако над него биде извршен притисок од највисоко ниво, со оглед на актуелната политичка ситуација, Абрамович може да биде принуден да се одлучи за продажба на клубот.