фудбал

Тухел доби поповолен договор од Баерн отколку во Челзи

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, го коментираше времетраењето на договорот потпишан со германскиот клуб ден претходно, 24 март. Двете страни склучија договор до летото 2025 година.

„Подобро е од 18 месеци во Челзи. Многу сум задоволен од должината на договорот, на крајот се зависи од тоа како ќе се одвиваат работите и дали челниците на клубот сакаат да го продолжат договорот со мене. На оваа позиција нивото на игра е клучно и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата. Времетраењето на договорот ми се чини идеално и ќе направам се за да ја оправдам довербата што ми се дава“, изјави Тухел.

Томас Тухел на оваа позиција го замени Јулијан Нагелсман, кој доби отказ поради незадоволителните резултати на последните натпревари во Бундеслигата.


Милан спремен да испрати понуда за Тами Абрахам

Италијанските медиуми пренесуваат дека  Милан е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.

Минатата сезона  Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, па Рома е спремна да го продаде на лето.

Најсилен интерес за него покажува Милан, бидејќи приоритет на „росонерите“ на лето ќе биде доведување врвен напаѓач.

Милан наводно е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, што е 20 милиони повеќе од сумата која Рома ја плати за да го доведе на „Олимпико“.

Сепак, Милан ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи неколку клубови од Премиер лигата покажуваат интерес за Абрахам.


Ван Перси: Рашфорд е во најдобрата форма во кариерата

Робин Ван Перси кој на времето имаше блескави моменти во дресот на Манчестер Јунајтед, вели дека сегашниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Маркус Рашворд, може да биде човек за одлука на големитенатпревари.

„Ја покажува најдобрата форма во целата негова кариера. Тој е  фокусиран и подготвен да издржи физички. Тоа момче дефинитивно им носи голема радост на навивачите“, потенцираше Холанѓанецот.

Рашфорд во сезонава има 26 мечеви со ефект од 14 голови и 3 асистенции.


Брахим Диаз во јуни се враќа во Мадрид

Фудбалерот на Милан, Брахим Дијаз, по завршувањето на сезоната ќе се врати во матичниот клуб Реал Мадрид бидејќи италијанците немаат опција да му ги откупат правата откако ќе му помине терминот како позајмен играч.

Иако се веруваше дека гигантот од Милано може да го купи 23 годишниот Шпанец, медиумите тврдат дека Дијаз на лето ќе мора да се врати кај „белите“.

Искусниот фудбалер кој беше ангажиран на позајмица во 2021 година, за „росонерите“ забележа 31 меч. Тој даде пет голови и направи две асистенции.


Рафаел Леао последна трансфер-желба на ПСЖ

ПСЖ е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат италијанските медиуми.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП минатата сезона во Серија А.

Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. „Росонерите“ во летниот преоден рок одбија понуди од 100 милиони евра бидејќи сакаат да го задржат на „Сан Сиро“.

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос е голем симпатизер на играта на Португалецот и сака да го донесе во Париз, бидејќи иднината на Меси е неизвесна.

Леао се уште нема потпишано нов договор, па Милан е спремен да разгледува понуди на лето, а ПСЖ е спремен да понуди 100 милиони евра.


Челзи се вклучи во трката по Мекалистер

Раководството на Челзи е силно заинтересирана за аргентинскиот репрезентативец и член  на Брајтон, Алексис Мекалистер.

Мекалисер, кој има ирски корени се промобираше во еден од најважните играчи на Аргентина на Мундијалот.

24-годишиот играч за врска пристигна во Брајтон од Бока Јуниорс за 12 милиони евра и неодамна го продолжи договорот со англискиот клуб до 2025 година.

Неговата цела после Мундијалот значително порасна, бидејќи го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.

Сепак, Челзи сака да ја победи конкуренцијата и спрема понуда од 40 милиони фунти за да го доведе на „Стенфорд Бриџ“.


Американци го купија англискиот клуб Хадерсфилд

Продажбата на англиските фдубалски клубови продолжува со несмален интензитет. Второлигашот Хадерсфилд од вчера е сопственост на американска компанија, објави клубот.

Во изминатите 14 години, Хадерсфилд беше во сопственост на Дин Хојл, кој имаше 75% од акциите, пред да го продаде клубот на американската компанија. Комплетирањето на зделката е прашање на правни и менаџерски процедури, по што зделката треба да биде официјализирана. Хадерсфилд се чини беше приморан на ваков потег, откако клубот се соочи со забрана за трансфери овој месец поради доцнење во обезбедувањето на нивните годишни сметки.

Хадерсфилд моментално е на 22. место во Чемпионшип со 36 бодови.


Бускетс во дилема околу својата кариера: Барса, МЛС или Саудиска Арабија

Серхио Бускетс продолжува да размислува за својата иднина, бидејќи договорот со каталонскиот гигант му истекува на лето.

Меѓутоа, неговата одлука многу ќе влијае од еден фактор – каде ќе ја продолжи кариерата неговиот добар пријател Лионел Меси, пренесува „Мундо Депортиво“.

Опциите се тој да остане во Барселона, да се пресели во Интер Мајами или пак да се пресели во Саудиска Арабија каде има понуди од Ал-Наср и Ал-Нилал.

Неговата одлука најмногу ќе зависи од Меси, ако Аргентинецот остане да игра во Европа, тогаш Бускетс готово сигурно ќе остане уште една сезона во Барселона.


Челзи спрема казна за Обамејанг за навивачката мисија на „Камп Ноу“

Сопственикот на Челзи, Тод Боели размислува да му го раскине договорот на Пјер Емерик Обамејанг откако напаѓачот изминатиов викенд на Камп Ноу го следеше „Ел Класико“, па дури и се симнал во соблекувалната на Барса и ја славел победата над Реал Мадрид.

Пјер Емерик Обамејанг во последните денови од летниот преоден рок направи трансфер во Челси откако Томас Тухел инсистираше на негов ангажман. Сепак, кратко потоа германскиот стратег заработи отказ и напаѓачот полека почна да паѓа во втор план. Габонецот е обврзан кон „сините“ до јуни 2024 година, но се шпекулира дека Тод Боли размислува да му удри клоца и да му го раскине договорот.

На сопственикот на Челси не му се допаднал последниот излет на Пјер Емерик Обамејанг, кој изминатиов викенд беше на Камп Ноу и го следеше „Ел Класико“.

И не само тоа, напаѓачот по крајот на натпреварот се симнал во соблекувалната на Барса и ја славел драматичната победа над Реал Мадрид.

Се шпекулира дека Пјер Емерик Обамејанг сака да се врати во Барселона и дури е подготвен да прифати помала плата за одново да го облече дресот на „каталонците“.


Анчелоти се поблиску до бразилската репрезентативна клупа

Реал Мадрид со оглед дека скоро и да ја загуби трката за шампионската титула во Ла Лига, како најважни за италијанскиот стратег во периодот кој следи се реваншот во „Копа Дел Реј“ против Барселона и четвртфиналниот двомеч со Челзи во ЛШ.

Без оглед каков исход ќе има на крајот од сезоната, иднината на Анчелоти е крајно неизвесна и се погласно се зборува дека тој ќе биде новиот селектор на Бразилската репрезентација. Голманот Едерсон на прес-конференцијата на бразилската репрезентација изјави дека има големи шанси Анчелоти да стане селектор на „Кариоките“, а сега на оваа тема зборуваше и Родриго.

„Би било чест за мене да го имам како селектор во Бразил и се шегуваме на таа тема. Ние Бразилците му велиме дека го чекаме со раширени раце, тој ни возвраќа дека ќе го одредува тимот заедно со нас. Сега зборуваме на шега, но во секоја шега има и по нешто вистина.

Ситуацијата не е лесна за него, ако стане селектор на Бразил, мора да го остави Бразил. Не знам што ќе се случи и како ситуацијата ќе се развива, ќе видиме“, изјави Родриго.