фудбал

Винициус добива многу побогат договор со Реал Мадрид

Во Реал Мадрид е вклучен алармот поради актуелниот договор на 22-годишниот Винисиус Жуниор.

Имено, крилнот напаѓач кој со својот гол го одлучи минатогодишното финале во Лигата на шампионите се уште е под договорот кој го потпиша кога во 2018-та година дојде од Фламенго. Неговото доаѓање Реал го договори претходно, а на еден од најголемите бразилски клубови му исплатија 45 милиони евра оштета. Поради законите и прописите во Шпанија се чекаше да наполни 18 години и без проблеми да може да биде дел од „кралевите“.

Со Реал тогаш Бразилецот потпиша договор на шест години и тоа значи дека од јануари 2024 година тој може слободно да преговара со други клубови. Реал сака да избегне таква ситуација, но договор се уште не е постигнат.

Ако ја продолжи соработката тогаш е јасно дека ќе добие значително поголема плата од сегашните три милиони евра по сезона.


Продадени преку три милиони билети за Олимписките игри во Париз

Речиси 3.25 милиони влезници се продадени за натпреварите на Олимписките игри во Париз по првата фаза од продажбата која почна пред повеќе од еден месец што Организацискиот одбор го оцени како голем успех и покрај критиките дека цените на билетите се превисоки.

Оваа прва фаза беше пуштена во продажба во пакети од најмалку три, а најмногу 30 билети, што е речиси третина од вкупниот број од 10.5 милиони влезници за Олимписките игри во 2024 година. Од оваа бројка од 3.25 милиони влезници, 13 отсто се продадени по цена од 24 евра, 70 отсто по цена пониска од 100 евра и 4.5 отсто по цена повисока од 200 евра, наведоа организаторите.

Две третини од купците се Французи, а меѓу купците се застапени вкупно 158 држави.

Набрзо откако на 15 февруари почна првата фаза од продажбата на влезниците се појавија критики, особено на социјалните мрежи, дека дел од влезниците се прескапи, како на пример билетите од 690 евра за вечерната програма во атлетика.


Даниел Малдини: Не знаев дека и татко ми постигнал гол против Интер

Специја приреди големо изненадување и издвојува победа над Интер со 2-1 во првата средба од 26.коло во Серија А.

„Нероаѕурите“ доминираа, создадоа многу шанси, промашија пенал, односно откако не дојдоа до предност стигна казната на спротивната страна и тоа преку нововлезениот Даниел Малдини кој го отвори резултатот во 57 минута.

Потоа во завршницата видовме по уште два пенали на двете страни, односно беше комплетиран шокантниот резултат во корист на домашниот тим.

„Долго време чекав за ваков момент. За среќе дојде против силен тим и ќе уживаме“. порача Даниел Малдини за кого ова беше втор погодок во дресот на Специја по оној против Милан на „Сан Сиро“.

Синот на легендарниот Паоло и воедно внук на Чезаре не знаеше дека татко му своевремено исто му има дадено гол на Интер во Серија А.

„Не знаев за тоа. Тоа ништо не менува, најважното нешто беше да го освоиме поени“, порача младиот офанзивец кој сезонава игра како позајмен играч од Милан во актуелнава средина.


Бернардо Силва ќе го менува Меси во ПСЖ

Иднината на Лео Меси во ПСЖ е неизвесна откако Аргентинецот одбие да го продолжи договорот со „светците“.

Поради тоа ПСЖ веќе почна да бара потенцијална замена за Меси, а најголема желба е Бернардо Силва од Манчестер Сити. Бернардо Силва е спремен на лето да ја промени средината, а ПСЖ сака да го „украде“ пред носот на Барселона, која покажува силен интерес за неговиот потпис.

„Светците“ нема да имаат проблем да ја платат сумата од 80 милиони фунти, колку што бара Манчестер Сити за неговата слобода.

Мбапе лично побарал од раководството да го доведе Португалецот, со кого е голем пријател и соработуваа одлично во Монако.


Робињо исчезна по налогот за негово приведување заради силување

Пензионираниот бразилски напаѓач Робињо и поранешна голема фудбалска ѕвезда со 100 настапи за бразилската репрезентација во Италија е осуден на девет години затвор поради силување.

Во овој момент тој се наоѓа во Бразил, поточно барем така се мисли. Имено, Робињо исчезнал откако стигнала наредба да биде уапсен. Покрај Робињо осуден е и неговиот пријател Рикардо Фалко кој исто така учествувал во настанот.

Робињо е осуден пред пет години, а после неговата жалба судењето се заврши минатата година во октомври. Актуелната пресуда е конечна, можност за жалба повеќе нема. Според италијанскиот закон издржувањето на казната мора да започне веднаш. Бразил скоро никогаш не ги испорачува своите државјани, па се донесе одлука Робињо да може да биде на слобода, но не смее да ги напушти границите.

Адвокатот на жртвата, Џакопо Гночи изјави:

„На мојата клиентка и е сеедно дали казната ќе биде одлежена во Бразил или Италија. Важно е да се спроведе правдата и казната да биде издржана. На Робињо не му е сеедно, па кога дозна дека би можел да биде уапсен, исчезна и прашање е дали воопшто се уште е во Бразил“, изјави Гночи.


Инзаги пред отказ во Интер?

Според италијанскиот „Кориере дела Сера“, тренерот на Интер Симоне Инзаги би можел да добие отказ од клубот доколку не избори пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Информациите велат дека раководството на Интер не е задоволно од резултатите и играта на тимот оваа сезона. Клубот во последните три кола забележа два порази и тоа од Болоња и Специја.

Интер го очекува реванш натпревар во осминафиналето од ЛШ, против екипата на Порто која во првиот дуел ја совлада со 1:0.

Инзаги е тренер на Интер од Јуни 2021.година. Тимот се наоѓа на второто место од табелата во Серија А со 18 бода помалку од лидерот Наполи


Ливерпул со сериозен интерес за двајца фудбалери на Ајакс

Според Скај Германија, фудбалскиот клуб Ливерпул е заинтересиран за централниот бек на Ајакс, Јуриен Тимбер и играчот за врска Едсон Алварез.

Двајцата беа главни играчи за клубот од Амстердам во последните неколку сезони и не е изненадување што тие го привлекуваат вниманието кон себе со добрите настапи.

21-годишниот Тимбер е стандарден фудбалер во одбраната на Ајакс оваа сезона. На 109 натпревари за првиот тим досега, холандскиот репрезентативец има осум гола и шест асистенции. Тој ги започна и сите натпревари на „лалињата“ на Светското првенство во Катар минатата година. Неговата пазарна вредност се проценува на 45 милиони евра.

Мексиканецот Алварез настапи на 22 од вкупно 24 лигашки натпревари на Ајакс оваа сезона. Тој сезонава има  постигнато два гола и две асистенции во сите натпреварувања.

25-годишниот фудбалер играше и на два натпревари за Мексико на изминатиов Мундијал. Негова примарна позиција е дефанзивен играч за врска, но Алварез може да игра и како централен дефанзивец. Фудбалерот се проценува на 35 милиони евра.


ПСЖ се вклучува во трката за потпис со Осимен

Челниците на Париз Сен Жермен се подготвуваат за големи промени во тимот за наредната сезона.

Не е сигурно продолжувањето на договорот со Лионел Меси кој се двоуми дали да остане во Париз и наредната година, додека бројни се шпекулациите дека на продажба ќе биде понуден и Бразилецот Нејмар.

Претставниците на Париз Сен Жермен, особено спортскиот директор на тимот Луис Кампос веќе напорно работат на изборот на тимот за следната година.

Францускиот весник „Екип“ информира дека парижаните го избраа Виктор Осимен за главна трансфер мета претстојното лето. Напаѓачот има извонредна сезона со тимот на Наполи и досега има постигнато 21 гол и 4 асистенции на 26 натпревари во сите натпреварувања.

Според објавите,  последните неколку дена во Париз бил одржан состанок меѓу претставниците на играчот и претставниците на ПСЖ, каде што била презентирана желбата на парижаните да го доведат Осимен на „Паркот на принцовите“.


Вест Хем Јунајтед тргнува по Мегваер

Премиерлигашот Вест Хем Јунајтед е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и би можел да го доведе на позајмица ова лето.

Популарните “чекани“ оваа сезона играат далеку под очекувањата и ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.  Доколку останат во елитата, клубот сигурно ќе го освежи својот состав, а еден од посакуваните играчи е 30-годишниот англиски репрезентативец, пренесуваат англиските медиуми.

Хари Мегваер не се вклопува во плановите на тренерот на Јунајтед Ерик тен Хаг, кој многу  ретко му даваше доверба меѓу стартерите оваа сезона.  Досега дефанзивецот одигра 21 натпревар во сите натпреварувања.


Аргентинецот Ретеги мета на двата милански гиганти

Миланските гиганти Милан и Интер се силно заинтересирани за младиот аргентински напаѓач, Матео Ретеги.

23-годишниот Ретеги е дете на Бока Јуниорс, но игра на позајмица во дресот на Тигре каде блеска веќе втора сезона.Ретеги важи за најталентираниот напаѓач во Аргентина и на 46 меча за Тигре постигна 37 гола, а од почетокот на новата сезона на 6 настапи постигна исто толку голови.

Ретеги има италијански корени и може да добие повик од Манчини, а скаутите на Милан и Интер го следат веќе подолго време.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, па сакаат да го донесат на лето на „Сан Сиро“.