Екипата на Астон Вила потврди дека фудбалерот, Ешли Јанг, ќе си замине откако ќе му истече договорот на 30 јуни.
Тој во сезоната што заврши одигра 32 меча или собра вкупно 250-ет во текот на неговите два периода кај англискиот тим. 37-годишниот фудбалер најдобрите моменти во кариерата ги имаше во Манчестер Јунајтед кога успеа да ја освои Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Лигата на Европа.
Треба да се потенцира дека ветеранот успеа да дојде и до пехарот во Калчото со Интер со што стана само третиот фудбалер од Англија кој се израдувал
Далот на „Олд Трафорд“ до 2029 година
Фудбалерот, Диого Далот, денеска го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2029 година, објавија дел од медиумите.
Дефанзивецот пристигна на „Олд Трафорд“ пред пет години од Порто за скромни 19 милиони фунти. Тој во сезоната што заврши одигра 42 меча во сите конкуренции.
„Да се игра за Манчестер Јунајтед е чест – една од најголемите што можете да ги добиете во фудбалот“, потенцираше искусниот фудбалер.
Бензема размислува да го замени Реал со Саудиска Арабија
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема може да го напушти клубот.
Според весникот „АС“, Бензема е блиску до заминување од Реал Мадрид на крајот на сезоната. 35-годишниот напаѓач има понуда од Саудиска Арабија. Играчот добива договор за две сезони со плата од 200 милиони евра годишно со даночно ослободување. Исто така, играчот ќе има можност да заработи голема сума како амбасадор за кандидатурата на Саудиска Арабија, Грција и Египет за домаќини на Светското првенство во 2030 година.
Бензема е во Кралскиот клуб од 2009 година. Во тековната сезона на шампионатот на Шпанија одигра 23 натпревари на кои постигна 18 гола и три асистенции. Карим Бензема со Реал Мадрид стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите каде загубија од Манчестер Сити. Во Лигата на шампионите, Французинот има постигнато четири гола на десет натпревари оваа сезона.
Ди Марија се враќа во Бенфика?
Анхел Ди Марија може да ја продолжи кариерата во Бенфика.
Според новинарот Фабрицио Романо, клубот од Лисабон сака да се обиде да го врати Аргентинецот во тимот. Преговорите се уште не се започнати, но ќе се направи обид во наредните недели да се разговара со играчот. Договорот на играчот со клубот од Торино истекува на крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 10 милиони евра.
Ди Марија му се приклучи на Јувентус во летото 2022 година. Тој забележа 24 настапи во Серија А, постигнувајќи четири гола и четири асистенции.
На Светското првенство 2022 година во Катар, Ди Марија играше за Аргентина и постигна гол против Франција во финалето кое го доби Аргентина по изведување на пенали.
Гвардиола е менаџер на годината во Премиер лигата
Пеп Гвардиола, освои две престижни индивидуални награди. Шпанскиот стручњак ја доби наградата за менаџер на сезоната во Премиер лигата, како и наградата за менаџер на годината од Асоцијацијата на менаџери во лигата (LMA).
Не е првпат Гвардиола да ги освојува овие индивидуални награди, бидејќи првата ја освои по четврти пат, а втората награда по трет пат. Доаѓа сосема логично бидејќи Манчестер Сити брка тројна круна под негово водство, откако веќе ја освои Премиер лигата, стигна до финалето на Лигата на шампионите против Интер, и има финале од ФА Купот со градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
Гвардиола ја доби престижната индивидуална награда за најдобаре менаџер во англискиот фудбал за прв пат во 2021 година, откако претходно беше победен од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Во својот говор по освојувањето на наградата LMA, Гвардиола рече:
„Воодушевен сум што ја добив наградата за менаџер на годината во Премиер лигата. За мене е неверојатна чест што го добив овој трофеј. Ние сме во најдобрата лига во светот и јас ви ветувам дека така ќе биде и следната сезона“.
Под водство на 52-годишниот шпански менаџер, Манчестер Сити го доживува најуспешниот период во својата историја, од неговото доаѓање, тимот освои пет шампионски титули, а ова во моментов е трета по ред за „граѓаните “.
Брентфорд го доведе голманот Флекен
Премиерлигашот Брентфорд го доведе голманот на Фрајбург, Марк Флекен.
Според објавата на британскиот Би Би Си, Холанѓанецот потпишал четиригодишен договор вреден 11 милиони фунти.
Флекен оваа сезона во Бундеслигата успеа со Фрајбург да стигне до петтото место. 28-годишниот голман најверојатно во тимот е доведен како замена за првиот чувар на мрежата, Давид Раја, за кого има шпекулации дека ќе направи трансфер во друг клуб.
Нејмар во Премиер лигата би настапувал само за Манчестер Јунајтед
Звездата на фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен, Нејмар, изјави дека ќе го напушти клубот само доколку добие понуда за трансфер во Манчестер Јунајтед.
Бразилскиот фудбалер не е во добри односи со навивачите на ПСЖ кои неодамна побараа негово заминување од клубот, меѓутоа договорот на Нејмар со популарните „светци“ истекува после четири години.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг има желба за доведување на нов напаѓач во тимот, и постои веројатност дека ќе ја разгледа можноста за доведување на Нејмар.
Единствен проблем за ангажман на Бразилецот претставува неговата висока цена, бидејќи тој е еден од најплатените фудбалери во светот.
Ливаковиќ од Динамо се сели во Виљареал
Виљареал е блиску до купување на голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ, објавија медиумите во Шпаија.
Според истите, Виљареал го следи Ливаковиќ од јануари оваа година. Сега шпанскиот клуб веќе постигна усмен договор со голманот, но се уште не се договорил за трансфер со Динамо Загреб, кој побара 10 милиони евра за својот голман. Првата понуда на Виљареал за Ливаковиќ беше 7 милиони евра. Преговорите ќе продолжат во наредните денови.
28-годишниот Ливаковиќ оваа сезона одигра 49 натпревари за Динамо во сите натпреварувања, при што прими 49 гола на нив, а 13 пати ја остави мрежата недопрена. Неговиот договор со загрепскиот клуб е до летото 2024 година.
Ван дер Сар замина од Ајакс по повеќе од една деценија
Извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар ја напушти функцијата. Ова беше потврдено од клубот на официјалната веб-страница.
Ван дер Сар ќе ги предаде своите должности на своите колеги членови на одборот на 1 јуни 2023 година. Надзорниот одбор побара од него да остане на функцијата до 1 август.
„По скоро 11 години во одборот на директори, донесов одлука да ја прекинам мојата работа. Заедно имавме прекрасни моменти, но и овој период беше неверојатно тежок. Многу сум благодарен на луѓето што ги запознав и работев во втората фаза од мојата кариера во Ајакс и на она што го постигнавме и поминавме заедно. Чувствувам потреба да се оддалечам малку од фудбалот, да одморам малку и да правам други работи. Затоа решив да се повлечам“, ја објасни својата одлука Едвин ван дер Сар.
Ван дер Сар беше во бордот на директори на Ајакс од ноември 2012 година. Од ноември 2016 година, поранешниот голман стана генерален директор на клубот. Неговиот договор со Ајакс беше со важност до јуни 2025 година.
Јорг Шматке именуван за нов директор на Ливерпул
Ливерпул денес го именуваше Јорг Шмадке за нов спортски директор кој доаѓа на местото на Џулијан Вард.
Овој 59-годишен Германец функцијата ќе ја преземе од 1.јули, а во досегашната кариера работеше во Хановер, Келн, Алеманија Ахен и Волфсбург.
Шмадке со Ливерпул потпиша краткорочен договор со можност за продолжување на соработката. Ангажманот на Шмадке го потврди Ливерпул на својата официјална страна.
„Му посакуваме се најдобар на Џулијан во неговата понатамошна кариера и му се заблагодаруваме за се што направи за клубот во изминатите години стои во соопштението.
Ливерпул сезоната ја заврши на петтата позиција и во наредната сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите.