фудбал

Донарума ја одложи свадбата заради Мундијалот

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, ја одложи својата свадба за да биде целосно подготвен да игра за Италија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето, изјави денеска неговиот менаџер Енцо Рајола.

Италија ги пропушти последните две светски првенства, 2018 во Русија и 2022 во Катар, и сè уште не се квалификуваше за Мундијалот 2026, но ќе игра во плејофот во март, против Северна Ирска, а потоа доколку победи против Велс или Босна и Херцеговина.

„Тој сакаше да се жени на лето, но го одложи тоа бидејќи неговите обврски со Италија се на прво место. Многу се грижи за Светското првенство, побара да остане концентриран и да се фокусира само на својот клуб и Италија, бидејќи сака да оди на тоа натпреварување со сето срце“, изјави Рајола за Радио Спортива.

Донарума се пресели од ПСЖ во Манчестер Сити ова лето, откако не ја продолжи соработката со францускиот клуб.


Франк го стави Бренан Џонсон на трансфер листа

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Бренан Џонсон, ќе го напушти клубот, но не и местото на живеење, потврди „Скај Спортс“.

Според овој извор, Тотенхем прифатил понуда вредна 40.000.000 евра, за напаѓачот кој не е во плановите на Томас Франк.

Џонсон оваа сезона одигра само 600 минути во Премиер лигата, најчесто влегувајќи од клупата, постигна два гола, од кои по еден во Лигата на шампионите и Лига купот.

Во споредба со минатата сезона кога одигра дури 51 натпревар во сите натпреварувања и помина над 3.000 минути на теренот, јасно е дека младиот напаѓач не можеше да биде задоволен од својот статус и логично е што реши да си замине.

Тотенхем ја прифати понудата на Кристал Палас од 40.000.000 евра. Договорот ќе биде потпишан кога Џонсон ќе го договорили финансиските услови со Палас.

Оливер Гласнер на тој начин ќе добие големо засилување во нападот, бидејќи Џонсон ќе биде опција покрај Јереми Пино, Исмаила Сара и Енкетија.

Кристал Палас се бори на неколку фронта, а главната цел е да го нападне трофејот во Конференциската лига.


Челзи само до бод против жилавиот Борнмут

Челзи не успеа да го победи Борнмут во 19-то коло, во Премиер лигата. Во терминот од 20.30 часот, Вест Хем повторно не успеа да победи, одигра 2-2 со Брајтон, Евертон триумфираше во Нотингем со 2-0, а Њукасл победи кај Барнли сo 1-3.

Одличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“ одиграа Челзи и Борнмут, заврши без победник 2-2. Сите четири гола беа постигнати во првото полувреме, а Брукс го отвори резултатот во шестата минута.

Кол Палмер израмни во 15-та од пенал, а Енцо Фернандес им донесе пресврт на домашните во 23-та. Сепак, Џастин Клајверт израмни по четири минути и тој резултат остана на семафорот до рајот на мечот.

Челзи остана на петтото место со 30 освоени бода, додека Борнмут е на 15-та позиција со седум помалку.


Арсенал ја декласира Астон Вила, Јунајтед не го победи ни „фенерџијата“

Фудбалерите на Арсенал, во дербито на 19-то коло ја победија Астон Вила со 4-1. „Топџиите“ ја прекинаа неверојатната серија на Астон Вила, од 11 победи во сите натпреварувања, осум од ив забелеани во Премиер лигата. Во истиот термин, Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако одиграа 1-1 со најлошиот тим во лигата, Вулверхемптон.

Арсенал продолжува да доминира во Премиер лигата и суверено ја држи првата позиција во најсилната фудбалска лига во светот со 14 победи во 19 натпревари и 45 освоени бода.

Последниот триумф, петти во последните шест натпревари, дојде во вторник вечерта против Астон Вила.


Фоден со најголем пад на цената во 2025 година

Порталот „Трансфермаркт“ ги именуваше фудбалери со најголем пад на својата цена во 2025 година.

Фил Фоден, играчот од средниот ред на Манчестер сити, забележа најголем пад на вредноста. Неговата пазарна вредност на почетокот на годината беше 140 милиони евра, но до декември неговата вредност падна за 60 милиони евра.

Клупскиот колега на Фоден, Родри, е втор на оваа листа, откако неговата вредност се намали за 55 милиони евра, од 130 милиони евра на 75 милиони евра.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус, е трет, со неговата трансферна вредност падна за 50 милиони евра, од 200 милиони евра на 150 милиони евра.


Египќанецот Калид Валид спогодбено раскина со Еурофарм Пелистер

Египќанецот Калид Валид спогодбено раскина со Еурофарм Пелистер

Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со египетскиот ракометар Мохамед Калид Валид.

„Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена“, соопшти попладнево битолскиот клуб.

Валид во дресот на Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија, а имаше и забележителни настапи во Лигата на шампиони.

Дваесетишестгодишниот кружен напаѓач на египетската репрезентација дојде во Еурофарм Пелистер пред стартот на сезоната, кога потпиша едногодишен договор.


Управниот одбор на ФФМ поведе постапка против поранешниот претседател

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.

Постапката се покренува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансната исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите и без да биде обезбедена банкарска гаранција.

Управниот одбор оценува дека постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и делување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на федерацијата.

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за формирање ад-хок комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.

Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци.

Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара.


Серија А се откажа од портокаловата топка

Претседателот на Серија А, Ецио Симонели, објави дека лигата ќе се откаже од користење на портокаловата зимска топка.

„Добивме бројни легитимни поплаки за ова: луѓето со далтонизам едноставно не можат да ја видат. Го замоливме нашиот добавувач да ја забрза испораката на нови топки. За секој натпревар се потребни 25 топки – тоа се 500 топки неделно, не сметајќи ги оние што им ги даваме на тимовите за тренинг. Тие лансираа нови топки во многу видлива боја, но ќе треба малку време пред целосно да ја заменат портокаловата опција – се покажа како лоша одлука. Ќе се вратиме на жолта или бела боја“, рече Симонели во својата изјава.


Гасперини: Дибала и со половина од силите прави разлика

AS Roma’s Argentinian forward Paulo Dybala celebrates after scoring his side’s second goal during the UEFA Europa League quarter-finals second leg football match between AS Rome and Feyenoord Rotterdam on April 20, 2023 at the Olympic stadium in Rome. (Photo by Filippo MONTEFORTE / AFP) (Photo by FILIPPO MONTEFORTE/AFP via Getty Images)

Главниот тренер на фубалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, беше задоволен од победата на домашен терен против Џенова во 17-то коло од првенството во Серија А.

„Создадовме многу шанси и бевме опасни. Штета што не можевме да ги искористиме во второто полувреме. Рома нема играчи со толку висок квалитет.

Кога е во форма, играта на Дибала се развива на еден начин. Но, дури и половина од неговиот потенцијал е доволен, треба да игра“, нагласи Гасперини.


Босанецот Пјаниќ ја заврши професионалната кариера

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Јувентус и ЦСКА Москва, Миралем Пјаниќ, го објави своето фудбалско пензионирање.

„Нема да играм повеќе. Се пензионирав. Сега живеам во Дубаи и повеќе не сум фудбалер – јас сум татко на мојот мал син и тој е мој приоритет“, изјавил Пјаниќ во разговорот со новинарот Николо Шира.

Последниот клуб на 35-годишниот Босанец беше ЦСКА Москва, која ја напушти во текот на летото. Се пишуваше дека Пјаниќ се обучувал за да стане агент во Дубаи.

Пјаниќ играше и за Мец, Лион, Рома, Бешикташ и Ал-Шарџа.

Босанецот освои седум трофеи со Јувентус, два со Ал-Шарџа и по еден со Барселона, ЦСКА (Куп на Русија) и Бешикташ.