фудбал

Вардар со победа над Шкендија ја потврди титулата

Фудбалерите на Вардар триумфално ја завршија сезоната во Првата лифа и со победа од 3-0 во дуелот против најголемиот конкурент Шкендија Тетово го прославија враќањето на тронот во македонскиот фудбал.

За Вардар ова е прв шампионски трофеј по пауза од шест години, а вкупно 12. во клупската историја.

Новиот шампион поведе во 22. минута кога Нуман Ајетовиќ ја погоди сопствената мрежа. Во 36-тата, Горан Закариќ зголеми на 2:0, а триумфот го потврди Бобан Николов со голот постигнат на девет минути пред крајот на натпреварот.

Шкендија имаше можност да го постигне почесниот погодок, но Лиридон Љатифи во два обида не успеа да реализира удар од 11 метри.

По првиот пенал одлично реагираше голманот на “црвено црните”, Давор Талески, кој успеа да го одбрани и вториот шут откако судијата Бенјамин Ќерими донесе одлука ударот да се повтори.

Новиот шампион на Македонија, сезоната ја заврши со 80 бода, шест повеќе од Шкендија. Избраниците на Гоце Седлоски забележаа 25 победи и пет нерешени резултати и само два пати ја почувствуваа горчината на поразот.

Најефикасен во редовите на првакот е Азер Омерагиќ со 14 гола, Мато Роџерс кој си замина од екипата на полусезоната 12 пати се запиша меѓу стрелците, а на третото место со 11 погодоци е Горан Закариќ.


Пеп ќе стане глобален амбасадар на Сити Фудбал Груп

Пеп Гвардиола утре за последен пат ќе го води Манчестер Сити, потоа заминува од клубот, а веќе е познат и неговиот следен ангажман.

Гвардиола нема да биде тренер, тој ќе биде глобален амбасадор на Сити Фудбал Груп.

Тоа значи дека ќе работи за истите газди, но сега во една поинаква улога.

Пеп ќе биде технички советник на клубовите во групацијата, ќе работи на специфични проекти и колаборации.


Бенитез доби отказ од тренерското место во Панатинаикос

Панатинаикос се раздели со Рафаел Бенитез по разочарувачката сезона во која клубот не успеа да ги постигне своите цели.

Искусниот 66-годишен стручњак го предводеше Панатинаикос во вкупно 41 натпревар и оствари учинок од 20 победи, 11 нерешени и 10 порази, со просек од 1,73 освоени поени по натпревар.

Атинскиот гигант ја заврши сезоната на четвртото место во плејофот од грчкото првенство, додека во националниот Куп беше елиминиран во полуфиналето.

Панатинаикос го заврши своето европско патување во осминафиналето од Лигата на Европа.

Според грчките медиуми, главен кандидат за нов тренер е Јакоб Неструп, 38-годишен дански стручњак кој бележеше одлични резултати со Копенхаген во претходните години.


Бруно Фернандез е играч на сезоната во Премиер лигата

Играчот од средниот ред и капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е прогласен за најдобар играч во англиската Премиер лига за сезоната 2025/26, соопшти прес-службата на натпреварувањето.

„Ова е сезона за историските книги“, се вели во соопштението на Премиер лигата.

Португалскиот играч од средниот ред одигра 34 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи осум гола и 20 асистенции. Фернандеш го израмни рекордот за најмногу асистенции во една сезона во англиската Премиер лига.


Едерсон од Аталанта ќе го засили Јунајтед

Тренерот на Аталанта, Паладино, го потврди она што се пишуваше во изминатите денови.

Имаше гласини од релавантни извори дека Манчестер Јунајтед е во преговори со Аталанта за трансфер на фудбалерот од средниот ред, Едерсон.

Тој не настапи на вчерашниот меч против Фиорентина, а причината е токму тоа, се водат преговори за негов трансфер.

„Едерсон не играше на овој меч бидејќи има конкретни преговори со топ клуб“, рече Паладино.

Тој не го посочи името на клубот, но сите знаат дека се работи за Манчестер Јунајтед.


Аргентинецот Барко ќе биде првото засилување на Чаби Алонсо во Челзи

Англискиот гигант Челзи го договори трансферот на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко од француски Стразбур, клуб кој е дел од истата сопственичка структура под „БлуКо групацијата“.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека сите детали се договорени, а Барко се приклучува на лондонскиот тим, кој ќе биде под водство на тренерот Чаби Алонсо од 1 јули годинава.

Според информациите, трансферкот на Барко ќе изнесува околу 30 милиони евра, а Аргентинецот ќе стави потпис на шестгодишен договор.

Аргентинецот оваа сезона воодушеви со неговите настапи во дресот на Стразбур, односно на 43 настапи во сите натпреварувања постигна три голови и девет асистенции.


Георг Стојановски со хет-трик му донесе отстанок на Спартак Варна

Македонскиот фудбалски интернационалец Георг Стојановски беше херој на својот тим Спартак Варна кој е предводен од нашиот познат тренер е неговиот дедо Ѓоко Хаџиевски.

Во рамки на последното коло на шампионатот на Бугарија екипата на Спартак Варна дојде до многу важна победа над Локомотив Софија со резултат 3:0, а човек на натпреварот беше Гео Стојановски. Напаѓачот постигна хет-трик во мрежата на противникот, најважни погодоци сезонава затоа што Варна се спаси од испаѓање.

Бугарскиот тим избега од местото кое водеше во бараж или директно во понизок ранг и е на првата безбедна позиција. Во битката за опстанок најважно беше што Септември Софија не успеа да слави.


Димарко МВП на сезоната во Серија А

Фудбалерот на Интер, Федерико Димарко ја доби наградата за најдобар играч во сеозната, во Серија А.

Левиот крилен бек, со Интер ја освои двојната круна, а успеа да го сруши рекордот според бројот на систенции во една сеозна.

Чуварот на мрежата на Рома, Миле Свилар, втор пат по ред е прогласен за најдобар голман во Серија А. Сезонава за Рома бранеше на сите досегашни натпревари, вкупно 37, во Серија А.

Мрежата на 26-годишникот роден во Антверпен остана недопрена во 17 натпревари. Рома во последното коло, во Верона, брка победа и пласман во Лигата на шампионите. ,

Ѕвезда во подем е турскиот крилен напаѓач на Јувентус, Кенан Јилдиз, додека најдобар тренер е Романецот Кристијан Киву, кој го предводеше Интер до дуплата круна, прва по 2010 година.

Најдобар дефанзивец е Марко Палестра од Каљари, најдобар играч од средниот ред е Нико Паз од Комо, а најдобар напаѓач е Лаутаро Мартинез од Интер.

Следната сезона во Серија А ќе започне на 23 август.


Барди промаши пенал, Коњаспор го загуби финалето на Купот

Фудбалерите на Трабзон го освоија Купот на Турција, со победата 2-1 над Коњаспор, чии дрес го носи капитенот на Македонија, Енис Барди.

Енис Барди е трагичар на финалниот натпреварот, од перспективата на нанвивачите на Коња. Во 58-та минута не реализира пенал при резултат 1:1. Ударот на Барди заврши во левата статива од голот на Онана.

Инаку, Трабзон водеше од 18-та минута со голот на Онуачу, а изедначи Мулека во 50-та минута. Барди потоа не реализира пенал за целосен пресврт, а казната Коњаспор ја стигна во 79-та минута кога Онуачу од пенал го постави конечниот резултат.


Иниеста почнува тренерска кариереа од ОАЕ

Легендарниот Андрес Иниеста ја започнува тренерската кариера со договор во Гулф Јунајтед од Обединетите Арапски Емирати.

По завршувањето на играчката кариера во 2024 година, шпанскиот мајстор ќе работи со млади фудбалери и ќе го пренесува своето огромно искуство во развојот на тимот.

Иниеста веќе започна со тренерска едукација и се подготвува за иднина во посилни лиги.