фудбал

Двајца „кралеви“ позитивни на ковид-19 по дербито со Атлетико

Проблеми за Реал Мадрид затоа што фудбалерите на оваа екипа, Лука Модриќ и Марсело се позитивни на коронавирус, објави денес Реал Мадрид.

Двајцата играчи добија позитивни резултати на редовното тестирање и ќе ги пропуштат следните два првенствени натпревари, во кои ривали на „кралскиот клуб“ ќе бидат Кадиз и Атлетик Билбао.

Според најавите нивно враќање на терените се очекува за првиот натпревар водечката екипа во Ла Лига во 2022 година. Модриќ и Марсело имале позитивни резултати за ковид-19  само три дена по градското дерби против Атлетико. На тој натпревар Модриќ ги одигра сите 90 минути, додека Марсело не влезе во игра.


Барса го враќа Габигол во Европа

Барселона очајно бара напаѓач во зимскиот преоден рок.

Една од опциите е Габриел Барбоса – Габигол.  После враќањето од Европа и лошто искуство Интер Габигол игра одлично во Јужна Америка, сега сака повторно во Европа. Лапорта разговарал со Раиола за Халанд и Погба, но тие не се опции за јануари.

Како и да е многу веројатно дека Барселона ќе доведе напаѓач во јануари останува да видиме кој ќе биде тоа, се споменуваше и Кавани.


Реал ќе го продаде Асенсио за да го финансира трансферот на Мбапе

Реал Мадрид е спремен да го продаде Марко Асенсио, па неколку заинтересирани клубови веќе работат на трансферот.

„Кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Килијан Мбапе и се убедени дека само прашање на време е кога Французинот ќе пристигне во Мадрид, па поради тоа се спремни да го продадат Асенсио.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот.

Најсилен интерес за Шпанецот покажуваат англиските гиганти Ливерпул и Арсенал, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Покрај нив, интерес за Асенсио покажуваат уште Милан, Јувентус и Тотенхем.


Бенфика спремна да испрати понуда за Самуел Умтити

Бенфика е заинтересирана за услугите на дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити. Португалскиот гигант стапил во контакт со раководството на Каталонците за да се распрашаат за можноста да го доведат Французинот во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.

Бенфика мора да доведе итно нов централен дефанзивец откако го загуби Лукас Верисимо, кој заработи тешка повреда и ќе отсуствува долго време од терените.


Вејн Руни е можен нов тренер на Евертон

Англиските медиуми ја пренесуваат веста дека постои можност Вејн Руни да го замени Рафаел Бенитез на тренерската позиција во Евертон.

Екипата на Евертон во последно време забележува очајни резулати и во последните девет натпревари имаат само една победа и шест порази. 

Челните луѓе на клубот веќе размислуваат за ангажирање на нов тренер при што се споменува името на поранешниот играч на Евертон и сегашен тренер на Дерби Каунти, Вејн Руни.


Почетино: Реал има топ екипа, но убеден сум дека ќе ги совладаме

Екипата на Париз Сен Жермен на повторената ждрепка од УЕФА, за свој противник во осминафиналето од Лигата на шампиони го доби Реал Мадрид, кој можеби е еден од најсериозните конкуренти за титулата.

Сепак тренерот на ПСЖ во самоуверена изјава вели дека неговиот тим е доволно моќен за да го елиминира Реал Мадрид во нивниот двомеч.

„Очекувам тежок дуел бидејќи Реал располага со топ екипа и искусен тренер. Тие се навикнати на успеси во Лигата на шампионите имајќи ја во предвид нивната богата историја на освоени трофеи. Бидејќи натпреварите се закажани за февруари најбитно ќе биде дотогаш да ја подигнеме формата на нашата екипа. Имам огромна доверба во нашите играчи кои се спремни да го победат било кој тим, вклучително и Реал Мадрид. Целта на ПСЖ е само победа“, изјави Почетино. 


Елмас ќе биде спремен за настап на дербито против Милан

Фудбалскиот клуб Наполи објави добра вест дека повредата на македонскиот фудбалер Ељиф Елмас не е сериозна и дека тој ќе биде подготвен за настап на дерби натпреварот против Милан овој викенд.

Елмас се пожали на болка и беше принудно заменет на натпреварот против Емполи во кој неговиот Наполи забележа пораз од 0:1.

Тренерот на екипата, Спалети ќе може да смета на 22-годишниот фудбалер  за кого во повеќе наврати изјави дека е одличен играч за повеќе позиции во тимот и со сигурност ќе биде од голема корист за дуелот против второпласираниот Милан.

Елмас оваа сезона има гол и асистенција во Серија А, но и пет погодоци во Лига Европа.


Милан без Рафаел Леао до крајот на годината

Милан до крајот на годината нема да може да рачуна на услугите од напаѓачот Рафаел Леао.

Тој заработи повреда која ќе го оддалечи од терените до јануари. 22-годишниот Португалец се повреди на дуелот со Салернитана на почетокот од месецов на кој „росонерите“ славеа со 2:0.

Од медицинскиот тим на Милан објаснуваат дека повредата на мускулот не е од сериозен карактер но поради бавното закрепнување неговото враќање во тимот ќе биде пролонгирано.

Леао сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Наполи и Емполи, но се очекува да биде на располагање на тренерот Пиоли за дерби натпреварот со Рома закажан за 6 јануари.


Нови проблеми за Евертон, Ричарлисон ќе паузира најмалку 2 недели

Напаѓачот на Евертон, Ричарлисон, поради повреда нема да игра за својот тим во наредните неколку недели. 

24-годишниот Бразилец се пожали на болка и беше заменет на полувремето од натпреварот со Кристал Палас во кој Евертон беше поразен со 1:3.

Дополнителните лекарски прегледи покажаа дека се работи за кинење на мускулот од десната потколеница за што следува неколку неделно опоравување.

Ричарлисон оваа сезона има пад во формата и за Евертон успеа да постигне само 3 гола.


Сент Етјен за нов тренер го постави Паскал Дупра

Францускиот прволигаш Сент Етјен го постави Паскал Дупра за нов тренер на екипата. Тој доаѓа на местото од Клод Пуел кој доби отказ од клубот минатиот викенд, после поразот на домашен терен од Рен со 0:5.

Дупра претходно беше тренер на второлигашот Каен но и тој беше отпуштен минатиот март и досега не беше ангажиран од ниту една екипа. 

Тој има искуство од преземање на клуб кој се наоѓа во резултатска криза бидејќи во 2016 успеа да го спаси од испаѓање тимот на Тулуз.

Екипата на Сент Етјен се наоѓа на дното од француската Лига 1 со 12 бода после 18 одиграни натпревари.