фудбал

Гвардиола му даде поддршка на Потер по дуелот во ФА Купот

Манчестер Сити го елиминира Челзи од ФА Купот со 4-0 во натпревар во кој лондонскиот клуб дозволи само еден удар кон противничкиот гол.

Гневните навивачи на Челзи го скандираа името на поранешниот менаџер Томас Тухел, разочарани од настапите на тимот под водство на Греам Потер, а во одбрана на Потер дојде менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

„Му треба време. Би му рекол на сопственикот на Челзи, Тод Боли дека мора да му даде време на Греам. Знам дека резултатите се важни во големите клубови, но дајте му време на човекот. На сите тренери им треба време. Особено во првата сезона. Имав резултати во Барселона, но јас го имав Лионел Меси и тоа е доволно“, изјави Гвардиола.

Потер го презеде Челзи во септември и во 18 натпревари претрпе шест порази со осум победи. Челзи моментално е на десеттото место во Премиер лигата и заостанува 10 бода зад Манчестер Јунајтед кој го држи местото кое води во Лигата на шампионите.


Арсенал убеден во договор со Михаило Мудрик

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо изјави дека лондонски Арсенал е сигурен во потписот на напаѓачот на Шахтјор, Михаило Мудрик во зимскиот преоден рок.

„Секако дека Арсенал е уверен и Артета исто така е сигурен во овој договор. Но, постигнувањето договор со Шахтјор е клучно. Тие беа толку силни во преговорите дури и во август кога одбија 30 милиони евра од Евертон, што беше одлична понуда. Во овој момент од преговорите, не беше спомената временска рамка, тие продолжуваат“, напиша Фабрицио Романо во својата колумна.

Да напоменеме дека лондонскиот тим се нарекува главен претендент за потписот на 21-годишниот фудбалер. Самиот Мудрик е исто така заинтересиран за преселба во Арсенал, во кој е неговиот сонародник Александр Зинченко.


Кудус последна желба на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Ајакс,
Мохамед Кудус, пренесуваат медиумите на Островот.
„Црвените ѓаволи“ ги следеле настапите на 22-годишниот напаѓач на
Светското првенство, каде одигра одлични партии за селекцијата на
Гана. Кудус игра одлична сезона за Ајакс и оваа сезона постигна 4
гола во Лигата на шампиони, па го провлече вниманието на многу
еврпопски гиганти.
Манчестер Јунајтед е во потрага по нов напаѓач па веќе започнале
преговори со Ајакс.
Меѓутоа, трансферот е тежок за реализацуја бидејќи Јунајтед го сака
напаѓачот на позајмица со право на откуп.


Абрахам: Чувствував дека ќе постигнам гол против Милан

Фудбалерот на Рома, Тами Абрахам, не крие дека е задоволен со вчерашното реми кај Милан (2-2) остварено во рамките на Серија А.

„Волчицата“ имаше негатива до 88 минута кога прво Ибањез а малку подоцна и Абрахам постигнаа голови за изедначување.

„Чувствував дека ќе дадам гол. Моравме да играме трпеливо и да ја чекаме нашата шанса. Реагирав добро по ударот на Матиќ“, вели напаѓачот на Рома.


Челзи останува неколку недели без Кристијан Пулишиќ

Тренерот на фудбалскиот клуб Челзи, Греам Потер, објави дека крилниот напаѓач, Кристијан Пулишиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку две недели. 

Американскиот репрезентативец повредата ја заработи на натпреварот со Манчестер Сити во Премиер лигата, кој лондончани го загубија со резултат 0:1.

„Кристијан пред неколку дена имаше силен удар во коленото и се уште ја анализираме неговата состојба. Претпоставувам дека тој ќе биде надвор од терените неколку недели“, изјави тренерот Потер после уште еден пораз од Сити, овој пат со 4:0 во рамките на ФА Купот.


Килијан Мбапе: Зидан е Франција

Еден од најдобрите светски фудбалери, Французинот Килијан Мбапе, излезе со своја реакција на скандалозната изјава на претседателот на Француската фудбалска федерација, кој рече дека нема ниту да му одговори на телефон на Зинедин Зидан доколку тој се јави за да се понуди за работа како селектор.

Оваа изјава на челникот на Федерацијата воопшто не му се допадна на Мбапе. Познатиот фудбалер кој е член на ПСЖ преку социјалните мрежи испрати порака со поддршка за Зидан и постира дека Зидан е Франција, и недопустлив е таков однос кон една легенда.

Зидан во минатиот период одбил неколку понуди, чекајќи да ја преземе функцијата селектор на Франција. Сепак, на крајот францускиот фудбалска федерација се одлучи да му го  продолжи договорот на актуелниот селектор Дидие Дешам.


Роналдо ќе дебитира за Ал Наср на 21 јанури

Дебито на Португалецот Кристијано Роналдо во дресот на Ал Наср ќе
се случи на 21 јануари кога во рамки на 14. коло од фудбалското
првенство на Саудиска Арабија, неговиот нов клуб ќе игра против Ал
Етифак,во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко
Велковски.
Роналдо пред два дена беше прмоворан како ново засилување на
саудискиот прволигаш, а навивачите на Ал Наср очекуваа
португалскиот напаѓач да дебитира на денешниот првенствен
натпревар против Ал Тае.
Меѓутоа, Роналдо, според правилата на ФИФА, ќе мора да пропушти
два натпревари за својот нов клуб поради суепснецијата која му ја
изрече Манчестер јунајтед во врска со инцидентот кога напуштајќи го
теренот по натпреварот со Евертон, скрши мобилен телефон на дете
со аутизам.
Роналдо потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, а годишно

ќе заработува околу 200 милиони евра.


Дешамп потпиша нов договор со Француската фудбалска федерација

Француската фудбалска федерација уште по мундијалот навести дека
планира да го задржи Дидие Дешамп на селекторската позиција, а
денеска стигна и официјална потврда.
Преку својата официјална интернет страница, федерацијата објави
дека Дешамп го продолжил договорот и ќе биде предводник на
„триколорите“ барем до 2026 година.
Претходно се шпекулираше дека Дешамп ќе замине по СП во Катар,
но пласманот во финалето и начинот на кој Французите останаа без
титулата, очигледно биле доволни аргументи за искусниот стручњак
да добие доверба за уште најмалку два квалификациски циклуси.
Дешамп ќе ја води Франција и на следното Европско првенство, но и
во квалификациите за мундијалот и завршниот турнир во 2026
година, додека оваа одлука истовремено може да биде најава и за тоа
што ќе се случува со одредени репрезентативци, вклучувајќи го и
Карим Бензема.


Бразил размислува за Далиќ како наследник на Тите

По заминувањето на Тите од селекторската функцијаво Бразил,
тамошната федерација се впушти во процес на избор на нов селектор.
Неколку имиња веќе го одбија тимот на „Селесао“, меѓу нив Жозе
Мурињо, но и Пеп Гвардиола, а сега неверојатно се појави уште едно,
неочекувано име на хоризонтот како желба на бразилската фудбалска
федерација.
Ако се верува на хрватските медиуми, поточно на „вечерњи лист“,
Бразил го следи Златко Далиќ, за кој биле заинтересирани да му
понудат ангажман.
Далиќ кој со Хрватска прво пред четири години во Русија освои
сребрен медал, каде беа поразени од Франција во финалето, за во
Катар пред еден месец, да освојат бронзен, добивајки го Мароко во
мечот за трето место.
Инаку Бразил последните 100 години, го имат водено само двајца
странски селектори, Уругваецот Рамон Платеро во 1925 година и
Португалецот Жорж Гомез да Лима во 1944 година.


Потер се предомисли, Челзи му нуди нов договор на Канте

Челзи и Канте би можеле да ја продолжат соработката. Според
последните информации преговорите помеѓу двете страни одат во
вистинска насока и Канте би можел да потпише нов повеќегодишен
договор до 2026 година.
Канте оваа сезона се мачеше со повреди, практично не ни играше, па
поради тоа клубот беше поделен околу неговиот нов договор.
Од самиот почеток Канте приоритет го стави останувањето во Челзи,
иако се споменуваше дека може да замине во Барселона.