фудбал

Европски гиганти во трка по млада ѕвезда на Ајакс

Само 17 години има Жорти Мокио, но веќе предизвикува сериозен интерес кај европските фудбалски гиганти. Младиот белгиски играч од средниот ред на Ајакс е внимателно следен од скаути на Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Реал Мадрид. 

Израснат во славната академија на Ајакс, Мокио се истакнува со техничка умешност, визија и зрелост кои ретко се гледаат кај негови врсници. Неговите настапи на младинските натпреварувања само го засилија интересот и го вметнаа меѓу најперспективните млади фудбалери во Европа. 

Според извештаи, Јунајтед и Реал веќе неколку пати испратиле свои луѓе да го следат во живо, што јасно покажува колку сериозни се нивните намери. Со оглед на репутацијата на Ајакс за создавање врвни играчи, борбата за потписот на Мокио ќе биде остра и возбудлива. 

Сите погледи сега се вперени кон неговиот следен чекор, каде ќе продолжи кариерата на момчето кое многумина го гледаат како идна ѕвезда на европскиот фудбал. 


Тежок удар за Атлетико: Алварез го пропушта дуелот со Ливерпул

Атлетико Мадрид ќе настапи без својот прв напаѓач, Хулијан Алварез, за стартот во Лигата на Шампионите против Ливерпул. Аргентинецот има проблеми со коленото и нема да биде дел од тимот за гостувањето во Англија. 

Алварез беше заменет на полувремето во победата против Виљареал и не успеа да се опорави навреме. Ова е сериозен удар за тимот на Диего Симеоне, особено ако се земе предвид дека минатата сезона беше најдобар стрелец во тимот со 29 голови. 

Атлетико ионака се соочува со проблеми со повредени играчи. Алекс Баена, Тијаго Алмада и Хосе Марија Хименез сигурно ќе отсуствуваат, додека Дејвид Ханко сè уште е под знак прашалник, иако покажува напредок во закрепнувањето. 

Симеоне ќе мора да ги промени плановите и да најде нови решенија во нападот пред тешкиот дуел со премиерлигашкиот шампион.  


Робертсон го брани Керкез по „тежок“ старт во Ливерпул

Енди Робертсон јавно застана во одбрана на новиот соиграч Милош Керкез, кој се соочува со тешкотии во првите натпревари како играч на Ливерпул. Младиот бек, кој пристигна од Борнмут, беше заменет рано на неодамнешниот натпревар против Барнли, но Робертсон останува уверен дека Керкез има светла иднина на Енфилд. 

Тој признава дека носењето на дресот на Ливерпул носи голем притисок, но потенцира дека адаптацијата бара време. Според него, Керкез има квалитет и менталитет да успее, иако почетокот не е лесен. 

Керкез е познат по својата енергија и офанзивна агресивност, стил кој добро се вклопува со тактичките идеи на менаџерот Арне Слот. Во Борнмут се истакна со долги трчања, центаршутови и цврста одбрана, квалитети кои може уште повеќе да дојдат до израз во тим како Ливерпул со повеќе посед и поквалитетни соиграчи. 

Конкуренцијата помеѓу Робертсон и Керкез на левата бековска позиција ја отсликува стратегијата на клубот, комбинација од искуство и младост. Робертсон, кој блескаше како замена во натпреварот со Барнли, ја користи шансата да го врати своето место, но истовремено ја гледа конкуренцијата со Керкез како здрава и корисна за тимот низ долгата и тешка сезона. 


Белингам и Камавинга се враќаат во акција за Реал

Реал Мадрид добива значаен поттик со враќањето на Џуд Белингам и Едуардо Камавинга пред една критична фаза од Лигата на Шампионите. Двајцата играчи, по тешки повреди, сега се подготвени да внесат свежина, креативност и повеќе опции во средината на теренот. 

Белингам се подложи на операција на рамото во средината на јули, откако долг период се справуваше со проблеми со дислокација која првпат се појави во ноември 2023 година за време на меч од Ла Лига. Играл со болка и ограничена подвижност, а операцијата го држеше надвор од теренот околу 10‑12 недели, што значеше пропуштање на почетокот на сезоната.  

Камавинга, пак, доживеа комплетно пукање на тетивата на левиот адуктор во април 2025, за време на мечот со Гетафе во Ла Лига. Беше исклучен од теренот околу три до четири месеци, а дополнителна повреда на глуждот во тренинг ја одложи неговата подготвеност за настап.  

Сега кога се целосно здрави, двајцата играчи му даваат на тренерот Чаби Алонсо поголема флексибилност во средината на теренот.  


Барселона го гледа Халанд како идеален наследник на Левандовски

Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, го гледа напаѓачот на Ерлинг Халанд како клучен играч што треба да ја предводи новата генерација на клубот по завршувањето на договорот на Роберт Левандовски во 2026 година. 

Интересот на Лапорта за Халанд не е нов, тој веќе се обидуваше да го донесе норвежанецот пред неговиот трансфер во Сити. Сега, кога клубот веќе планира за иднината, Халанд останува во фокусот како идеален играч за новата фаза на Барса. 

Иако финансиската состојба на клубот останува чувствителна, поради високите трошоци за трансфери, плати и реновирање на стадионот, Лапорта не отстапува од својата идеја. Тој верува дека Барселона може да го убеди Халанд, и покрај тоа што има договор со Манчестер Сити до 2034 година. 

Иако на радарот се и алтернативи како Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, Халанд се смета за идеален потег кој може да ја симболизира новата ера и да биде главна ѕвезда на големото отворање на обновениот Камп Ноу. 


Манчестер Сити се вклучува во трката за Гехи по пропаднатиот трансфер во Ливерпул

Манчестер Сити се приклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Гехи, кој следното лето ќе биде слободен агент, откако трансферот во Ливерпул пропадна во последен момент. 

Договорот вреден 35 милиони фунти меѓу Ливерпул и Палас бил речиси завршен, но Палас ненадејно се повлече, отворајќи врата за други европски гиганти да се вмешаат, меѓу нив сега и Сити. 

Иако тимот на Гардиола претходно не покажа интерес, промената на околностите со истекот на договорот на Гехи летово ги натера Сити да се активираат. Од јануари, и Сити и Ливерпул, како и странски клубови, ќе можат слободно да преговараат со 25-годишниот без вклученост на Палас. 

Интересот за Гехи не доаѓа само од Премиерлигата. Клубови како Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Интер и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата, свесни за шансата да донесат проверен интернационалец без отштета. 

И покрај шпекулациите, Гехи нема намера да го напушти Палас во јануари и сака да ја заврши сезоната со клубот пред да одлучи за иднината. 


Белингем спремен за игра многу порано од предвиденото

Џуд Белингам веќе е целосно закрепнат и може да биде искористен од Чаби Алонсо во натпреварите на Реал Мадрид. Ова беше потврдено откако играчот од средниот ред беше вклучен во тимот на „кралевите“ за дуелот со Марсеј во Лигата на шампионите во вторник вечер.

Ова е речиси сензационално, бидејќи точно пред два месеци Англичанецот претрпе операција на рамото, по што обично се потребни 3-4 месеци за лекување. Сепак, сега Белингам е веќе на располагање, бидејќи извесно време тренира со главната група.

На располагање е и Едуардо Камавинга, кој се повреди во април.

Надвор од тимот остана Ендрик, кој исто така е близу до закрепнување, како и Ферлан Менди и Антонио Ридигер, кои имаат посериозни повреди.


Кон крајот на септември Барса се враќа на „Камп Ноу“

Според информациите од Шпанија, Барселона наскоро треба да се врати на својот стадион, Камп Ноу.

Камп Ноу веќе подолго време се реновира, тој нема да биде готов во брзо време, но тимот ќе почне да игра таму, а капацитетот етапно да се зголемува.

Барселона и следниот натпревар ќе го игра на Јохан Кројф стадионот, тоа е дуелот против Хетафе, но потоа оди на Камп Ноу.

Против Реал Сосиедад (28 септември) во Ла Лига и ПСЖ (1 октомври) во Лигата на шампионите фудбалерите на Барса ќе играат на Камп Ноу.

Во првата фаза по враќањето, Камп Ноу ќе биде со капацитет од само 27.000 гледачи.


Јуве одбил 70 милиони евра за Јилдиз

Челзи имаше амбиции да го ангажира Кенан Јилдиз, но ЈУвентус ја одби понудата од „Стенфорд Бриџ“.

Клубот од Лондон беше активен во преодниот рок, не штедеше пари, а Кенан Јилдиз исто така беше во плановите на „сините“.

Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, во Торино стигнала понуда од 70.000.000 евра, пишува „Калкомеркато“.

„Старата дама“, ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на долг рок, а извештајот го покажува и планот за продолжување на неговиот договор до 2030 година, со зголемување на платата.

Откако беше промовиран во првиот тим на Јувентус, Јилдиз брзо се етаблираше и стана незаменлив член на стартната постава.


Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и Албанија ќе се игра во Лесковац, објавено е на веб-страницата на Европската фудбалска унија (УЕФА).

Како што е наведено, натпреварот од седмото коло од Групата К помеѓу Србија и Албанија ќе се игра на 11 октомври во 20:45 часот на стадионот „Дубочица“ во Лесковац.

Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но Фудбалскиот сојуз на Србија побара од Европската куќа на фудбалот домаќин да биде Лесковац.
На табелата од Групата К, Англија е прва со сите 15 бодови од пет натпревари, а Албанија е втора со осум бодови. Србија е третопласирана со седум бодови