Miodrag Bozovic 18.4.1017. April 18. 2017. Superliga Srbije, Crvena Zvezda – Partizan derbi plej of play off (credit image & photo: Pedja Milosavljevic / STARSPORT)
Миодраг Божовиќ е новиот тренер на фудбалерите на Вардар. Црногорскиот стратег играше за Будуќност Подгорица, Црвена Ѕвезда, Пелита, АПОП, РКЦ Валвијк, Ависпа Фукуока и Розендал пред да влезе во тренерските води.
Таму работеше во ФК Београд, јапонскиот Сапоро, Борац Чачак, АЕП Пафос, Хајдук Белград, Обилиќ, Амкар Перм, ФК Москва, Динамо Москва, Ростов, Локомотив Москва, Арсенал тула и Крилја Советов. Во еден перид беше тренер и на Нефчи Баку од Азербејџан и иранскиот гигант, Естеглал.
Треба да се напомене дека во сезоната 2015/16 ја освои шампионската титула во Србија со „црвено-белите“ со историска серија од 24 последователни победи.
Почина легендата на хрватскиот фудбал – Иван Гудељ
На 67-годишна возраст, во Загреб по кратко боледување, почина познатиот фудбалер, репрезентативец, тренер и долгогодишен инструктор на ХНС, Иван Гудељ.
Тој е роден во Имотски на 21 април 1960 година, почнал да игра фудбал во Мрачај од Руновиќи, од каде што се преселил во Хајдук и станал еден од најомилените играчи на генерацијата што постигнала значајни резултати во Европа.
Гудељ одигра 362 натпревари за Хајдук и постигна 93 гола, го освои првенството и два Купа а се појави 33 пати за југословенската репрезентација и постигна три гола. Во својата кратка тренерска кариера ги водеше Хајдук и Задар а работеше и како селектор на помладите репрезентации на „коцкести“.
Потценетиот трансфер-прозор на Депортиво заслужува повеќе внимание, исто како и нивните шанси да ја изненадат Ла Лига
Новопромовираните клубови најчесто влегуваат на трансфер-пазарот со една главна цел: опстанок. Депортиво Ла Коруња, сепак, ова лето тргна по поинаков пат.
По враќањето во Ла Лига по осум години пауза, Депортиво реализираше десет засилувања и потроши околу 26 милиони евра, без да се смета целосната вредност на позајмиците. Само неколку шпански клубови инвестираа повеќе во текот на летниот преоден рок.
Но, она што го прави нивниот трансфер-период интересен не е само потрошената сума. Депортиво состави тим со внимателен спој на младост и искуство.
Лео Роман пристигна од Мајорка како најголемата поединечна инвестиција на клубот, додека Лоренцо Аматучи, Јонатан Асп Јенсен и Брајт Еде донесоа младост и потенцијал за развој. Потоа пристигна и искуството: Пјер-Емерик Обамејанг, Анхелињо и Адама Траоре. На последниот ден од преодниот рок пристигнаа уште две звучни имиња: играчот од средниот ред на Барселона, Марк Касадо, и дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хосе Марија Хименез, двајцата на позајмица.
За нов член на Ла Лига, ова е невообичаено комплетен трансфер-прозор. Депортиво не донесе играчи само за да ја зголеми бројноста на составот. Пристигнаа фудбалери со искуство од Бундеслигата, Серија А, Лигата на шампионите и репрезентативниот фудбал, но и млади играчи чија вредност допрва може да расте.
Разбирливо, Обамејанг е засилувањето кое привлече најголемо внимание. На 37 години постоеја оправдани прашања колку може да придонесе на ниво на Ла Лига. Неговиот почеток, сепак, брзо даде одговор.
Габонскиот напаѓач постигна гол на секој од првите три првенствени натпревари на Депортиво, вклучувајќи го и триумфот од 3-1 против Валенсија. Со три гола во три настапи, Обамејанг одигра важна улога во непоразениот старт на Депортиво, кој по првите три кола има една победа и две ремија.
Сепак, фокусирањето само на Обамејанг би значело да се занемари она што клубот го изгради околу него.
Касадо му носи на Антонио Идалго технички квалитетен играч од средниот ред, способен да игра под притисок. Хименез носи лидерство во релативно младата одбрана, но и огромно искуство со 270 настапи во Ла Лига и 69 натпревари во Лигата на шампионите. Анхелињо додава офанзивен квалитет од левата бековска позиција, додека Адама му дава на тимот сосема поинакво оружје во транзиција.
Секако, постојат и ризици. Кај дел од поискусните засилувања има прашања околу возраста, физичката подготвеност или минутажата во последните сезони, а ваков амбициозен трансфер-период носи и финансиски обврски кои не завршуваат со оваа сезона.
Но, ако се гледа исклучиво квалитетот и структурата на составот, Депортиво изгледа значително поподготвен од просечен новопромовиран тим.
Да се прогласи Депортиво за кандидат за Европа по само три натпревари би било прерано. Опстанокот и натаму треба да биде основната цел, особено по толку долго отсуство од шпанската елита.
Но, едно е да се прогнозира таков успех, а сосема друго да се посочи тим кој има потенцијал да биде едно од изненадувањата на сезоната.
Депортиво сега располага со вистински прволигашки квалитет во речиси секоја линија. Роман носи сигурност на голот, Хименез и Анхелињо искуство и квалитет во одбраната, Касадо и Аматучи го засилуваат средниот ред, додека Обамејанг и Адама нудат две сосема различни закани во нападот.
Начинот на кој клубот го одработи трансфер-периодот исто така покажува дека размислува за нешто повеќе од едноставно освојување на 17. место. Спортскиот директор Фернандо Соријано свесно комбинираше млади играчи со докажани ветерани, наместо да состави тим исклучиво за краткорочна борба за опстанок.
Тоа не значи дека пласман во Европа треба да биде очекување. Завршување на сезоната некаде околу горната половина на табелата веќе би претставувало исклучителен резултат во првата сезона по враќањето.
Но, меѓу аутсајдерите во Ла Лига, Депортиво може да биде еден од поинтересните кандидати за изненадување. Големите имиња ќе го привлечат вниманието, но вистинската причина за оптимизам е фактот што трансферите зад нив изгледаат логично, избалансирано и добро осмислено.
За новопромовиран клуб, токму тоа може да се покаже како многу поважно од кое било поединечно звучно засилување.
Трансфер-драмата на Монако: Пропаднаа зделките за Камара и Балогун, Челси и Евертон бесни
Обидот на Челси да го ангажира Ламин Камара во последниот ден од преодниот рок заврши на неочекуван начин, откако Монако се повлече од веќе договорениот трансфер на сенегалскиот играч за врска.
Двата клуба постигнаа целосен договор вреден околу 55 милиони евра, а Камара требаше да потпише шестгодишен договор по успешно завршените медицински прегледи. Договорот меѓу клубовите бил постигнат и во писмена форма, а веќе се правеле подготовки 22-годишниот фудбалер да отпатува за Лондон.
Сепак, Монако ја промени одлуката непосредно по затворањето на преодниот рок во Англија. Францускиот клуб го известил Челси дека повеќе нема намера да го реализира трансферот, откако повторно биле активирани преговорите со Евертон за продажба на Фоларин Балогун.
Одлуката предизвикала големо незадоволство во Челси. Лондонскиот клуб претходно го одобрил трансферот на Енцо Фернандез во Манчестер Сити за 125 милиони фунти, а Камара бил планиран како потенцијална замена во средниот ред. И покрај пропаднатиот договор со Монако, Челси решил да го испочитува договореното со Сити и му дозволил на Фернандез да замине.
Ситуацијата дополнително се искомплицирала поради намерата на Монако да продаде само еден од двајцата фудбалери, Камара или Балогун, пред затворањето на преодниот рок.
Евертон постигнал договор вреден околу 40 милиони фунти за Балогун, кој на последниот ден од преодниот рок отпатувал во Мерсисајд за да го комплетира трансферот. Сепак, во текот на денот се појавиле проблеми откако настанала компликација во процесот на медицинските прегледи.
Додека трансферот на Балогун бил под знак прашалник, Монако се насочил кон комплетирање на трансферот на Камара во Челси. Но, Евертон потоа повторно ги активирал преговорите и успеал да постигне нов договор, по што во Монако поверувале дека трансферот на Балогун сепак ќе биде реализиран.
Токму тоа го натерало францускиот клуб да се повлече од договорот со Челси за Камара.
Монако одбил да ја потпише потребната документација за трансферот на Камара пред крајниот рок во 23 часот, со што практично исчезнала можноста Челси подоцна да ја реализира зделката.
Во Челси биле особено незадоволни бидејќи преговорите веќе не биле само на ниво на устен договор, туку постоела и писмена согласност меѓу двата клуба.
Само неколку часа подоцна, одлуката на Монако доби уште понеочекуван епилог.
Иако Евертон ја доставил потребната документација и по долгите преговори изгледало дека Балогун конечно ќе се пресели во клубот, американскиот репрезентативец на крајот се повлекол од трансферот. Напаѓачот решил да не го комплетира преминот по хаотичниот последен ден од преодниот рок.
Тоа значеше дека Монако практично го блокирал трансферот на Камара во Челси за да го реализира преминот на Балогун во Евертон, но на крајот пропаднале и двете зделки.
Евертон остана без напаѓачот кој очекуваше да го додаде во својот состав, додека Челси го заврши преодниот рок без играчот за врска за кого веруваше дека веќе го обезбедил. Монако, пак, на крајот ги задржа двајцата фудбалери по неверојатна низа пресврти.
Така, две зделки кои беа во напредна фаза се претворија во една од најголемите трансфер-драми во завршницата на летниот преоден рок. За само неколку часа, Монако од клуб кој имаше можност да реализира два големи трансфери во Премиер лигата, остана без ниту еден; а начинот на кој беше водена зделката за Камара предизвика и големо незадоволство во Челси.
Мудрик има нов клуб, ќе игра за Тотенхем
Михајло Мудрик е нов член на Тотенхем, откако клубот официјално го потврди неговиот трансфер од Челзи и пристигнува во северен Лондон на едногодишна позајмица до крајот на сезоната, со вклучена опција за целосен откуп на договорот во летото 2027 година за 75 милиони фунти.
Тотенхем се сврте кон Мудрик во последните денови од преодниот рок откако претходно им пропаднаа зделките за Коди Гакпо од Ливерпул и Илиман Ндиаје, кој заврши во Манчестер Сити.
Покрај Мудрик, Тотенхем во истиот последен ден од преодниот рок го ангажираше и дефанзивецот Тосин Адарабиојо од Челси.
Хосан Хасан доби нов договор како египетски селектор
Египетската фудбалска асоцијација потврди дека Хосам Хасан кој имаше забележителен настап на последниот Мундијал, ќе остане на кормилото на репрезентацијата до 2030 година.
„Тој донесе нова енергија и визија во тимот. Веруваме дека под негово водство ќе постигнеме уште поголем успех“ – рече претседателот на организацијата.
„За мене е чест да продолжам да ја водам египетската репрезентација. Имаме состав со кој можеме да постигнеме многу“ – рече легендата на египетскиот фудбал кој е воедно и најдобар стрелец во историјата на „фараоните“.
Ренато Санчез нов голман на Комо
Италијанскиот фудбалски тим Комо го објави ангажманот на голманот Роберт Санчез на позајмица од англискиот состав Челзи.
Договорот беше склучен на последниот ден од преодниот рок во Серија А. Тој му се приклучува на Комо на позајмица од една сезона без опција или обврска за откуп на неговиот договор.
Ќе потсетиме дека Комо во текот на летово ги обезбеди: Мојс Кин, Самуел Ричи, Матија Либерали, Луис Мија, Јан Куто, Каики, Андрес Куенка и Вили Камбуала.
Трабзонспор го смени тренерот по лошиот старт на сезоната
Трабзонспор се раздели со тренерот Фатих Теке, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката.
Турскиот клуб не ја започна новата сезона според очекувањата, што на крајот доведе до одлука за промена на тренерската позиција. Трабзонспор во првите три кола од турското првенство освои само четири бода.
Дополнителен удар за тимот беше елиминацијата во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Трабзонспор беше елиминиран од унгарски Ференцварош и ќе продолжи во Лигата на конференции.
Интересно, Теке пред само четири месеци го предводеше Трабзонспор до трофејот во Купот на Турција, но лошиот почеток на новата сезона и неуспехот во европските квалификации беа пресудни за неговото заминување.
Тотенхем го потврди трансферот на Мудрик
Тотенхем официјално го потврди ангажманот на Михајло Мудрик, кој доаѓа од Челси на едногодишна позајмица.
Украинскиот крилен напаѓач ќе остане во Северен Лондон до крајот на сезоната 2026/27, а договорот меѓу двата клуба содржи и опција Тотенхем трајно да го откупи неговиот договор.
Мудрик повторно ќе соработува со Роберто Де Зерби, под чие водство настапуваше во Шахтјор Доњецк. Тренерот на Тотенхем добро го познава украинскиот репрезентативец и верува дека може да му помогне да ја врати формата и да го покаже потенцијалот кој го доведе во Челси.
Дваесет и петгодишниот фудбалер во јануари 2023 година пристигна во Челси од Шахтјор за иницијална сума од околу 70 милиони евра, која со бонуси можеше да достигне околу 100 милиони евра.
Мудрик во дресот на Челси одигра 73 натпревари, постигна 10 голови и запиша 9 асистенции. Во последниот период, сепак, неговиот развој беше запрен поради долгата пауза од фудбалот.
Рудигер нема повеќе да игра за германската репрезентација
Антонио Ридигер донел одлука да стави крај на репрезентативната кариера и повеќе да не го носи дресот на Германија, објавува „Марка“.
Искусниот дефанзивец сака во иднина целосно да се фокусира на обврските во Реал Мадрид и да го намали бројот на натпревари во текот на сезоната.
Ридигер по завршувањето на Светското првенство во 2026 година детално ја разгледал својата иднина и проценил дека токму сега е вистинскиот момент да се повлече од националниот тим. Една од главните причини е желбата да го зачува физичкото ниво и да има повеќе време за опоравување.
За Германија дебитираше во 2014 година, а во 12 години во репрезентативниот дрес запиша 86 настапи и постигна три гола. Со националниот тим го освои и Купот на конфедерациите во 2017 година.
Неговото заминување доаѓа во пресрет на новиот циклус на германската репрезентација, која ја презеде Јирген Клоп. Ридигер, наводно, сака да им отвори простор на помладите дефанзивци и да се насочи кон клупските обврски.