фудбал

Евертон и Кристал Палас ги разменија МекНил и Џонсон

Кристал Палас и Евертон постигнаа интересен договор.

Бренан Џонсон се сели во Евертон, а Двајт МекНил оди во Кристал Палас.

Бренан Џонсон го напушта Кристал Палас и ќе ја продолжи кариерата во Евертон, во спротивна насока, на „Хил Дикинсон“ се сели Двајт Мекнил.

Двајцата играчи ќе бидат подложени на медицински прегледи во текот на денот со што практично ќе се запечати договорот. Како што беше најавено, двајцата играчи ќе потпишат четиригодишни договори со своите нови клубови.

Мекнил беше блиску до преминување во Кристал Палас во јануари, но преговорите за позајмица со задолжителен откуп пропаднаа поради доцнење во решавањето на документацијата. Џонсон пристигна во Палас во зимскиот преоден рок од Тотенхем.


Џеф Безос купува акција во Ливерпул

Конзорциум во кој е вклучен и основачот на Амазон, Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од акциите во фудбалскиот клуб Ливерпул. Мнозинскиот сопственик на клубот, Фенвеј Спортс Груп (FSG), кој го управува Ливерпул од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се случи уште оваа недела.

Доколку договорот се реализира, Безос би му се придружил на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на Фејсбук, во инвестициската група. Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер на клубот Квинс Парк Ренџерс.

Еден извор наведува дека објавата се очекува во наредните денови, но забележува дека постои можност за одложување до следната недела. Со влегувањето на овој конзорциум во сопственост, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат ко-сопственици на „Црвените“. Форбс го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари.

Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценувала на шест милијарди долари, што го рангира договорот меѓу најскапите во историјата на спортот. Веста доаѓа во време кога фудбалот дебатира за планот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да продаде удел во комерцијалните права на натпревари, вклучувајќи го и Светското првенство за мажи.

Неговите предлози покренаа сериозни прашања за комерцијалната структура на фудбалот и позицијата на самиот Инфантино. Планот се појави во време на зголемен прилив на капитал во најголемите спортски клубови во светот, особено во фудбалот и водечките американски лиги.


Куртоа: Мурињо е вистинскиот човек за Реал

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, со суперлативи зборуваше за Жозе Мурињо и начинот на работа на португалскиот стратег, со кого повторно соработува по периодот поминат заедно во Челси.

Белгискиот голман истакна дека кај Мурињо особено ги цени дисциплината, јасно поставените правила и фактот што тимскиот интерес секогаш го става над индивидуалните амбиции на фудбалерите.

„Мурињо е многу барачки тренер. Става голем акцент на дисциплината и секогаш го става тимот пред индивидуалните играчи. За мене, тоа се суштински компоненти на победата“, изјави Куртоа.

Куртоа во својата кариера веќе имаше можност да работи со Мурињо во Челси. Токму под водство на португалскиот тренер, белгискиот репрезентативец и лондонскиот клуб стигнаа до титулата во Премиер лигата, а Куртоа денес со посебна емоција се присетува на тој период.

„Тој е одличен тренер и многу отворена личност. Кажува сè како што е и тоа ми се допаѓа. Мислам дека тоа е патот што треба да го избереме и тој е вистинскиот за нашиот тим“, додаде голманот на Реал Мадрид.


Себастијан Спахиу не е повеќе член на Шкендија

Македонскиот вицешампион, Шкендија меѓу двата европски натпревари против Хибернијан, се раздели со еден од играчите.

Се работи за Себастијан Спахиу кој ќе треба да си бара нов клуб.

„Крилото Себастијан Спахиу повеќе не е дел од Шкендија. Клубот и фудбалерот постигнаа взаемна согласност за раскин на неговиот договор. Шкендија му заблагодарува на Себастијан Спахиу за неговиот придонес во времето поминато во клубот и му посакува се најдобро во неговата кариера“, стои во соопштението.

Спахиу во Шкендија дојде во 2025 година од Иран.


Интер ќе ја подобри понудата за Диаби

Италијанскиот елитен состав Интер е подготвен да даде подобрена понуда до Ал-Итихад за потписот на крилниот напаѓач, Муса Диаби, кој треба да биде замена за Дензел Демфрис кој замина во Реал Мадрид.

27-годишниот француски репрезентативец му се приклучи на Ал-Итихад во 2024 година но, размислува да се врати во Европа.

Првичната понуда од 20 милиони евра беше одбиена. „Нероаѕурите“ сега веројатно ќе испратат повисока финансиска понуда.


Рома вечерва ќе го претстави Нахуал Молина

Фудбалерот, Ноел Молина, во текот на денов треба да пристигне во Италија за да ги помине медицинските прегледи во Рома пред да го финализира трансферот од Атлетико Мадрид.

„Волчицата“ за Аргентинецот ќе плати 13 милиони евра плус четири како бонуси. Тренерот на римјаните, Џан Пјеро Гасперини, најави дека Молина од вторник треба да биде подготвен да започне да тренира со новите соиграчи.

28-годишниот има искуство од Серија „А“ бидејќи настапуваше за Удинезе.


Вардар му врачи отказ на тренерот Фабијани

Ден по поразот од Шкендија, Вардар се раздели со тренерот Кристијан Фабијани, арегентинскиот стратег заминува од Скопје.

Кратко траеше авантурата на Фабијани во Вардар, тој подолго го студираше тимот додека Седлоски беше тренер отколку што тој самиот го водеше како шеф на стручниот штаб.

„ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш“, стои во соопштението на ФК Вардар.

Отказот следува по второто коло во Првата македонска фудбалска лига и поразот од Шкендија на домашен терен.


Каљари го потврди трансферот на Даниел Малдини

Каљари официјално го објави потпишувањето на договорот со офанзивниот играч за врска Даниел Малдини , кој пристигнува како трансфер од Аталанта.

Договорот е структуриран како трансфер за 1 милион евра со условна задолжителна опција за откуп од 8+1 милион евра. Доколку се активира, договорот на 24-годишниот играч ќе биде за пет сезони. Така, синот на Паоло Малдини ќе го носи тимот на седми различен тим во Серија А. Покрај неговиот матичен клуб Милан, Даниел играше и за Аталанта, Специја , Емполи, Монца и Лацио, претежно како позајмен.

Италијанецот, кој има 6 натпревари за италијанската репрезентација, има вкупно 22 натпревари со три гола за тимот од Бергамо, кој го привлече на почетокот на 2025 година за 13 милиони евра плус бонуси од Монца. Минатата зима, сепак, го испратија на позајмица кај „лацијалите“, каде што запиша 14 натпревари и два гола.

За разлика од Даниел, неговиот татко Паоло беше поим за верност, па во својата кариера играше само за еден клуб – Милан.


Мурињо: Бернардо треба многу да работи, физички заостанува зад другите

Жозе Мурињо беше исклучително искрен во критиките кон Бернардо Силва откако Португалецот го имаше својот прв настап за Реал Мадрид.

Во Будимпешта, Реал го победи Ференцварош во пријателски натпревар (2:1), а Бернардо Силва играше за прв пат во дресот на „кралскиот клуб“, откако пристигна како слободен играч од Манчестер Сити, каде што помина девет исклучително успешни сезони.

Силва е еден од оние играчи секогаш добива пофалби за работната етика и она што го прави на теренот, но Жозе Мурињо го критикуваше.

„Тој е многу важен играч за нас. Но, тој несреќник е еден од оние играчи што целосно се исклучуваат на одмор. Тој има корист од тоа во однос на менталната сила, но дојде на многу лошо физичко нивo.

Ќе мора многу да се подобри во тој поглед, но секако дека е неверојатен играч“, додаде Мурињо, кој појасни дека дури морал да ја промени позицијата на Силва во тимот за да го компензира недостатокот на форма. За време на натпреварот сфатив дека му недостасува сила, па го статвив да игра како „десетка“. Може да игра таму, може да игра на три или четири позиции“, рече Португалецот за својот сонародник.


Малдини: Пеп се согласи да ја преземе Италија, но…

Паоло Малдини, во опширно интервју за весникот „Кориере дела Сера“, детално го опиша својот краток и бурен мандат како технички директор на италијанската фудбалска репрезентација и настаните што доведоа до неговото заминување.

Во разговорот, тој откри дека бил блиску до договор со Пеп Гвардиола и објасни зошто не бил постигнат договор со Шпанецот.

Малдини раскажа како дошло до соработка со претседателот на здружението (ФИГЦ) Џовани Малага.

„Ми се јави на Велигден и ми рече дека постои можност да стане претседател и дека сака да бидам крај него. Се согласив. За мене, во фудбалот постојат само Милан и репрезентацијата“, рече Малдини.

„После тоа не се слушнавме еден со друг сè до денот пред изборите, кога повторно ми се јави. Рече дека неговите шанси се добри и ми ја понуди улогата на претседател на „Клуб Италија“. Не стануваше збор само за А репрезентацијата, целиот италијански фудбал мораше да се обнови.“

Тој веднаш го вклучи својот поранешен соиграч Леонард во проектот.

„Ги делиме истото пријателство, вредности и принципи. Лео има одлични организациски вештини и се разбираме многу добро. Осмисливме нова улога на техничката дирекција, која дотогаш не постоеше. Верувавме дека селекторот не треба директно да му одговара на претседателот, туку дека му е потребен соговорник од професијата.“

Нивниот план за закрепнување на италијанскиот фудбал беше долгорочен.
„Во Лигата, презентирав проект со две насоки. Првата е реконструкција што бара време, создавање таленти и нов менталитет.