фудбал

Неморална понуда од Ал Хилал за Левандовски

Роберт Левандовски (37) е се поблиску до сензационално заминување од Барселона откако доби понуда од Саудиската професионална лига која, како што се вели, би му го променила животот.

Според полскиот „WP Sportowe Fakty“, Ал-Хилал е решен да го доведе 37-годишникот за да го засили нападот со уште една икона на светскиот фудбал. Клубот од Ријад му ги презентирал финансиските детали од договорот.

Иако неколку клубови беа поврзувани со полскиот репрезентативец во последните недели, вклучувајќи ги Јувентус, Милан и американскиот Чикаго Фаер, Ал-Хилал, преку ноќ, стана главен фаворит.

Финансиската понуда е огромна дури и за стандардните на Саудиската професионална лига.

Се шпекулира дека Ал-Хилал на Левандовски му се нуди плата од 90 милиони евра по сезона.

И покрај претходните написи на шпанскиот весник „Ас“, во кои се сугерираше дека геополитичките причини би можеле да го одвратат напаѓачот од преселба на Блискиот Исток, се чини дека само износот на финансискиот пакет ја променил ситуацијата. Со оглед на тековните финансиски предизвици на Барселона, заминувањето на најплатениот играч би донело значително олеснување за буџетот на клубот.

Доколку Левандовски го комплетира трансферот во Ал-Хилал, тој ќе се приклучи на исклучително амбициозен тим предводен од поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги.

Во тимот веќе има голем број ѕвезди, вклучувајќи го поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Карим Бензема, заедно со Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невешш и Калиду Кулибали.


Делегирани судии за финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција

Одредени се официјалните лица за финалниот натпревар од Купот на Македонија во женска конкуренција.

За главен судија е делегиран Марјан Дејаноски од Кичево, а негови асистенти ќе бидат Вјолца Изеири од Гостивар и Ангела Домазетовска од Битола. Улогата на четврти судија му е доверена на Фуркан Идризи.

Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев од Скопје како ВАР судија и Дарко Видиниќ од Скопје како АВАР судија, додека оператор ќе биде Петар Стојановски од Скопје.

За контролор на судењето е назначен Ѓорѓи Карајанов од Гевгелија, а делегат на натпреварот ќе биде Сашо Стојановски од Македонски Брод.


ПСЖ со победа над директниот конкурент ја одбрани титулата во Лига 1

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата шампион на Франција со победа над Ленс на гостински терен со резултат 2-0 (1-0).

Со овој триумф, шампионот на Европа и финалистот на новото издание на Лигата на шампионите ја обезбеди титулата во директен дуел со првиот конкурент.

ПСЖ сега има 76 бода, дури девет повеќе од Ленс, кој со евентуална победа можеше да внесе драма во трката за трофејот во пресрет на последното коло.

Првиот гол за ПСЖ го постигна Хвича Кварацхелија во 29-та минута, а точка на победата стави Мбаје во четвртата минута од судиското продолжение,

Сега ПСЖ може целосно да се фокусира на финалето на Лигата на шампионите, кое ќе го игра на 30 мај во Будимпешта против Арсенал.


Сити го надигра Палас и остана во трка за титулата

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Кристал Палас со 3-0 (2:-0) во натпревар од 31-то коло од англиската Премиер лига.

Тимот на Пеп Гвардиола го држи чекорот со водечкиот Арсенал и во последните две кола се очекува вистинска драма во трката за титулата.

Победата вечерва ја постигнаа головите на Антоан Семењо во 32-та минута и Омар Мармуш во 40-та минута, односно Савињо кој постигна гол во 84-та минута.

Во моментов, состојбата на табелата е таква што Арсенал има 77, а Манчестер Сити 75 бода и малку потежок распоред.

„Топџиите“ ќе го пречекаат Барнли и ќе гостуваат кај Кристал Палас, додека „Граѓаните“ прво ќе гостуваат кај Борнмут, а потоа ќе играат против Астон Вила на „Етихад“. Меѓу дуелите со Борнмут и Вила, Манчестер Сити ќе го одигра финалето на ФА купот против Челзи.


Интер доминантно ја освои Копа Италија и ја обедини двојната круна

Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија со победата 2-0 над Лацио. Интер сезонава ја освои дуплата круна, опрва по 2010 година, кога актуелниот тренер Кристијан Киву, беше командант на одбраната,

Избраниците на Кристијан Киву ја потврдија својата доминација на „чизмата“, а Лацио речиси и да не беше конкурентен во финалето на својот стадион.

Иако беа гости, „нероазурите“ целосно го надиграа Лацио и поведоа во 14-та минута со автогол на Адам Марушиќ.

Работата Интер ја заврши во 35-та минута, кога капитенот Лаутаро Мартинез ја дуплираше предноста.

Во второто полувреме, Интер успешно се бранеше и заслужено освои нов трофеј, односно „двојната круна“ во Италија.


Меси е најскапоплатен во МЛС лигата

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе добива 25 милиони долари основна плата според неговиот нов договор во 2026 година, објави „АП“ повикувајќи се на податоци од Здружението на играчи на главната лига.

Вкупната плата на 38-годишниот Аргентинец оваа година може да достигне 28,3 милиони долари.

Платите на Интер Мајами се 54,6 милиони долари, што е за 20 милиони долари повеќе од 32,7 милиони долари на второпласираниот Лос Анџелес ФК и речиси пет пати повисоки од Филаделфија 76ерс, клубот со најниска плата во лигата, 11,7 милиони долари.

На почетокот на сезоната 2025, платите на Интер беа 46,8 милиони долари.

Првиот договор на Меси со тимот од МЛС, потпишан во јули 2023 година, вклучуваше основна плата од 12 милиони долари и годишна загарантирана компензација од приближно 20,5 милиони долари. Во октомври 2025 година, Меси се согласи на тригодишен договор до сезоната 2028, водејќи го тимот до првата титула во МЛС.


Валверде не е недопирлив: Гиганти го бараат Уругавецот по инцидентот

Федерико Валверде би можел да го напушти Сантијаго Бернабеу ова лето доколку клубот одлучи дека тоа е добро за да се подобри атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид.

Наводно, однесувањето на Валверде е најпроблематично од сите фудбалери. Играчите застанале на страната на Чумаени во инцидентот кои го имаа двајцата.

Валверде се посочува како играч кој со своето однесување влијае негативно врз тимот, а тоа може да биде причина да биде продаден.

Големите клубови будно ја следат ситуацијата, се пишува дека ПСЖ веќе ги контактирал агентите на Валверде за можен трансфер.

Се шпекулира и дека премиерлигашите го сакаат Валверде, како кандидат број од оттаму е Манчестер Јунајтед кој ќе бара засилувања од средниот ред на лето.


Падна договот: Гордон од Њукасл во Баерн за 75 милиони евра

Баерн Минхен го крои планот за летниот преоден рок, ново име во составот за следната сезона треба да биде Ентони Гордон од Њукасл.

Според англиските медиуми, Гордон и Баерн Минхен си подале рака, Англичанецот ги прифатил личните услови.

Њукасл бара околу 75 милиони фунти за нивниот фудбалер, сума која наводно Баерн е подготвен да ја плати.

Засилувањата кои Баерн ги донесе од Премиер лигата во последно време се погодија, па Баварците се надеваат дека иста ќе биде приказната и со Гордон.

Тие претходно ги донесоа Кејн од Тотнем, Олисе од Кристал Палас, Дијаз од Ливерпул…


Мануел Нојер ја одложи пензијата и ќе брани уште една сезона за Баерн

Мануел Нојер ќе биде на голот на Баерн Минхен и следната сезона.

Најновите информации од Баварија велат дека 40-годишниот голман и клубот постигнале договор за продолжување на соработката на најмалку уште една година.

Иако во последно време изјавуваше дека можеби ќе се пензионира, Нојер се чини дека се предомислил и ја продолжува својата сага во Баерн.

Тој пристигна во Минхен во 2011 година од Шалке, а во претходните 15 години ја бранеше мрежата на Баерн во 597 натпревари.

Со Баварците беше шампион на Германија 13 пати, а освои и два трофеи во Лигата на шампионите. Со германската репрезентација беше светски шампион во 2014 година.


Родри и Сити пред потпис на нов договор

Капитенот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри е блиску до потпишување на нов договор со англискиот клуб.

Оваа вест ја објави новинарот Матео Морето, кој тврди дека нема да има разговори меѓу Реал Мадрид и Родри, бидејќи Шпанецот влегува во финални преговори со Сити.

Неговиот тековен договор истекува во летото 2027 година, па Сити мораше да дејствува за да избегне да го пушти во летниот преоден рок, за симболична оштета или следниот јули без обештетување.

Златната топка од пред две години, речиси една година паузираше поради тешка повреда на коленото.

Сезонава на моменти делуваше како Родри од најдобрите денови, поради што Сити одлучи да го задржи.

Родри пристигна во Сити во летото 2019 година од Атлетико Мадрид за 80.000.000 евра и е едно од најважните засилувања во историјата на клубот.

Тој освои четири титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, три Лига купови, ФА Купот, Светското првенство за клубови и Европскиот Суперкуп, додека го освои ЕУРО 2024 со Шпанија, кога ја освои и Златната топка.