фудбал

Тиквеш направи вистинска „чистка“ и се раздели со половина тим

Во Тиквеш започна реконструкцијата на тимот за следната сезона. Клубот од Кавадарци потврди разделба со 11 фудбалери, со што отвори простор за формирање на нов ростер под водство на Оливер Богатинов.

На листата на заминувања се најдоа ветеранот Даниел Мојсов, како и Стефан Тасев, Мартин Стојанов, Берат Садик, Кристијан Стојкоски, Кристијан Ѓорѓиевски, Никола Најдовски, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ, Данаил Тасев и Вања Терзиќ.

Кавадаречкиот прволигаш јавно им се заблагодари на досегашните играчи и им посака успех во продолжението од нивните кариери.

По бројните заминувања, фокусот на Тиквеш сега ќе биде насочен кон засилувањата, а во клубот се очекува да пристигнат повеќе нови фудбалери кои ќе бидат дел од проектот за претстојната сезона.


Мики ван ден Вен го менува Тотенхем со Манчестер Јунајтед

Англискиот фудбалски состав Ливерпул е заинтересиран да го купи дефанзивецот на Холандија, Мики ван де Вен.

„Црвените“ внимателно ја следат ситуацијата откако се појавија информации дека фудбалерот не е задоволен од состојбата во Тотенхем и сака да си замине од клубот.

25-годишниот играч има договор со „спарси“ до летото во 2029 година.


Нојер по Мундијалот заминува од националниот тим на Германија

Голманот на Германија, Мануел Нојер, потврди дека по Мундијалот ќе се повлече од националниот состав.

„Овој турнир ќе ми биде последен со репрезентацијата, не планирам да играм на Европското првенство по две години“ – изјави Нојер кој дебитираше за „панцирите“ во јуни во 2009 година.

Тој на мечот со Курасао во првото коло од групната фаза го израмни рекордот за најмногу настапи на еден голман на Мундијалите кој го држеше Французинот, Уго Лорис. Двајцата имаат по дваесет.


Мексико минимално ја совлада Кореја и обезбеди нокаут фаза

Мексико со 1-0 ја победи Јужна Кореја и ја запиша втората победа на Светското првенство, со шест бодови е сигурен патник во нокаут фазата.

Два од два за домаќинот на Мундијалот, овојпат беше доволен еден погодок за трите бода.

Клучниот момент се случи во 50. минута кога голманот на Јужна Кореја направи катастрофален кикс кој го искористи Ромо за предност на Мексико од 1-0, што беше и конечен резултат.

По две одиграни кола, Мексико има шест бодови, Јужна Кореја три, а Чешка и Јужна Африка по еден.


Вардарци на прием кај градоначалникот на Норчија

Фудбалерите на Вардар се во Норчија, Италија, каде ги одработуваат подготовките за новата сезона, а денеска беа на прием кај градоначалникот на овој град.

Градоначалникот, Антонио Дука ги прими Вардарци, а тие му подарија дрес.

Вардар досега одигра два подготвителни меча против аматерски тимови од Италија, ги доби двата.

Тимот во Скопје се враќа на 2 јули, а првиот меч го игра на 7 јули против Купс во квалификациите од Лигата на шампионите.


Канада му забрани влез на Ели Ваи

Elye Wahi (Ivory Coast) gestures during the FIFA World Cup 2026 Group E match between Cote D’Ivoire and Ecuador at Philadelphia Stadium on June 14, 2026 in Philadelphia, United States.,Image: 1110295828, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no , Credit line: Harry Langer / DeFodi Images / Profimedia

Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска, Ели Ваи, не доби виза од канадските власти и нема да игра против Германија.

Се работи за Ели Ваи поради кои има обвинение дека учествувал во местење на натпревари.

Тоа е причината поради која според канадските закони не може да добие виза и да влезе во земјата.

Претходно виза за Канада не доби ниту играчот на Гана, Томас Парти.


Вардар ќе го пречека Купс на 7 јули

Македонскиот фудбалски првак Вардар на стартот од квалификациите од Лигата на шампионите ќе игра против екипата на КуПС од Финска.

„Црвено-црните“ првиот натпревар ќе го играат на домашен терен, а како термин е одреден 7.јули на Националната Арена. Почетокот на дуелот е во 19:00 часот. Реванш дуелот е седум дена подоцна во Финска.

Тоа нема да биде единствен противник за Вардар. Доколку македонскиот првак ја мине првата пречка ќе игра со победникот од дуелот Сабах – ТНС, а доколку биде елиминиран „продолжува“ во конференциската лига и ќе игра против Арарат или Рига.


Јужна Африка го уништи сонот на Чешка, само реми кое не им одговара на двете репрезентации

Jужна Африка стигна до важен бод на Светското првенство, откако во финишот избегна пораз и ремизираше 1-1 против Чешка во групата А.

Чесите беа подобар ривал во поголемиот дел од средбата и уште на стартот поведоа преку Михал Садилек. Сепак, и покрај иницијативата и неколкуте создадени шанси, не успеаја да ја потврдат победата.

Пресвртот во приказната се случи десетина минути пред крајот, кога судијата покажа на белата точка по игра со рака на Павел Шулц. Одговорноста ја презеде Тебо Мокоена и рутински го совлада противничкиот голман за конечни 1-1.

Со овој резултат двете репрезентации остануваат во игра за пласман понатаму, а одлуката ќе падне во последното коло од групната фаза во кое Чешка ќе се соочи со Мексико, додека Јужна Африка ќе игра против Јужна Кореја.


Нејмар ќе го скокне и натпреварот со Хаити

Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде во комбинација за дуелот против Хаити, извести бразилската федерација. Тој нема да патува за Филаделфија каде „кариоките“ ќе го играат вториот натпревар.

Нејмар ќе биде во Њу Џерси и ќе се заздравува од повредата. Засега уште работи индивидуално во теретана и од медицинскиот тим му е забрането да има активности, кои бараат и физички контакт.

Последниот натпревар го одигра на 17. мај за својата екипа Сантос и со поставува прашање дали ќе биде подготвен за дуелот од третото коло против Шкотска на 25. јуни.

Бразил во првото коло одигра нерешено 1:1 против Мароко.


Швајцарија убедливо ја совлада БиХ и се доближи до нокаут фазата

Швајцарија со убедливи 4-1 ја совлада Босна и Херцеговина, сите голови паднаа во завршницата од натпреварот.

Немаше погодоци се до 74. минута Манзамби постигна гол за водство на Швајцарија од 1-0.

Само неколку минути подоцна БиХ остана со фудбалер помалку откако Мухаремовиќ доби директен црвен картон.

Во 84. минута Варгас реализираше за 2-0, а Манзаби со својот втор гол во 90. минута зголеми и на 3-0.

Махмиќ само што влезе во игра погоди во 93. минута за 3-1, конечните 4-1 ги постави Џака од пенал во 97. минута.