фудбал

Вардар со убедлив пораз ги почна подготовките во Турција

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Вардар, со убедлив пораз ги почна подготвителните натпревари во Анталија, црвено-црните со 2-6 беа поразени од Јаболнец.

Чешкиот тим по првото полувреме водеше со 4-0, а во вториот дел направија предност и од 6-0. Потоа следуваа двата гола на Вардар кои малку го ублажија поразот.

Погодоците за Вардар ги постигнаа Ибрахим Олаосебикан и Диего Кастанеда.

Следен пријателски меч на Вардар е против Андијон од Узбекистан, тој дуел се игра на 20 јануари.


Елмас бил заменет против Сасуоло заради вртоглавица

Ељиф Елмас го започна натпреварот меѓу Наполи и Сасуоло во Серија А, но не го доигра и побара замена во 56. минута.

Македонскиот репрезентативец се држеше за главата откако лекарите му укажаа помош. Елмас излезе од игра под непознати околности загрижувајќи ги навивачите.

По натпреварот за ситуацијата се огласи тренерот Кристијан Стелини, кој седеше на клупата наместо суспендираниот Антонио Конте. Помошникот откри за што станува збор со Елмас.

„Елмас почувствува вртоглавица. Тоа веројатно се должеше на грип или настинка, а не стануваше збор за повреда. Ќе видиме што ќе покажат прегледите“, изјави Стелини.

Наполи стигна до победа во мечот против Сасуоло со голот на Станислав Лоботка (1-0).


Јуве неочекувано поразен на Сардинија

Фудбалерите на Каљари, приредија мало изненадување со победата над Јувентус (1-0) во 21-то коло од Серија А. Натпреварот на Сардинија, уште еднаш ги потврди констатциите на стручната јавност во Италија, дека овој тим на Јувентус нема квалитет да се бори за шампионската титула.

Натпреварот во Сардинија, во кој гостите беа подобри, но не и доволно конкретни, беше решен во 65-та минута со мајсторијата на играчот на Каљари, Лука Мацители. Тоа беше совршена акција со два потега на домашниот тим.

Голот за триумф на Каљари можете да го погледнете Овде.

Гостите, пропуштија неколку шанси, Јилдиз ја погоди стативата во самиот финиш, но резултатот остана 1-0.


Фановите свиркаа, но Реал рутински го совлада Леванте

Фудбалерите на Реал Мадрид по двата пораза во Супер купот и Купот на Шпанија се вратија на победите откако во дуелот на домашен терен во 20. коло го совладаа Леванте со 2-0. Ова воедно беше прв триумф на новиот тренер Алваро Арбелоа. Инаку навивачите со свирежи ги „поздравија“ претседателот Флорентино Перез и играчот Винисиус.

Победата „кралскиот клуб“ ја обезбеди со двата гола во вториот дел. Водството во 58. минута го донесе Килијан Мбапе од пенал, а конечните 2-0 ги постави Асенсио Раул во 65. минута.

Со денешните три бодови Реал Мадрид има 48 бодови и се наоѓа на второто место со еден бод помалку од лидерот Барселона – 49. „Каталонскиот клуб“ утре го игра својот дуел од оваа рунда на гости против Реал Сосиедад.


Нигерија ја освои бронзата на Купот на Африка

Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0.

Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР снимката.

Во серијата пенали првите играчи на Египет Мохамед Салах и Омар Мармуш не ги реализираа првите два пенала во серијата што се покажа како решавачко, па Нигерија стигна до триумф од 4:2 на пенали.

Утре во финалето на АФКОН за титулата првак на Африка ќе играат домаќинот Мароко и Сенегал.


Гласнер потврди дека заминува од Кристал Палас во јуни

Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, потврди денеска на прес конференција дека ќе замине од лондонскиот премиерлигаш на крајот од сезоната.Тековниот договор на Гласнер со Кристал Палас истекува на крајот од тековната сезона и австрискиот стратег нема намера да потпише нов.

51-годишниот Гласнер го презеде Кристал Палас во февруари 2024 година и го предводеше тимот до првиот голем трофеј во неговата историја во втората сезона на клупата, освојувајќи го ФА Купот во мај лани и додавајќи триумф во Комјунити Шилд во август.Гласнер е меѓу кандидатите за тренерската позиција во Манчестер Јунајтед, кој претходно овој месец како привремено решение го назначи на таа должност Мајкл Карик.


ПСЖ му го краде Дро Фернандез на Барса

Голем број на извори од Шпанија пренесуваат дека перспективниот Педро Фернандез Сармиенто одбил да потпише нов договор и решил да замине од Барселона во зимскиот преоден рок.

Педро Фернандез Сармиенто, или попознат како Дро, важи за еден од најталентираните играчи во „Ла Масиа“, Барселона имаше големо очекувања од него, но доби големо разочарување.

Доцна синоќа и утрово се појавија многу написи кои велат дека младото момче одбило да потпише нов договор и решило да замине овој месец со активирање на откупната клаузула од само 6 милиони евра.

Дро смета дека конкуренцијата во средниот ред, но и во офанзивата, е жестока на „Камп Ноу“ и тој нема да ја добие потребната минутажа, па подобро е среќата да си ја побара во друг клуб.

Мундо Депортиво објави дека тој има примамлива понуда од ПСЖ, а истото го потврди и новинарот Фабрицио Романо,

Весникот АС пак пишува дека Борусија Дортмунд исто така силно притиска за потписот на перспективниот Дро, а одредени извори го посочуваат и Манчестер Сити како можна дестинација.


Никола Пејовиќ е нов член на Арсенал

Работнички го промовираше и третото засилување во јануарскиот преоден рок, станува збор за српскиот фудбалер Никола Пејовиќ кој е дефанзивен фудбалер.

Пејовиќ е фудбалер кој има 27 години, може да игра како стопер и како десен бек. Негов последен клуб беше Борац Бања Лука.

Тој играл и во Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе и Земун.

Пред него клубот од Дебар Маало во текот на вчерашниот ден ги претстави, Сухел Муареми и Зија Мерани.

Во пролетниот дел од сезоната за Работнички следи тешка битка за опстанок бидејќи тимот се наоѓа на претпоследното место со само седум освоени бодови во 16 натпревари.


Арсенал се распрашува за Василије Костов

Арсенал пројавува интерес за 17 годишниот Василије Костов од Црвена звезда, младото момче има потекло од Македонија.

Василије Костов важи за еден од најперспективните играчи на Балканот, но и во Европа, па се наоѓа на радарот на неколку гиганти.

Весникот Сан денеска објави дека Арсенал внимателно го следи прогресот на 17 годишниот фудбалер од средниот ред и сака да го донесе на „Емирати“.

Барселона и Баерн Минхен исто така се посочуваат како клубовите кои пројавуваат сериозен интерес, се говори дека ќе бидат потребни 20 милиони евра за негов ангажман.

Василије Костов има македонско потекло, но одлучи да го носи дресот на Србија и дебитираше за популарните „орли“ против Албанија во квалификациите за Светското првенство.


Екитике го израмни рекордот на Далглиш

Францускиот напаѓач Уго Екитике успеа да го израмни рекордот поставен од најдобриот играч на Ливерпул на сите времиња, Кени Далглиш, во сезоната 1977/78.

Ова лето, многумина беа изненадени кога Уго Екитике дојде на „Енфилд“ од Ајнтрахт Франкфурт. Особено затоа што беше платен за дури 80 милиони евра (плус 15 милиони во бонуси).

Сепак, неговиот трансфер остана во сенка на Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) платен за 100 милиони фунти (околу 118 милиони евра) и особено на Александар Исак (Њукасл) за 125 милиони фунти (околу 145 милиони евра).

Сепак, засега, 23-годишниот Французин покажа повеќе од Германецот, а особено од Швеѓанецот.

Екитике е моментално најефикасниот играч на Ливерпул, постигна 12 гола, а она што клубот од „Енфилд“, особено го нагласи – како дебитант, постигна голови во пет различни натпреварувања, што пред него му успеа само на легендарниот Кени Далглиш во сезоната 1977/78.

Екитике постигна голови во Премиер лигата (8), Лигата на шампионите (1), Лига купот (1), Комјунити шилд (1) и последниот во ФА купот (1).

Славниот шкотски фудбалер дојде во Ливерпул од Селтик во летото 1977 година за да го замени Кевин Киген, кој ја продолжи кариерата во германски Хамбургер.

Неговиот трансфер претставуваше тогашен нов британски рекорд од 440.000 фунти (денес тоа би било околу 3,5 милиони фунти). Далглиш блесна во црвениот дрес истата сезона.

Шкотланѓанецот ја наследи „седумката“ на Киген и стана првиот и до оваа година единствениот играч на Ливерпул кој постигнал голови во пет различни натпреварувања во својата дебитантска сезона.

Далглиш подоцна освои рекордни 21 трофеи (шест титули во лигата и три Купа на шампиони) и беше прогласен за најдобар играч на Ливерпул на сите времиња, а од навивачите на Ливерпул го доби прекарот „Кинг Кени“.