ракомет

Франција бронзена, одбраната на Болзингер ја сопре Португалија

Репрезентацијата на Франција ја победи Португалија и го освои бронзениот медал на СП во Данска, Норвешка и Хрватска.

Франција славеше против Португалија со 35-34 во драматичен натпревар што беше решен во последните секунди, благодарение на гол од седум метри.

Поголем дел од првото полувреме натпреварот беше израмнет, но Франција пред крајот на првиот дел поведе со плус три (15-12) за на одмор замина со предност од 19-17. Слично се играше и во второто полувреме, но Португалија успеа да дојде до пресврт и да поведе со 26-24, но не и да го задржи водството.

Франција не се откажуваше и во финишот дојде до израмнување на 34:34, седуваше последен напад и тајмаут по кој што беше изнуден пенал кој го искористи Ричардстон з аводство од 35-34.

На Португалија и останаа уште 16 секунди за да оргинизира акција за гол, но последниот удар од крилна позиција го одбрани голманот на Франција, Болзингер и неговата селекција го освои бронзениот медал на ова СП.


Јована Саздовска ја заврши репрезентативната кариера

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе биде ослабена во двата претстојн натпревари за пласман на СП ооткако селекторот Кристијан Грчевски неможе да смета на Јована Саздовска која ја завршува репрезентативната кариера.

Натпреварите против Шведска, Турција и Унгарија беа последни во репрезентативниот дрес за левото крило.

Со Македонија Саздосвска учествуваше на двете европски првенства во 2022 и 2024 година.


Раул Алонсо: Тимот е подготвен да ги издржи предизвиците, жалиме за повредата на Цехте

Еурофарм Пелистер, замина на подготовки во српската Стара Пазова, каде ќе ја темпира формата за остатокот од сезоната и за предизвиците во Лигата на шампионите.

Тренерот Раул Алонсо изјави дека жали за повредата на Нејц Цехте, но се радува што на тимот ќе се приклучат сите репрезентативци кои оставија одличен впечаток на Светското првенство.

„Работевме напорно и имавме многу тренинзи со силен интензитет. Атлетскиот дел е важен и мирно работевме на тој сегмент, а сега заминуваме во Србија, каде ќе ни се приклучат и сите македонски репрезентативци. Тимот е подготвен да ги издржи предизвиците и напорите од наближените натпревари до крајот на сезоната. Ние не сме единствен што имаме таков распоред и ќе мораме да се носиме со тоа.

Повредата на Нејц е лоша вест за нас и навистина ми е жал за него, но тоа е составен дел од спортот и ќе мораме да се снаоѓаме без него. Скршени ребра никогаш не можат да бидат наивна повреда, ќе се обидеме да го надоместиме неговото отсуство. Му посакувам брзо заздравување“, рече тренерот Алонсо.

Пелистерци ја продолжуваат сезоната со првенствениот меч против Куманово (осми февруари), а прв предизвик во Лигата на шампионите ќе им биде натпреварот против Спортинг, кој е закажан за пет дена подоцна.


Фуксе Берлин потпиша со најдобриот италијански ракометар

Италијанскиот ракометен репрезентативец, Лео Прантнер ќе стане нов член на Фуксе Берлин откако Тобијас Рајхман поради лични причини повеќе нема да му биде на располагање на тимот од германската престолнина.

Прантнер како еден од лидерите на Италија одигра на врвно ниво на Светското првенство и поради тоа го привлече вниманието на големите клубови.

23-годишниот Прантнер беше еден од најдобрите Италијанци на овој собир и постигна 37 гола на шест одиграни натпревари. Минатата сезона за Балинген во Втората Бундеслига на 24 натпревари постигна 74 гола.


Данска ја декласира Португалија и избори ново мундијалско финале

Ракометарите на Данска ја декласираа Португалија со резултат 40-27 (20:16) во полуфиналето на Светското првенство.

Актуелниот светски и олимписки шампион славеше во Осло каде в недела од 18 часот ќе игра во финалето против Хрватска. Од 15:00 часот Португалија игра со Франција за бронзениот медал.

Данците беа големи фаворити во дуелот со Португалија, најголемото изненадување на шампионатот, кои не можеа да им парираат на избраниците на Николај Јакобсен.

Португалија имаше сила да само едно полувреме. Неколку пати Португалците ја спуштаа данската предност на гол негатива, но во финишот попуштија и Данска дојде до водство од +4.

Скандинавскиот тим силно го отвори вториот дел и брзо дојде до двоцифрено водство кое не го загуби до крајот на натпреварот. Практично мечот беше решен во 40. минута кога Днаците прв пат дојдоа до двоцифрена предност.

Најефикасен во победничките редови беше Гидсел со девет гола. Лауге Шмит додаде осум, а Јакобсен, Киркелоке и Питлик по пет.

Кај Португалија се истакнаа Ареја со пет гола и Итурица со четири.


Хрватска лекција за Французите, познат првиот мундијалски финалист

Ракометната репрезентација на Хрватска ја совлада Франција со 31-28 во фантастично полуфинале во Арената Загреб.

Избраниците на Дагур Сигурдсон доминираа од самиот старт и сосема заслужено влегоа во борбата за златниот медал.

Го чека својот противник, кој ќе го дознае в петок, кога во 20 часот и 30 минути во второто полуфинале играат Данска и Португалија.


Словенецот Пајовиќ ќе го предводи Флензбург

Германскиот ракометен гигант, Флензбург, објави дека нов тренер на првиот тим ќе биде искусниот Алеш Пајовиќ.

46-годишниот стратег е селектор на Австрија последниве шест години и оствари добри резултати (двапати се пласираше во Топ-8 на Европските првенства), а сега доби предизвик кој тешко се одбива и наскоро ќе го преземе бундеслигашот.

Флензбург долго трагаше по наследникот на Николеј Крикау, а изборот падна на Словенецот Пајовиќ, кој има огромно играчко искуство од настапите во Целје, Сиудад Реал, Магдебург и Кил.


Португалија ја победи Германија и избори историско полуфинале

Репрезентација на Португалија го обележа 29.Светско првенство во ракомет. Португалците кои славеа над велесилите Норвешка, Шведска, Шпанија, во четвртфиналето ја шокираа Германија, славеа по едно продолжение со 31-30 (натпреварот во регуларниот дел заврши 26-26).

Мартим Кошта е херојот на Португалија, погоди на четири секунди до крајот на продолжението. Португалците успеаја да ја поништат нестварната партија на Андреас Волф. Голманот на Германија забележа 21 одбрана. Португалските голамани, Мартинш и Капдевил, заедно имаа 13 интервенции.

Португалија ја предводеа братот на Мартим Кошта, 19-годшниот Франциско со осум и Итуриза со седум гола. Мартим Кошта постигна четири гола од 12 обиди, но три од тие четири гола постигна во продолжението.

Лукас Цербе седум пати реализираше од седум петри, вкупно постигна девет гола, а Јури Кнор постигна седум.

Португалија во полуфиналето ќе игра против актуелниот светски првак Данска.


Сигурдсон: Ова беше магичен натпревар

Дагур Сигурдсон со Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.

Хрватска со чудесен пресврт се избори за драматична победа против Унгарија и со гол во последната секунда славеше со 31:30, натпревар кој направи да видиме и многу емотивни реакции кај обично мирниот Исланѓанец.

„Благодарност до Унгарија за неверојатната борба и неверојатниот натпревар. Одиграа извонредно, направија работите да бидат многу тешки за нас. Се боревме за секој гол, а со оглед на заморот и повредите кои ги имавме, овој успех е неверојатен. Завршницата на натпрварот беше магична, едноставно не се опишува со зборови. Ова е ракометот, ова е нашиот спорт, вакво нешто се случува еднаш во десет години. Голема благодарност до навивачите во „Арена“, тие беа извонредни. Не се откажаа и на минус четири, но истото важи и за играчите. Некои од нив го жртвуваа своето тело за да останат на терен. Среќен сум за овој голем успех, сега сме на добар пат и мораме да уживаме во моментот“, изјав Сигурдсон на прес-конференцијата.


Давид Мандиќ предвреме го заврши Мундијалот

Ракометарот на репрезентацијата на Хрватска, Давид Мандиќ, го заврши настапот на Светското првенство 2025.

Мандиќ на натпреварот против Словенија доби скршеница на прстот од раката, а селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, изјави дека играчот ќе мора да оди на оперативен зафат.

Членот на Мелсунген само што се врати по повредата добиена на пријателски меч со Словенците, а сега оди на подолга пауза.