Еурофарм Пелистер после драма до Суперкуп трофејот
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија првиот трофеј во новата сезона откако во Суперкупот го совладаа Вардар со 28-27.
Во салата во Кавадарци во крајно изедначен меч со драматична завршница, „зелено-белите“ од Битола беа повешти и успеаја да дојдат до победата. Кај Пелистер се наметна Хосни со 9 погодоци пред Тајник со 4 додека кај Вардарци се издвоија Кавада со 6 (сите од пенал) и Талески со 5 голови.
Сега „Вардарци“ останаа на четири пехари, „пелистерци“ бројат до три додека Алкалоид има еден трофеј во Суперкупот.
Гарабаја: Досега одиграното е неважно, она вистинското почнува со Суперкупот
На последниот тренинг пред заминување во Кавадарци и Суперкупот на Македонија против Вардар 1961, пред новинарите зборуваа тренерот Гарабаја и деснито крило Хекберт.
Рубен Гарабаја
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите. Мислам дека имавме добра претсезона и најважно е што немавме сериозни повреди. Тоа што се случи се до денес – веќе не е важно. Вистинското натпреварување почнува утре со Суперкупот и ќе видиме поинакви тимови. Ќе видеме поинаков Вардар и сигурно поинаков Еурофарм Пелистер. Се надевам дека нашиот тим ќе биде уште подобар за разлика од подготовките.
Мојата идеја е дека секој играч ми треба за секојј натпревар, а не за цела сезона. Сакам да го користиме секој ракометар на секој натпревар, бидејќи сакаме да играме силно темпо. Имаме добри играчи на сите позиции и ги имаме по двајца или тројца по позиција. Се надевам дека тоа ќе го искористиме.
Рудолф Хекберт
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Пелистерци пак го надиграа Вардар и го освои Регионалниот турнир во Скопје
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го освои Регионалниот турнир во Скопје, во кој покрај двете најдобри екипи од ланската сезона во мак-ракометот учествуваа и српскиот шампион Војводина и црногорскиот првак Ловќен.
Еурофарм Пелистер влезе во ритам и почна да ја гради предноста. Во неколку наврати во првиот дел шампионот имаше +5, но на полувреме се замина 14-11 за гостинот од Битола. На стартот од вториот дел Вардар 1961 имаше неколку неуспешни обиди да влезе во серија и да се доближи до противникот, а битолскиот тим кога беше најпотребно тргна уште поквалитетно и се врати на позитива од пет гола, која беше недостижна за „црвено-црните“. На крај битолчани извојуваа триумф од 25-23.
Ова е втор триумф на Еурофарм Пелистер против Вардар 1961 за време на подготовките откако минатата недела го совлада и на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, а двете екипи в среда ја отвораат сезоната со мечот од Суперкупот на Македонија, во Кавадарци.
Кларица потпиша за Киелце од следната сезона
Хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Ловре Кларица го реализира трансферот на кариерата.
Oфицијално 24-годишникот од Задар ќе го напушти Загреб и ќе премине во полскиот гигант Киелце, каде што ќе игра од следната сезона.
Европски ракометен шампион од 2016 година објави дека Кларица доаѓа од сезоната 2026/27, а договорот е потпишан до 2030 година.
Така, младиот десен бек ќе игра уште една сезона во Загреб, а потоа ќе замине во својата прва странска авантура.
ЖРК Металург двапати домаќин во европските дуели со Диферданж
Македонскиот вицепрвак два пати ќе игра на домашен терен во второто коло против тимот на Диферданж од Луксембург.
Европската ракометна федерација заедно со клубовите ги потврдија термините и саатниците за двата меча.
Првиот натпревар е на програмата на 4 октомври од 16:00 часот, додека реваншот на кој Металург Автокоманда е формално гостин се игра следниот ден во истото време.
Двата меча се закажани во салата во Автокоманда.
Киелце го договори Милосављев од следната година
Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев си заминува од редовите на Фуксе Берлин, иако беше еден од клучните играчи во историската сезона во која „лисиците“ стигнаа до првата титула во Бундеслигата.
Договорот е веќе постигнат, а Милосављев ќе му се приклучи на новиот клуб по завршувањето на актуелниот договор со Германците, кој трае до јуни 2026 година.
Милосављев ќе потпише тригодишен договор. Оваа сезона ќе ја мине во Берлин, а потоа без обештетување ќе се пресели во Полска.
Кавадарци домаќин на Суперкупот на Македонија во ракомет
Тимовите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 на почетокот на септември ќе се борат за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.
Традиционално ракометните возбудувања во Македонија започнуваат со Суперкупот, кој оваа година ќе се игра во Кавадарци.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извести клубовите за местото каде ќе ја водат новата битка, а салата „Јасмин“ за првпат ќе биде домаќин на еден ваков ракометен спектакл.
Натпреварот е закажан за на трети септември, а РФМ дополнително ќе извести за терминот и судиите кои ќе ја делат правдата на ова дерби.
Скопје домаќин на регионален ракометен турнир
Од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Регионалната ракометна лига, натпреварувачки турнир кој ќе ги обедини ракометните екипи од Македонија, Црна Гора и Србија. Овој уникатен спортски настан има за цел да го поттикне натпреварувачкиот дух, пријателството и регионалната соработка во спортот.
Регионалната ракометна лига се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
„Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Регионалната ракометна лига. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, да создадеме нови можности за младите ракометари и да им понудиме на љубителите на спортот врвни натпревари. Веруваме дека оваа лига ќе прерасне во традиција и ќе биде двигател за понатамошен развој на ракометот во регионот“, изјавија од РФМ.
На овој турнир во машка конкуренција ќе настапат РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961, РК Војводина од Нови Сад и РК Ловќен од Цетиње. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Бор од Бор, ЖРК Будуќност од Подгорица.
Натпреварите ќе се играат во текот на трите дена, а публиката ќе има можност да ужива во квалитетен ракомет, исполнет со енергија, страст и спортски фер-плеј.
Валеро Ривера најави пензија од активното играње ракомет
Валеро Ривера објави дека ја игра последната сезона во својата богата ракометна кариера.
Ривера потекнува од Барселона, а потоа настапуваше за Арагон, Алгесирас, Гвадалахара и Октавио Виго, пред да се пресели во Франција.
За Нант играше од 2010 до 2016, а потоа на две сезони се врати во каталонскиот гигант, додека од 2018 година повторно е дел од Нант и ќе комплетира вкупно 14 сезони во овој клуб.
Со националниот тим на Шпанија освои злато на СП 2013, злато на ЕП 2018, сребро на ЕП 2016 и бронза на ЕП 2014 година.
Нов договор за Калајџиески, ќе го носи зелено-белиот дрес до 2029 година
Во линија на продолжувањето на договорите со браќата Атанасијевиќ, денес ја информираме јавноста за уште еден важен потпис за сегашноста и иднината на нашиот клуб. Мирче Калајџиески се обврза на верност со Еурофарм Пелистер до јуни 2029 година, со што ја прифати подадената „рака“ од клубот да биде дел од следниот проект.
21-годишниот среден бек од Словенија дојде во Битола и веднаш се наметна во една ипол сезона во дресот на Еурофарм Пелистер 2. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер и веќе е стандарден член во тимот предводен од Рубен Гарабаја.
Калајџиевски со Еурофарм Пелистер 2 избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26.