ракомет

Даниел Душебаев пред потпис со Загреб

Даниел Душебаев би можел да го засили хрватскиот шампион Загреб.

Брилијантниот лев бек, роден во Ваљадолид, веќе играше во оваа област како позајмен играч во Целје во сезоната 2017/18, а од 2018 година е член на полскиот гигант.

На крајот од сезоната станува слободен агент и ќе ја промени средината.

Левиот бек Јаков Гојун ќе го напушти Загреб на крајот од сезоната, кој оди во долго заслужена пензија, а покрај Даниел Душебаев, од Извиѓач на позицијата лев бек ќе пристигне и младиот хрватски репрезентативец Дино Нерис Чешко.


Исланд ја надигра Шведска и ја замрси групата во Малме

Исланд ја совлада вечерва Шведска во Малме со 35-27 во рамки на второто коло од групата 2 во главната фаза, нанесувајќи му го првиот пораз на кодомаќинот на Европското ракометно првенство.

Исланд со триумфот се израмни на врвот на табелата со Шведска и Словенија со по четири бодови и остана во игра за место во полуфиналето.

Избраниците на Снори Гудјонсон одиграа брилијантен натпревар, особено во првото полувреме, кое го добија со шест голови разлика (18-12).

Во второто полувреме, Шведска се приближи на гол негатива (21-20, 23-22), но Исланѓаните потоа се вратија на +4 (26-22), а кога поведоа со осум голови разлика на три минути пред крајот (33-25), прашањето за победникот беше решено.

Исланд до победата го предводеа Виго Кристјансон со 11 голови од исто толку обиди, додека Виктор Гисли Халгримсон имаше 12 одбрани. Во шведскиот состав, најефикасни беа Албин Лагергрен со пет и Даниел Петерсон со четири голови.

Во првиот натпревар од второто коло во групата 2, Словенија ја победи Унгарија со 35-32, а вечерва ќе играат Швајцарија и Хрватска.


Данските крила ја уништија подмладената Шпанија

Данска запиша уште една важна победа во битката за место во полуфиналето на ЕП 2026.

Избраниците на Николај Јакобсен ја победија Шпанија со 36:31.

Јакобсен со 8 гола беше доминантен во составот на Данците, додека кај Шпанија Фис постигна 9 гола. Извонреден на голот на данска беше Емил Нилсен со 14 одбрани.


Двајца Данци и еден Хрватот кандидати за ракометар на годината

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави номинациите за најдобриот играч на светот за 2025 година, а во трката за престижното признание се најдоа тројца врвни ракометари.

Матијас Гидсел од Данска има можност да испише историја, бидејќи може да стане првиот ракометар што ќе ја освои наградата три години по ред. Воедно, тој би бил само трет играч во историјата со вкупно три признанија, по легендарните Никола Карабатиќ и Микел Хансен.

Емил Нилсен голманот на данската репрезентација, исто така е меѓу номинираните. Тој може да стане вториот дански голман во историјата што ја освоил оваа награда, шести голман вкупно, како и четврти дански ракометар со вакво признание.

Третиот номиниран е Иван Мартиновиќ од Хрватска кој за првпат се најде меѓу кандидатите за оваа награда. Доколку победи, Мартиновиќ би станал трет хрватски добитник, по Ивано Балиќ и Домагој Дувњак.


Гидсел го комплетираше пресвртот, Данска ја доби Франција

Во дербито на првото коло од група 1 од Главната рунда на Европското првенство во ракомет, еден од домаќините, Данска, ја победи Франција со 32-29.

Поразот од Португалија фрли сомнеж врз можностите на светскиот и олимписки шампион, но, Данска покажа во најтешкиот можен момент, против вечниот соперник Франција, дека не се откажува лесно од амбицијата да ги обедини сите титули.

Французите беа подобриот противник околу 40 минути. Данска сепак во вториот дел успеа да направи пресврт и да поведе со 20:18. „Триколорите“ не се предадоа, туку се издигнаа како феникс од пепелта. Направија серија од 5-1 и поведоа со 23:21. Водеа со 26:24, а потоа повторно Данците, на крилата на одличниот Гидсел и феноменалниот голман Нилсен, направија пресврт и остварија голема победа.

Во победничкиот тим, Гидсел го заврши натпреварот со девет гола, Питлик постигна осум. На другата страна, Мин беше најефикасен со седум гола, а Деска постигна пет гола.

Данска ќе игра против Шпанија за два дена, а Франција против Португалија во второто коло од Група 1 од главната рунда.


Веспрем заинтересиран за Стефан Додиќ

Стефан Додиќ е пред трансферот на кариерата, бидејќи по добриот настап за Србија на Европското првенство за него сериозно заинтересиран е унгарски Веспрем.

Во овој тим Додиќ за првотимски статус ќе се бори со екс-вардарецот Лука Циндриќ. Договорот со Војводина му истекува во јуни, меѓутоа клубот ќе добие одредено обештетување.

Својот ракометен пат уште Стефан Додиќ го трасираше во Македонија.

Многу млад дојде во Металург и со само 15 години Лино Червар му даде шанса да дебитира во Лигата на шампионите.


Шведска ги декласира Хрватите и со стил ќе влезе во главната фаза

Ракометарите на Шведска како првопласирани во групата Е заминуваат во втората фаза од натпреварите на Европското првенство во ракомет.

Во одлучувачкиот меч против Хрватска, Швеѓаните обезбедија убедлива победа од 33-25.

Шведска беше доминантна од првата до последната минута на мечот и не дозволи „коцкестите“ да се вратат во живот за победа.

Доминацијата покажана на овој меч најавува атак на медал од страна на едне од трите домаќини на ова првенство.

Рогановиќ и Јохансон со по пет гола беа најефикасни кај Шведска, додека кај Хрватите, Срна постигна 7 гола.


Вардар го претстави Хрватот Леон Љевар

Ракометниот клуб Вардар потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар. Играчот „црвено-црниот“ дрес ќе го облече во Скопје веќе од следната сезона.

Љевар (24 години), е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Тој во Вардар доаѓа од словенечкиот клуб Слован, а имаше одлични настапи и успеа да постигне 44 голови.

„Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели“, изјави за фејсбук страницата на РК Вардар Леон Љевар.

Ракометарот има настапи и за хрватската репрезентација, но поради ситна повреда го пропушти Европското првенство кое е во тек, иако беше на списокот на селекторот на Хрватска.


Формирана групата за главната фаза во Хернинг

Познати се сите учесници во главната рунда и групите на ракометното Европското првенствоп.

Во групата 1, која се ира во Хернинг, тука се Франција, Германија и Португалија со по два бода, додека Данска, Шпанија и Норвешка се без бодови.

Во групата 2, која се игра во Малме, тука се селекциите на Словенија, Исланд, Шведска, Хрватска, Унгарија и Швајцарија.


Лазаров: Македонскиот менталитет и нашата глава нè чинеа место во ТОП 12!

Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од победата, но селекторот има измешани емоции, посакувавме убедлива победа над Романија, но на крајот сме среќни што воопшто победивме.

Триумфот над Романија е многу важен за полесен пат до Светското првенство, но ги загубивме шансите за втората фаза.

„Задоволен сум од тоа што победивме и кога ќе сумираме се треба да сме задоволни од тоа што направивме во овие три натпревари. Видовте дека Романија е цврста и силна репрезентација. Се смеам, но жал ми е што почнавме добро и како да се изненадивме дека уште во прво полувреме може да водиме и седум разлика. Како тренер се чувствував немоќно по првото полувреме бидејќи бевме многу подобри, но промашените зицери не чинеа. Мислевме дека во второ полувреме ќе бидеме подобри, но не беше така. Не сакам само да звучам како да се жалиме, но Маркоски ни се повреди, Аларов доби црвен картон. Сепак, не беше проблем нашата дефанзива, туку нашиот напад, видовте дека нивниот голман беше одличен. Се надевав дека ќе добиеме малку повеќе разлика, но тоа е што е. Надежта последна умира, но знаете 17 разлика е невозможно. Можевме да направиме повеќе и поради тоа жалам. Сакавме во топ 12 и заслуживме, но тоа е што е. Завчера требаше да имаме напад за победа, сега исто. Лани во Вараждин исто имавме добиени натпревари. Македонскиот менталитет и главата повторно не чинеа. Кога ќе слегнат емоциите ќе видиме што сме направиле“, изјави Лазаров.

Групата ќе ја завршиме со три освоени бода, но и многу веројатно на третата позиција. За наш пласман понатаму потребно е чудо и огромна победа на Данска против Португалија.