останато

Мексиканското гран-при останува во календарот најмалку до 2025 година

Големата награда на Мексико останува дел од календарот на Формула 1 и во следните три години, откако Ф1 објави дека е продолжена соработката до 2025 година.

Во пресрет на гран-прито викендов во Мексико сити, каде се очекува 350.000 луѓе во три дена од утрешните слободни квалификации до неделната трка е потпишан договорот за продолжување на соработката, а откако во 2015 година повторно се врати тркањето во Мексико, настанот е исклучително популарен со просек од 300.000 гледачи на гранпри викендите.

„Многу сум среќен што ја продолживме соработката и што болидите ќе се тркаат во Мексико и во следните три години. Секоја година е сè повозбудливо, навивачите се страстни, сè повеќе има навивачи на трките“, рече првиот човек на Ф1, Стефано Доминикали.


Верстапен славеше на трката во Мексико

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико. За Верстапен ова беше 14.триумф оваа сезона, со што ги надмина Михаел Шумахер и Себастијан Фетел кои претходно имаа забележано 13 победи во една сезона. 

Како втор на целта на трката во Мексико Сити пристигна Луис Хамилтон од Мерцедес, а трет беше Серхио Перес од Ред Бул.

Верстапен од порано ја обезбеди шампионската титула и на две трки до крајот има 416 бода, второто место му припаѓа на Перес, а трет е Леклер од Ферари.


МекГрегор најави враќање во УФЦ кафезот

Поранешниот шампион во две тежини на УФЦ, Конор МекГрегор, вели дека набрзо ќе се врати во рингот и дека ќе освои милиони.

Ирецот кој подолг период не бил тестиран од ВАДА ќе може да се бори најрано во април или мај во 2023 година.

„Напорно тренирам секој ден. Тоа ќе биде мојата  подготовка за враќање во кафезот. Ќе почнам да тепам луѓе за милиони долари. Лесна работа“, напиша МекГрегор.


Бањаја е на чекор до освојување на шампионската титула во Мото ГП

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, стигна на чекор до титулата шампион во кралската класа од Мото ГП натпреварувањето, после победата на трката за Големата награда на Малезија.

Бањаја на стазата Сепанг ја оствари седмата победа во сезоната, и сега има 23 бода предност пред бранителот на титулата Фабио Квартараро, кој на целта пристигна како трет. Второто место на трката го освои Енеа Бастианини. Бањаја сега го делат само два бода од најголемиот успех во кариерата кој може да го оствари на 6.ноември на трката во Валенсија.


Едноставен рецепт за добивка?!

Треба да се биде вистински мајстор на прогнозите за да се комплетира викендот со ДВАЕСЕТ погодени парови од елитниот европски фудбал. Наш редовен типувач од Валандово со влог од само 20 денари доби 2.725.692 денари! Секоја чест!
Бонусот од 107% изнесува 1.657.566 денари. Среќниот добитник погоди коефициент од 77 456.36. Максимално е искористена играта вкупно голови, па сите дваесет пара завршија со 3+ повеќе голови.
Честитки и порака до сите играчи како до милионска добивка!


Суспензија заради допинг на победничката на Бостонскиот маратон

Победничката на минатогодшното издание на маратонот во Бостон, Дајана Кипјокеи, е суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за атлетски интегритет (AIU).     

Атлетичарката од Кенија, исто така, е обвинета и за попречување на истрагата. Во соопштенмието на AIU се прецизира дека при допинг тестот на Кипјокеи е пронајдена забранетата сусптанца тримцинолон ацетонид. Вкупно десет кениски атлетичари и атлетичарки биле позитивни на оваа супстанца, додека од почеток на оваа година бројот на позитивни случаи во остатокот на светот изнесувал само два.

Кипјокеи се соочува со четиригодишна суспензија и одземање на победата на Бостонскиот маратон.


Гасли е замената за Алонсо во тимот на Алпин

Француската екипа Алпин, чиј сопственик е Рено, објави дека во следната сезона во Форммула 1 нејзини возачи ќе бидат двајца Французи, Пјер Гасли и Естебан Окон.     

Гасли доаѓа во екипата како замена за поранешниот светски првак, Шпанецот Фернандо Алонсо, кој кариерата ќе ја продолжи во Астон Мартин. 

Досега Гасли беше член на Алфа Таури, а неговото место во таа екипа ќе го пополни холандскиот возач Ник де Врис од Мерцедес.


Макс Верстапен ја одбрани шампионската титулата во Формула 1

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, стана двократен светски шампион во Формула 1 после победата на трката за Големата награда на Јапонија во Сузука.

Второто место на патеката Сузука му припадна на Серхио Перез од Ред Бул, додека трет беше Шарл Леклер од Ферари.

Холанѓанецот Верстапен титулата ја освои на четири трки до крајот на сезоната од овогодинешниот шампионат во Формула 1, кој продолжува на 23.октомври со Големата награда на САД која се вози на патеката во Остин.


Ангелина Топиќ најдобар млад спортист во Европа за 2022 година

Српската атлетичарка Ангелина Топиќ ја освои наградата за најдобар млад спортист „Пјотр Нуровски“, која ја доделува Европскиот олимписки комитет.     

Топиќ годинава го освои бронзениот медал во скок во височина на Европското сениорско првенство, а го освои златниот медал на Европското јуниорско првенство. За наградата најдобар млад спортист во Европа за 2022 година конкурираа и Дарија Атманов (гимнастика – Израел), Софија Далиду (веслање – Грција), Андреа Спендолини Сириекс (скокови во вода – Велика Британија) и Филипо Бертони (пливање – Италија). 

Најдобриот млад спортист го избираат претставници на сите национални олимписки комитети од Европа. Наградата за најдобар млад спортист во Европа, „Пјотр Нуровски“ се доделува од 2010 година, кога беше востановена и именувана по трагично загинатиот претседател на Олимпискиот комитет на Полска, кој го загуби животот во авионска несреќа.


Серхио Перез е победник на трката во Сингапур

Возачот на Ред Бул Серхио Перез стигна прв на целта на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1.

Перез со победата на патеката во Сингапур ја прекина низата од пет последователни победи на својот клупски колега и актуелен Ф1 шампион Макс Верстапен, кој трката ја заврши на седмата позиција.

За мексиканскиот возач ова е втора победа во сезоната после онаа во Монако, а вкупно четврта во кариерата.

Шампионатот во Формула 1 продолжува наредната недела со трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука.