останато

Хорхе Мартин доби дозвола и ќе настапи на ГН на Катар

Светскиот шампион во Мото ГП Хорхе Мартин доби зелено светло од лекарите да патува во Катар следната недела и неговото враќање на патеката сега е поблиску.

Шпанецот тешко падна за време на претсезонските тестирања, а потоа повторно се повреди непосредно пред да се врати на патеката и ја чекаше одлуката на лекарите.

Мартин отпатува во САД и беше една од атракциите во Остин, а потоа беше на прегледи во клиниката „Дексеус“ во Барселона.

По лекарските прегледи утврдено е дека ситуацијата е многу подобрена, па тој може да отпатува за Катар каде ќе се вози следната трка на крајот на следната недела.


Македонското пливање доби нов претседател

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на денешното изборно Собрание на Националната пливачка федерација на кое за нов претседател беше избран, Сашо Лазаровски.

Министерот најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт.

„Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување во пливањето. Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани и во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана“ – рече министерот Ристовски.


Хамилтон црпи мотивација од Џордан и Али

British F1 driver Lewis Hamilton signs autographs during the Scuderia Ferrari HP Drivers’ presentation event by Unicredit, in Piazza Castello in Milan, on March 6, 2025. (Photo by Piero CRUCIATTI / AFP) (Photo by PIERO CRUCIATTI/AFP via Getty Images)

Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон кажа кои спортисти го инспирираат.

„Мухамед Али и веројатно Мајкл Џордан се оние на кои најмногу гледав како на идоли. Џордан ме импресионираше со неговата упорност и пристап. Али, ми се чини, имаше неверојатна самодоверба. Неговата апсолутна верба во себе беше над сите околности. Сфатив дека треба да ги развијам истите тие особини доколку сакам да станам величина“, изјави Хамилтон за прес-службата на Ферари.

Британецот оваа сезона вози за Ферари. На првите две трки немаше забележителни резултати.

Третата етапа од шампионатот во Формула 1 ќе се одржи од 4 до 6 април во Сузука (Јапонија).


Дејан Георгиевски најдобар на Г1 турнирот за теквондо во Скопје

Сребрениот олимпиец постигна нов успех! Дејан Георгиевски го освои златниот медал на големиот Г1 турнир што се одржува во Скопје.

Тој се натпреваруваше во финалето со Германецот Куцуесунхур. Водеше 2-0, а во втората рунда неговиот противник ја предаде борбата.

Г1 турнирот се бодува за олимписка норма, што на Георгиевски му го отвора патот за учество на следните Летните Олимписки игри во Лос Анџелес.


Бањаја убедлива на Мото ГП трката во Остин

Победник на третата трка од сезоната во Мото ГП е возачот на Дукати, Франческо Бањаја. Ова е 40-та победа на италијанскиот возач во кариерата, а 30-та во првата класа.

Франческо Бањаја возеше со подобро темпо од претходните две трки, во четвртиот круг изби на второто место, пред Алекс Маркез, но и тогаш се чинеше дека неговиот тимски колега Марк Маркез е недостижен иако практично имаа исто темпо.

Марк Маркез направи голема грешка во деветтиот круг, излета од патеката и сериозно го оштети мотоциклот, во момент кога имаше водство од речиси две секунди. Франческо Бањаја во тој момент го презеде водството со 1,3 секунди предност пред Алекс Марекс, кого го престигна во четвртиот круг.

Предноста на Бањаја само растеше како одминуваше трката, Италијанецот остана концентриран и ја оствари првата победа сезонава. Зад него беа Алекс Маркез и Фабио ди Џанантонио, на второто и третото место.

Четвртото место го зазеде Франко Морбидели, пред Џек Милер. На шестото место се најде Марко Бецеки, а на седмото Енеа Бастианини. Лука Марини ја заврши трката на осмото место пред Аи Огура и Фабио Квартараро.


Превц ја прелета Планица и постави светски рекорд

Slovenija, Planica 19.03.2015, 19. Marec 2015 Veliko obiskovalcev je danes obcudovala dolge polete na preiskusnji letalnice in kvalifikacijski tekmi Sport, skoki , Peter Prevc,PlanicaFoto:Ziga Zivulovic jr. /BOBO

Словенецот Домен Превц постави светски рекорд во натпреварувањето во ски скокови на скокалницата Планица. Летот, каков што досега не е виден, заврши со слетување на 254,5 метри, со што е поставен нов рекорд во должина на ски летови. Претходниот рекорд го држеше Стефан Крафт, кој пред осум години во Викерсунд прескокна 253,5 метри.

Рекордната должина на летот сепак не беше доволна за Превац да победи пред домашната публика. Словенците славеа победа на Анже Ланишек, кој со скоковите заработи два бода повеќе од второпласираниот рекордер. Третото место го освои Германецот Андреас Велингер.

„Го сакав тоа повеќе од сè друго. Не знам што се случи. Магично. Ако можеше да го направиш тоа на последниот скок во Планица… Ќе спијам добро денес, утре нема да ме разбудат шест будилници”, изјави победникот на Малиот глобус за вкупниот пласман на летот по скокот. Големиот го освои Австриецот Даниел Цофениг.

По првата серија веќе беше јасно дека ова ќе биде нова словенечка прослава откако Ланишек поведе пред Превац, а потоа словенечките летачи направија борба која тешко ќе се повтори.


Спринт победа на Марк Маркез во Остин

Марк Маркез продолжува да доминира во класата Мото ГП, а по спринтот на патеката Остин го има максималниот учинок во новата сезона, 5 од 5.

Маркез, победи на третата спринт трка од почетокот на сезоната, во која перфектно влезе бидејќи има и две победи во главните трки.

Спринт трката во САД имаше бурен старт, Бањаја успеа брзо да се пробие од шестата на лидерската позиција… Но Италијанецот не издржа долго во битката со браќата Маркез.

Набрзо се беше решено, борбата меѓу двајцата возачи на Дукати беше кратка, Марк го зазеде првото место, а зад него се најде неговиот помлад брат Алекс, па Бањаја мораше да се задоволи со третото место.

Фабио Ди Џанантонио се најде на четвртото место пред неговиот тимски колега Франко Морбидели.

Фабио Квартаро може да биде задоволен со шестата позиција, а зад него е Педро Акоста. Потоа следеа Лука Марини, Аи Огура и Марко Бецеки.

Главната трка се вози во недела од 21:00 часот.


Австриецот Чофениг е севкупен победник на Светскиот куп во ски-скокови

Австриецот Даниел Чофениг е вкупен победник во Светскиот куп во скијачки скокови, откако денеска во Планица го освои четвртото место. На својот 23. роденден, Чофениг го обезбеди големиот кристален глобус со скокови од 234,5 и 233,5 метри, откако неговиот единствен конкурент за титулата, сонародникот Јан Херл, го освои осмото место.

Чофениг зад себе има сезона од соништата бидејќи победи на престижната Новогодишна турнеја и има осум победи, а до оваа сезона најголем успех му беше деветтото место во генералниот пласман на Светскиот куп.

Зад Чофениг и Херл, третото место во генералниот пласман го освои нивниот сонародник Штефан Крафт, комплетирајќи ја првата тројна победа од една нација во историјата на Светскиот куп во скијачки скокови.

На денешниот натпреварувачки ден на Планица, победа на домашен терен извојува Словенецот Домен Превц (234.5м, 237.5 м), пред сонародникот Анже Ланишек и Јапонецот Рјоју Кобајаши.


Хрватката Љутиќ го освои малиот кристален глобус во слалом

Хрватската скијачка Зринка Љутиќ го освои Малиот кристален глобус во слалом освојувајќи го 10. место на финалето на Светскиот куп во американскиот Сан Воли.

Победничка на последниот слалом сезонава е Американката Микаела Шифрин, која стигна до 101. победа во Светскиот куп, а 64. во слалом.

Втора беше Германката Лена Дир со заостанување од 1,13 секунди, а третото место го освои Словенката Андреја Слокар со заостанување од 1,14 секунда.

Љутиќ освои поени во девет од десет трки сезонава, во кои оствари три победи (Семеринг, Крањска Гора, Куршевел) и еднаш беше втора (Сестриере) и освои 541 бод, 32 повеќе од Австријката Катрин Лиенсбергер, која беше петта на денешната трка.

Kај мажите малиот кристален глобус во слалом го освои Херник Кристоферсен.


МотоГП во Валенсија до лето 2031

Најдобрите мотоциклисти во светот ќе продолжат да се натпреваруваат на трките од Светскиот шампионат во Валенсија до 2031 година, објави раководството на натпреварувањето на својата веб-страница.

Валенсија традиционално е домаќин на последната трка од сезоната, а како што е наведено на веб-страницата на MotoGP, оваа трка постојано ја освојувала наградата за најдобар настан во сезоната.

Неговата најголема предност е големата видливост над патеката, бидејќи гледачите имаат одличен поглед практично од секое место покрај патеката.

Минатата година трката во Валенсија не се одржа поради последиците од катастрофалните поплави кои го зафатија овој дел од Шпанија на крајот на годината.

„Ова е најдобрата вест. За патеката Рикардо Тормо, продолжувањето до 2031 година значи дека работиме добро во последните 25 години и дека ја имаме поддршката од Владата и MotoGP. Мотоциклизмот има силна традиција во оваа средина. По една година прекин поради поплавите, ние сме воодушевени од поддршката“, изјави директорот на трката Рикардо Тормо.