останато

Цветановска 95-та на олимпскиот крос-кантри

Нашата олимпијка, Ана Цветановска, го освои 95-то место во нордиско скијање на трката 10 километри на Зимските игри во Пекинг откако оствари време од 39.57.7 минути.

Ќе потсетиме дека Цветановска не настапи во скијатлон на 7.5+7.5 километри поради одлуката на Меѓународната скијачка федерација да има само лимитиран број на нордијки поради ситуацијата со Ковид-19.

До крајот на Игрите,  Ставре Јада на 19 февруари ќе трча 50 километри слободно додека Дардан Дехари во алпско скијање ќе настапи на 13 февруари во слалом и три дена потоа во велеслалом.


Штролц го повтори златниот скијачки успех на својот татко

Австрискиот скијач, Јоханес Штролц, го освои златниот медал во алпска комбинација на Игрите во Пекинг.

29-годишниот Штролц забележа најдобро вкупно време по трките во спуст и слалом, и успеа да ја забележи најголемата победа во кариерата повторувајќи го успехот на својот татко Хуберт Штролц, кој ја освои комбинацијата на Зимските олимписки игри во Калгари одржани во 1988 година.

Хуберт и Јоханес Штролц се запишаа во историјата како првиот татко и син што освоиле златни олимписки медали во алпска комбинација.


Претставен новиот Ф1 болид на Ред Бул

Тимот на Ред Бул го промовира новиот болид РБ18, со кој тимот ќе се натпреварува во новата сезона на Формула 1. 

Новиот болид беше претставен од Кристијан Хорнер, Макс Верстапен и Серхио Перез. Трките во Ф1 од наредната сезона ќе се возат по нови правила, а актуелниот шампион Верстапен се надева дека ќе ја одбрани титулата.

„Подготвен сум за повторно возење. Се чувствувам добро. Многу битно е да се припремиш на најдобар можен начин, посебно поради фактот што се менуваат правилата. Кога се работи за болидот, незнам што посебно да очекувам, ќе ни биде потребно некое време да се навикнеме на новото возило.“, изјави Верстапен.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 20.март во Бахреин.


Хабиб се разликува од другите sвезди : никогаш не бил во ноќен клуб, не слуша музика, а во гаража има само еден автомобил

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов привлекува големо внимание каде и да се појави.

Рускиот борец моментално се наоѓа во САД каде го промовира својот тим, а потоа заминува од Мајами во Феникс каде како тренер ќе го води својот ученик  Ислам Мамадов на Bellator.

Американските медиуми се интересираа за приватниот живот на познатиот руски борец, бидејќи за него се знае многу помалку отколку за неговата кариера.

Нурмагомедов се присети на најнеобичните и највпечатливите подароци од обожавателите, а зборуваше и за единствениот автомобил што некогаш си го купил.

„Не сум љубител на автомобили. Во целиот мој живот купив само еден автомобил, Range Rover. Многу добар автомобил и го имам во Дагестан“.


Ландо Норис продолжува во Мекларен

Екипата на Мекларен обезбеди продолжување на договорот со еден од најдобрите млади возачи во Формула 1, Ландо Норис.

22-годишниот Британец, ќе остане во Мекларен до крајот на 2025 година. Норис имаше доста успешна сезона во 2021 година, успевајќи четири пати да застане на подиумот и забележа еден старт од пол-позицијата.

Негов тимски колега за наредната сезона останува возачот од Австралија, Даниел Рикардо.


Македонскиот олимпиец Дехари се повреди и нема да настапи во Пекинг

Нашиот претставник на Зимските олимписки игри во Пекинг, Дардан Дехари, доживеа повреда и нема да биде во можност да настапи на предвидените трки во слалом и велеслалом.

Од Македонскиот олимписки комитет преку официјално соопштение ја поврдија повредата на Дехари и изјавија дека се работи за оштетување на лигамент во коленото за што ќе биде потребна итна операција.


Врвот на лудилото – три светски првенства во ватерполо за година и пол!

Светската пливачка организација ФИНА продолжува да изненадува, а најновиот потег на организацијата за пливање чадор несомнено ќе ги разбесни најдобрите ватерполисти во светот.

Пред само неколку дена, челниците на ФИНА одлучија да го одложат Светското првенство во Фукуока, Јапонија за следното лето  2023  година. 

Оваа најава предизвика чудење со оглед на тоа што редовно планираното Светско првенство во Доха се планира да се одржи во јануари 2024   година, бидејќи споменатата година е олимписка.

И сега ФИНА одлучи дека тие две светски првенства не се доволни, туку дека ќе се игра уште едно годинава   и тоа почнувајќи од  2  јули  2022 . Домаќинот, погодувате, е секогаш подготвен Будимпешта.

Но и тука не е крајот на лудоста. Финалето на ЛП во ватерполо во Белград треба да се одржи на денот кога треба да започне Светското првенство во Будимпешта. И ФИНА се потруди да ги задржи најдобрите светски ватерполисти целосно седнати со тоа што одлучи финалниот турнир на Светската лига да биде на крајот на истиот месец во јули 2022 година.


Македонскиот натпреварувач во нордиско скијање со симболичен настап

Македонскиот натпреварувач во нордиско скијање, Ставре Јада, имаше повеќе од симболичен настап во спринтот на 1,5 километри.

Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, откако заврши на 86. позиција во квалификациите, во кои патеката ја завршија 88 скијачи.

Крушевчанецот патеката ја мина со време од 1:34,8 минути, со што беше подобар само од двајца конкуренти и тоа од Ели Тавк од Либан и Андрес Кинтана од Колумбија. Првите три места во квалификациите ги освоија Шанава од Франција со време 1:14,9, Устјугов од Русија 1:16,9 и Клаебо од Норвешка со време од 1:16,7 минути.

Пласман во вториот круг обезбедија само најдобрите 30, нешто што не беше достижно за македонскиот претставник.


Германката Пехштајн испиша историја со настап на својата деветта Олимпијада

Германката Клаудија Пехштајн стана највозрасната жена која некогаш настапила на едни Зимски олимписки игри.

49-годишната натпреварувачка во брзо лизгање се појави во трката на 3.000 метри во Пекинг, со што стана само вториот спортист, а првата жена, која осум пати се натпреварувала на Зимски Олимписки Игри. Пехштајн, која освои девет олимписки медали во кариерата, се изедначи со јапонскиот ски-скокач Нориаки Касаи по бројот на настапи на Зимските олимписки игри.

Интересно е тоа што Клаудија Пехштајн ќе наполни педесет години два дена по завршувањето на ЗОИ во Пекинг, трката ја заврши за 4:17.16 минути, што е речиси 20 секунди побавно од олимпискиот рекорд (3:57.70), кој сè уште го поседува од Игрите во Солт Лејк Сити во 2002 година. Пехштајн своите први медали ги освои на ЗОИ во Лилехамер во 1994 година.


Јамаха со официјална презентација на тимот и моторот за новата сезона

Тимот на Монстер Енерџи Јамаха, официјално го претстави тимот и новиот мотор во премиер класата од ГП шампионатот 2022 година.

Актуелниот шампион Фабио Квартараро ќе се обиде да ја одбрани освоената тиула, додека неговиот тимски колега Франко Морбидели ќе проба да го нападне првото место.

Новата сезона во мото ГП шампионатот ќе стартува на 6.март, со трката за Големата награда на Катар.