останато

Одложено враќањето на Ентони Џошуа во рингот

Враќањето на професионалниот боксер Ентони Џошуа на рингот ќе биде одложено поради операција на лактот, која ќе го спречи да тренира до осум недели.

Џошуа не се борел откако претрпе пораз во пет рунди од шампионот во тешка категорија на ИБФ, Даниел Дубоа, на „Вембли“ во септември, а долгоочекуваниот реванш со Тајсон Фјури беше откажан поради неодамнешното пензионирање на неговиот британски ривал.

Сè уште постои можност Џошуа и Фјури да се сретнат подоцна оваа година, но прво 35-годишниот поранешен светски шампион ќе мора да се опорави од операцијата на која ќе се подложи овој месец.

-Се обидувам да си го вратам телото во форма. Ќе имам мала операција на лактот некаде во мај. Ги финализирам деталите. Тоа ќе ме оддалечи од теретана шест до осум недели и штом ќе заздравам, ќе се вратам во боксот, изјави Ентони Џошуа за ДАЗН.

Џошуа се опорави по два порази од Олександр Усик, запишувајќи три победи по ред, само за да биде нокаутиран од Дубоа во судир што доведе до повици до освојувачот на златниот медал од Лондон во 2012 година да се повлече од спортот.

Сепак, Џошуа е свесен дека борбата со неговиот долгогодишен ривал Фјури би била исклучително профитабилна и за двајцата.

Даниел Дубоа ќе се врати на „Вембли“ за да се соочи со Усик на 19 јули.


Пјастри убедливо слави за ГН на Мајами

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Мајами. Австралиецот ја забележа шестата победа во кариерата, четврта оваа сезона, трета во последните три трки. Доминацијата на Мекларен ја потврди минатогодишниот победник, Ландо Норис, со второто место. Трет трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес.

Мекларен, а особено Пјастри одо почетокот на сезоната се приказна за себе. Младиот Австралиец, стратуваше од четвртото место, експресно се проби во поредокот, а откако во 12 круг го мина лидерот Ферстапен, рутински дојде до победата.

Низ поредкот мораше да се пробива и Норис, откако во првиот свиок, по борбата со Фертсапен падна на петтото место.

Расел, избра различна стратегија од најдобрите, тоа му се испалтеше и заврши на подиумот. Ферстапен, кој стартуваше од пол-позицијата мораше да се задоволи со четвртото место.

Брилијантна трка возеше и Алекс Албон од Вилијамс. На крајот го освои петтото место, пред Кими Антонели, кој поради грешката на механичарите во боксот немаше можност да се бори за подобар пласман.

Зад младиот Италијанец завршија пилотите на Ферари, Леклер и Хамилтон, а бодови освоија и Карлос Саинц во Вилијамс, односно Јуки Цунода во Ред Бул.


Светски првак во атлетика уапсен заради насилство

Фред Керли, поранешен светски првак и сегашен носител на бронзен олимписки медал на 100 метри, е уапсен пред атлетскиот митинг во Мајами.

Заради ова го пропушти овој спортски настан, а причината е конфликт во службениот хотел. Според американските медиуми, Керли физички ја нападнал својата поранешна девојка.

Според сведоците, Фред со тупаница во глава ја удрил Алиша Џонсон, американска олимпијка која се натпреварува во трка на 100 метри со пречки.

„Керли беше уапсен синоќа. Истражувањето е во тек и сите прашања поврзани со него треба да се упатат до канцеларијата на шерифот на округот Бровард Фред, нема да трча оваа недела и немаме други коментари“, објавија организаторите.

Фред минатата година на Олимписките игри во Париз освои бронза на 100 метри, а пред четири години во Токио на истата дистанца освои сребро. Беше светски шампион во најатрактивната дисциплина во Јуџин 2022 година.

На Флорида требаше да трча на 100 и на 200 метри.


Јанта волеј е нов шампион на Македонија во женска одбојка

ЖОК Јанта Волеј Кисела Вода е нов одбојкарски шампион на Македонија во женска конкуренција откако го совлада Работнички со 3-1 (14-25, 25-23, 25-19, 25-22) и дојде до третиот триумф во финалната серија.

Работнички Скопје тргна сигурно во салата „Независна Македонија“, имаше константна контрола над играта во првиот сет и со 14-25 поведе со 0-1. Но, во продолжението домашните одбојкарки го надминаа почетниот грч во играта и ги превземаа работите во свои раце.

Бранителот на титулата водеше со 3-8, 4-10 и 6-12 кога се случи „будење“ во тимот на Јанта и со серија од 5-0 прво се доближи на 11-12, а потоа се избори и за комплетен пресврт, 20-16, односно 22-20 и користејќи ја втората сет-топка, со 25-23 изедначи на 1-1.

Во третиот сет егал играта траеше до 8-8, по што Јанта Волеј со нова серија поведе со 15-8 и со сигурни 25-19 се избори за пресврт од 2-1.

Голема борба се водеше во четвртиот сет. Јанта Волеј создаваше предност од два-три поени, но Работнички Скопје секогаш наоѓаше начин како да се врати во игра.

Во овој период од играта гледавме убави, долги поени, во квалитетна игра како во полето, така и на мрежата. Гостинките се обидуваа да се изборат за петти сет и да останат во игра за титулата, но Јанта Волеј ја искористи првата сет и меч топка, за 25-22 и конечни 3-1.

Новиот шампион го предводеа Мери Бошковска со 19 поени, Ива Стојковска со 12, како и Валерија Собол со 11 поени, додека во редовите на Работнички Скопје, Стакхаус и Дикова освоија по 13 поени, додека капитенката Баталаковска имаше 11 поени.

Ова за Јанта Волеј беше четврта шампионска титула во клупската историја.


Кими Антонели најбрз на спринтот во Мајами

Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на Мерцедес, дојде со најбрзиот круг 1:26.482 минути.

Со неполни 19 години, Антонели стана најмладиот освојувач на пол позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за Гран при или спринт трка.

Антонели зад себе ги остави возачите на Мекларен, Оскар Пајстри (+0.045) и Ландо Норис (+0.100).

Спринтот до Норис, од вториот ред ќе го започне актуелниот светски првак Макс Ферстапен (+0.255).

Петтото место во квалификациите му припадна на колегата на Антонели, Џорџ Расел. Зад него се возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

Во Топ 10 се пласираа Алекс Албон (Вилијамс), Иска Хаџар (Рејсинг Булс) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

Спринт трката во Мајами се вози во сабота со почеток во 18 часот, а квалификациите за главната трка се закажани за 22:00 часот.


Рекордна пријавеност на овогодишениот Тур Д’ Франс

23 екипи, вклучувајќи 18 екипи од UCI WorldTeams и 5 UCI ProTeams ќе се натпреваруваат на годинешното издание на најпрестижната велосипедска трка, Тур Д’ Франс. Според најавата годинава на трката се пријавени вкупно 184 возачи.

Според анализите, фаворити се Тадеј Погачар, Јонас Вингегард, Ремко Евенепул и Примож Роглич. Се очекува спринтери како Јаспер Филипсен и Бинијам Гирмај да се насочат кон рамните етапи, додека искачувачите ќе се борат на Пиринеите, Алпите, Јура и Масивот Централ.

Тур де Франс 2025, 112-то издание на трката, ќе стартва на 5 јули и ќе заврши на 27 јули. Стартот ќе биде во Лил, а завршницата на Шанзелизе во Париз.


Штип УГД слави во третиот меч, финалната серија се сели во Струмица

Одбојкарите на Штип УГД дојдоа до првата победа над Струмица 47&72 во финалната серија во најсилниот домашен шампионат.

Ова за тимот на Кристијан Ристески беше да се биде или не, притисокот беше голем, но токму во овој меч одиграа најдобро и на највисоко ниво и запишаа славје од 3-0 во сетови со 25-21, 25-23, 25-15.

Сега освојувачот на Купот на Македонија губи со 2-1 во серијата и ќе се обиде в понеделник во Струмица да се избори за мајсторка во пресметката.

Најдобар играч на домаќините беше Задмард со 18 поени, Арсов и Багаев имаа 12 и 10 поени. Милев имаше 8 поени кај поразените.


Усик и Дубоа ќе се борат за титулата апсолутен шампион во тешка категорија

Олександр Усик и Даниел Дубоа официјално ќе се борат ова лето. Шоуто, за кое се зборуваше долго време, доби официјална потврда.

Олександр Усик и Даниел Дубоа ќе се борат на 19. јули на стадионот „Вембли“ за обединување на шампионските појаси во тешка категорија.

Дубоа е светски шампион во верзијата ИБФ, додека Усик е сопственик на титулите во верзиите ВБО, ВБА и ВБЦ.

На 19. мај 2024 година, во Ријад, Усик го победи Британецот Тајсон Фјури и ги обедини титулите светски шампион во тешка категорија во верзиите на ИБФ, ВБО, ВБА и ВБЦ.

Украинецот потоа во јуни 2024 година објави дека се откажал од одбраната на титулата во верзијата на ИБФ, а Дубоа беше прогласен за шампион. Во септември минатата година, Дубоа го одбрани својот ИБФ појас откако го победи Ентони Џошуа.

Усик потоа, во реваншот го победи Фјури на 22 декември минатата година и ги задржа титулите светски шампион во тешка категорија во верзиите ВБО, ВБА и ВБЦ.

Дубоа и Усик се бореа во 2023 година во Вроцлав, а тогаш победи украинскиот боксер.


Асефа од Етиопија го собори светскиот рекорд во маратон

Тигст Асефа од Етиопија го собори светскиот рекорд во маратон, откако победи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50 часа. Асефа, освојувачка на сребрен медал на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024, се одвои од Кенијката Џојсилин Џепкосгеи во последните неколку километри откако двете поставија исто темпо од самиот почеток.

Со денешниот резултат таа го подобри претходниот рекорд од 2:16,16, кој минатата година во Лондон го постави Перес Јепчирчир од Кенија. Џепкосгеи беше втора со време од 2:18,44, додека актуелната победничка на олимпискиот маратон, Сифана Хасан од Холандија, беше трета со време од 2:19,00.

Во машка конкуренција, Кениецот Себастијан Саве славеше завршувајќи ја трката со повеќе од една минута предност пред Џејкоб Киплимо од Уганда. Саве, кој го победи на маратонот во Валенсија пред четири месеци, ја помина целта по 2 часа, 2 минути и 20 секунди.

Јакоб Киплимо од Уганда, кој го собори светскиот рекорд во полумаратон во февруари, беше втор во своето деби во маратонските трки со време од 2:03,37, додека минатогодишниот победник Александар Мутисо Муњао заврши на третото место.


Алекс Маркез победник на трката во Херез

Помладиот Маркез, Алекс, ја заблежа првата победа во кариерата на Големата награда на Шпанија во Херез. Возачот на Гресини Дукати, славеше пред возачите на Јамаха и Дукати, Фабио Квартараро и Франческо Бањаја.

Алекс Маркез победи во Херез и ја презеде лидерската позиција во шампионатот од свјот брат Алекс.

Марк направи голема грешка во третиот круг,излета од патеката кога го напаѓаше во тој момент лидерот Квартараро. Марк се врати во трката, на крајот го освои 12. место.

Квртараро беше на чело на колоната до 11 круг, кога Алекс си префектен маневар во првиот свиок успеа да го претекне.

Алекс во следните два круга создаде предност од една секунда, додека Квартараро седум ркуга се бореше со Бањаја, но успеа да ја освои втората позиција. За Квартараро ова е прв пласман на подиумот уште од октомври 2023 година.

Во генералниот пласман Алекс води со 140 поени, еден повеќе од Марк и 20 од Бањаја.