останато

Сити го враќа Александер-Арнолд во Премиер лигата

Медиумите од „островото“ шпекулираат со враќање на Трент Александер-Арнолд, навивачите на Ливерпул ќе бидат дополнително разочарани, десниот бек се поврзува со преселба во Манчестер Сити.

Трент Александер Арнолд минатото лето одби да потпише нов договор со Ливерпул и се реши за авантура во Реал Мадрид.

Но работите не одат според планот, десниот бек се мачи со формата во белиот дрес, а и повредите го забавија неговиот прогрес на „Бернабеу“.

Во последно време се говори дека тој нема иднина во Мадрид, а денеска на „островото“ се појавија шпекулации за шокантен трансфер, кој само дополнително ќе ги разочара навивачите на Ливерпул.

Популарниот ТАА е на радарот на Манчестер Сити, „граѓаните“ немаат докажан играч на позицијата десен бек, каде често принудно игра Матеуш Нунеш.

Пеп Гвардиола исто така е голем фан на Александер Арнолд и во неколку наврати ги има пофалено неговите квалитети, и тоа што одлично може да се снајде и како фудбалер од средниот ред.


Историја за Шифрин: Го освои деветтиот кристален глобус!

Американската скијачка Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на алпското скијање. Таа во неделата го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом.

Шифрин го постигна ова извонредно достигнување со победата на трката од Светскиот куп во Шпиндлеров Млин, со што уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во најтехничката дисциплина.

Со овој успех, Шифрин стана првата скијачка во историјата на Светскиот куп, во машка и женска конкуренција, со девет титули во една дисциплина во текот на повеќе од 60 години од натпреварувањето. Претходниот рекорд го држеше Американката Линдзи Вон, која беше најдобра во спуст осум пати.

Шифрин, триумфираше со вкупно време од 1:37,59 минути. Ова беше нејзина седма победа во осум трки во слалом оваа сезона, што дополнително зборува за континуитетот на нејзината форма и исклучителна стабилност.

Во Шпиндлеров Млин ја забелажа 71 победа во слалом, а има рекордни 108 победи во Светскиот куп.


Србија доминантно ја освои европската титула во ватерполо

Српската ватерполо репрезентација ја освои титулата на Европското првенство во Белград откако вечерва ја победи Унгарија со резултат од 10-7 (3-2, 2-3, 2-1, 3-1).

Избраниците на Урош Стевановиќ е европски шампион откако ѝ го донесоа на Србија деветтото европско злато, прво од 2018 година кога „делфините“ го освоија Стариот континент во Барселона.

Најдобар стрелец во српската репрезентација во финалниот меч беше Душан Мандиќ со четири гола, Лукиќ додаде два, а голманот на Србите Глушац исто така се истакна со 10 одбрани.

Во Унгарија, Вагвари постигна два гола, што исто така зборува за тоа каков ватерполо спектакл беше вечерва.

Претходно во мечот за бронзениот медал селекцијата на Грција триумфираше над Италија со 12:5.


Лидерот Штип со победа ја отвори одбојкарската пролет

Одбојкарите на ГОК Борец имаа одлично отворање на плејоф разигрувањето во Првата машка лига и запишаа важна гостинска победа над Работнички 71&22, кој им е директен ривал за подобра позиција на табелата. Велешани славеа со 3-1 во Скопје истовремено му се реваншираше на противникот за поразот од стартот на сезоната.

Лидерот Штип УГД пред својата публика беше сигурен на средбата со Сушево со 3-0, додека мечот меѓу шампионот Струмица 47&72 и Универзитет во Тетово од претходно беше одложен.


Франкони сензационален победник на спустот во Кицбил

Сензација на спустот во Светскиот Куп на легендарната патека Штрајф во Кицбил.

До голема победа стигна речиси анонимниот Италијанец Џовани Франкони, кој ја заврши трката за време од 1:52.31.

Фаворитите се редеа на патеката, но никој не успеа да го загрози 24-годишниот Италијанец. Најблиску беше Швајцарецот Марко Одермат, кој заостана само седум стотинки зад победникот.

Сензационалниот 35-годишен Французин Макс Мусатон заврши на најниското скалило на подиумот со бројот 29. Тој беше 39 стотинки зад победникот.


Домен Правц на половина пат до светското злато

Првиот ден од Светското првенство во ски-летови донесе возбуда, променлив ветер и нов лидер.

Словенецот Домен Превц е на половина пат до остварување на сонот – индивидуална светска титула, десет години откако тоа го направи неговиот брат Петар.

По првите две серии на лечилницата во Оберсдорф, Германија, Домен Превц води со убедлива предност од 14.0 поени пред најблиските конкуренти.

На второто место изненадувачки се наоѓа Јапонецот Рен Никаидо, додека поранешниот шампион Линдвик падна на третата позиција.


Одермат втора година по ред најбрз на супервелеслаломот во Кицбил

Швајцарецот Марко Одермат победи на денешната супервелеслаломска трка од Светскиот куп во Кицбил, пред сонародникот Фрањо фон Алмен заврши втор и Австриецот Стефан Бабински, кој заврши третопласиран.

Одермат, кој победи на супервелеслаломот во Кицбил и лани, ја мина патеката со време од 1:08,41, што беше за три стотинки побрзо од резултатот на Фон Алмен, додека Бабински заостана 25 стотинки.

За Одермат ова беше 53 победа во Светскиот куп во алпско скијање и 17 во супервелеслалом.

Одермат води во поредокот во супервелеслалом со 425 бодови, а е лидер и во генералниот пласман со 1.205 бодови.

Програмата во Кицбил продолжува викендов со спустот в сабота и слаломот в недела.


Србија и Унгарија ќе играат за европската круна цво ватерполо

Ватерполо селекцијата на Србија извојува убедлив триумф над Италија со 17-13 и се пласира во финалето на Европското првенство во Белград.

Србите ќе играат против Унгарија во мечот за златото во недела во 20:30 часот, додека Италија и Грција, играат за бронзата во 17:00 часот истиот ден.

Србија до триумфот ја предводеа Душан Мандиќ и Страхиња Рашовиќ со по четири гола, додека голманот Милан Глушац повторно се истакна со 14 одбрани.

За Италија, Франческо Кондеми, Филипо Фереро и Матео Јоки Грата постигнаа по три гола.

Србија вечерва стигна до своето седмо финале на ЕП, а досега има пет победи и еден пораз.


Никола Ѓорѓиев потпиша за Карловарско во Чешка

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев од Романија замина за Чешка. Тој од денес е нов член на најдобриот тим во чешката Екстралига, Карловарско.

Клубот денеска и официјално го потврди трансферот на нашиот капитен, кој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на романски Рапид.

37-годишниот Ѓоргиев во 21-вата своја сезона како интернационалец за првпат ќе настапува во првенството на Чешка.

„Ова ми е 21-ва сезона како играм во странство и ќе ми биде првпат во Чешка. Многу сум среќен што се приклучувам на успешниот клуб ВК ЧЕЗ Карловарско, кој досега имаше одлична сезона. Се надевам дека сите ќе останеме здрави и дека ќе ја продолжиме добро започнатата сезона и ќе ги оствариме сите наши цели. Со нетрпение очекувам да ве сретнам сите во Салата за балски спортови и се надевам дека ќе освоиме уште многу натпревари и трофеи“, изјави Ѓоргиев.


Македонија ќе настапи со четири олимпијци во Кортина

Македонија ќе има четири претставници на Зимските Олимписки игри во Милано-Кортина во Италија, потврди МОК преку социјалните мрежи и официјалниот веб-портал.

Во Нордиско трчање боите на нашава земја ќе ги бранат Ана Цветановска – спринт и интервал старт 10 км и Ставре Јада – спринт и интервал старт 10 км. Во Алпско скијање очекувано ќе не претставуваат: Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом и Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом.

Зимската Олимпијада ќе биде реализирана годинава во термин од шести до 22 февруари.