feature

Светското клупско првенство во „скратен“ состав

Новозеландскиот фудбалски клуб Оукленд Сити, се откажа од настапот на Светското клупско првенство во Катар поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот, соопшти меѓународната фудбалска федерација ФИФА.
Оукленд Сити ја извести ФИФА дека не може да ја претставува Океанија на турнирот во Катар поради пандемијата и мерките на карантин кои ги воведоа властите на Нов Зеланд. ФИФА, во координација со катарските власти, ветува „сеопфатен медицински и безбедносен протокол“ како би го заштитиле здравјето на сите кои се дел од тоа натпреварување.
Откажувањето на Оукленд значи дека на Светското првенство наместо седум, ќе учествуваат шест клубови.


Сајтот на Светското првенство тврди дека овој ракометар има 89 килограми!

Готје Мвумби Тиери, масивниот пивот на Конго, стана ѕвезда на денот на ракометното Светско првенство, а сцените како тој се пробива низ противничката одбрана станаа вирални на социјалните мрежи.
Тиери успеа да го претвори неинтересниот натпревар помеѓу Конго и Аргентина во сензационален со самата своја појава. Одигра одличен натпревар, за 11 минути во игра од четири удари кон голот постигна четири гола за дебитантот на СП, но љубителите на спортот посветија внимание на неговата килажа.
Така, дојдоа до страницата на францускиот четвртолигаш Друкс, за кој Тиери настапува од минатото лето. Таму пишува дека има 26 години, висок е 192 сантиметри и она што на сите им е најинтересно, тежок е 110 килограми.
Меѓутоа, изненадувањето дојде на службениот сајт на СП. Таму пишува дека конгоанскиот горостас е висок 176 сантиметри и има 89 килограми!
Организацијата на СП во Египет уште пред почетокот на првенството беше прогласена за катастрофална од многумина, а овој гаф со пропорциите на Тиери е само еден од доказите за споменатото.


Евротип предлог тикет – Сабота 16.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 61 коефициент:

Вест Хем – Барнли | 1
По победата во ФА Купот, Вест Хем се засили и со нетрпение очекува победничка серија и во Премиер лигата, „Чеканите“ се големи фаворити против Барнли, иако и тимот на Дајч скапо ја продаде кожата против Манчестер Јунајтед во средата. Домашна победа е најреална опција.

Олимпик Марсеј – Ним | 1, 3+
По поразот во Суперкупот на Франција, тимот на Андре Виљаш Боаш мора да го реши најголемиот проблем сезонава – победите против малите тимови. Ним е противник по мерка за враќање на победничките стази.

Анжер – ПСЖ | 2-2
Со Почетино на клупата ПСЖ доби препознатлива форма и победите оваа недела значеа нов почеток. Вчера тренерот на ПСЖ беше позитивен на ковид-19 и неизвесно е дали заразил и некои од фудбалерите. Сепак, Анжер не е противник заради кој шампионот треба да стравува и да игра максимално.

Борусија Дортмунд – Мајнц 05 | 1, 4-6
Враќањето на Халанд донесе и убедливи победи и препознатливи игри за Борусија Дортмунд. Мајнц е во голема криза, смени неколку тренери и не би требало да биде „тврд орев“ за „милјардерите“.

Камерун – Зимбабве | 1, 1+ПП&1+ВП
Почнува Африканскиот Куп на нации и првиот голем фудбалски настан во новата година. Камерун е изразит фаворит на првиот натпревар и еден од претендентите за највисок пласман. Убедлива победа на Камерунците е единствена реална опција.


Четири месеци најдобар во Премиер лигата – Бруно Фернандеш апсолутен рекордер

Бруно Фернандеш влезе во историјата на англиската Премиер лига откако беше прогласен за играч на месецот во декември 2020 година.
Според официјалната веб-страница на Премиерлигата, играчот за врска на Манчестер Јунајтед стана првиот играч што ја добил оваа награда четири пати во една календарска година.
Претходно, Бруно беше прогласен за играч на месецот во февруари, јуни и ноември 2020 година. „Три гола и четири асистенции беше тоа прекрасен месец. Давање голови и помагање на вашите соиграчи е одлична работа. Заедно со Манчестер Јунајтед сакам да освојуваме трофеи и награди, но навистина сум среќен што влегов во историјата“, изјави Фернандеш по приемот на наградата.
Во декември Бруно Фернандеш одигра шест натпревари во англиската Премиер лига, постигна три гола и четири асистенции.


Куртинаитис заработи отказ, Химки ќе добие нов тренер

Рускиот Химки конечно реши да му врачи отказ на тренерот Римас Куртинаитис по катастрофалните игри и резултати на овој тим од стартот на сезонава. Химки прикажува очајни изданија во Евролигата, каде овој клуб има дури 12 порази во низа и се наоѓа закован на дното на табелата.
Чашата со незадоволство беше прелиена со вчерашниот убедлив пораз од 99-60 на гостувањето против Анадолу Ефес, по што беше донесена одлука за разделба од литванскиот стратег, кој од 2019 година седеше на клупата на овој тим. За привремен тренер е именуван Андреј Малцев, а се очекува Химки во следните десетина дена да го официјализира доаѓањето на нов врвен стратег на местото на Куртинаитис.
Химки во следното коло на 21 јануари ќе му гостува на Панатинаикос.


Данецот Јакобсен позитивен на ковид-19 на СП во Египет

Светската ракометна федерација објави дека репрезентативецот на Данска, Емил Јакобсен, е позитивен на ковид-19.
Тој заедно со неговиот цимер во хотелската соба ќе бидат ставени во изолација и нема да играат на денешниот меч со Бахреин. Воедно ИХФ најави дека од утре ќе стартува секојдневното тестирање на сите учесници на СП.
-ИХФ активно ја следи состојбата во врска со ковид-19 и континуирано ги подобрува условите. Затоа е одлучено да се примени нов ритам со PCR тестовите. Сите членови на делегациите како и сите судиите, службените лица и делегатите кои учествуваат на Светскиот шампионат ќе се тестираат за ковид-19 секој ден од 16 јануари“, стои во соопштението.


МекГрегор: Како може Хабиб да се пензионира во такво време

Поранешниот двократен шампион, Конор Мек Грегор, е подготвен да му се одмазди на Хабиб Нурмагомедов иако тој побрза да се повлече од професионалните води. За помалку од 10 дена, „озлогласениот“ се враќа во кафезот за да се натпреварува со Дастин Пори на УФЦ 257 во Абу Даби. Во меѓу време Нурмагомедов објави дека се повлекува од ММА на крајот на минатата година откако ја одбрани титулата со победата против Џастин Гејџ. „Како можете да се пензионирате во такво време? На крајот, секој одлучува сам. Има многу неверојатни битки“, вели Мек Грегор.


Ибра: Донарума е најдобар голман во светот

Златан Ибрахимовиќ смета дека Џанлуиџи Донарума во овој момент е најдобриот голман во светот. Донарума на само 16 години доби шанса во Милан и од тогаш е на голот на „росонерите“. Меѓутоа поради ситуацијата во која се наоѓаше Милан во изминатите години Донарума се уште нема одиграно ниту еден натпревар во Лигата на шампионите. „Донарума е најдобар голман во светот и не е нормално тоа што не бранел на ниту еден натпревар во Лигата на шампионите. На крајот од сезоната ќе донесам одлука за својата иднина. Се додека се чувствувам добро на теренот ќе продолжам да играм“, потенцираше Швеѓанецот.


И богатите во проблеми – ПСЖ бара помош од Владата!

Француската Лига 1 барем засега сезонава ни донесе одличен фудбал. Се чини дека ПСЖ веќе не е недопирлив, Лион и Лил се во трката заедно со тимот на Покетино. Она што го расипува впечатокот, а уште повеќе и финансиите на клубовите, вклучително со тоа и трансферите, се неисплатените ТВ договори. Медиапро го прекрши договорот, па јасно е дека КОВИД-19 влијае на се. Медиумската групација се обврза дека ќе им плати на клубовите вкупен износ од 800 милиони евра годишно до 2024. година. Првите две рати не се уплатени, платени се само 100 милиони евра. На петти октомври требаше да се исплатат 172.3 милиони, а во декември 152.5 милиони евра. Резултат на сето тоа се финансиските проблеми на француските клубови, па дури и ПСЖ влегува во таа група! Шампионот на Франција користи помош на државата за плаќање на 400 вработени од вкупно 700, не вклучувајќи ги фудбалерите. ПСЖ веќе објави загуба од 124 милиони евра поради пандемијата.


Пике ја купува Калчо лигата?!

Жерар Пике поради повреда не настапи на последниот натпревар на Барселона против Реал Сосиедад, но сепак 33-годишниот Пике и онака има полни раце работа. Според италијанските медиуми, Пике е заинтересиран за откуп на ТВ правата за пренос на натпреварите од Серија А! Раководството на лигата го започна процесот за продавање на спортските права за сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24. Објавата секако со себе повлекува и голем интерес, а преку 50 компании се заинтересирани за преговори, една од нив е и онаа на Пике, Космос Глобал Холдинг. Според пишувањето на Газета, Пике и Космос имаат најголема конкуренција во Медиапро, ДАЗН и ИМГ агенцијата. Пике има искустов во овој бизнис, засега негова најголема аквизиција на компанијата е правата на тенискиот Дејвис куп.