feature

Солскјер се откажа од двајца играчи

Тренерот на англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, им соопшти на голманот Серхио Ромеро и дефанзивецот Маркос Рохо дека имаат дозвола во јануари да го напуштат Олд Трафорд. Солскјер за англиските медиуми изјави дека аргентинскиот двоец нема да добие нов договор по крајот на сезоната. Рохо во моментот се наоѓа во Аргентина, додека Ромеро се врати пред неколку дена. Рохо пристигна во Јунајтед во 2014. година од Спортинг за 20 милиони евра, а во дресот на „црвените ѓаволи“ запиша 122 настапи и постигна два погодоци. Последната сезона ја помина како позајмен играч во аргентински Естудијантес. Ромеро пак, на Олд Трафорд пристигна во 2015. година од Сампдорија, а помеѓу стативите беше на 61 натпревар.


Беа великан, сега им се заканува неславен рекорд

Откако го држеа неславниот рекорд повеќе од половина век, на германскиот фудбалски клуб Тасманија Берлин би можел да му се придружи и Шалке 04. Тасманија 1900 Берлин во својата единствена сезона во Бундеслигата во 1965/66, нанижа 31 натпревар без победа освојувајќи само 10 бода, со гол разлика од минус 93. Шалке засега е на 30 натпревари без победа, со што се приближи до негативниот рекорд на берлинскиот клуб кој згасна во 1973. годиан. Но, дел од водството и играчите го основаа аматерскиот клуб СВ Тасманија 73 Нојколн, кој во моментот се наоѓа во петтата германска лига. Иако други радо би го избришале црниот рекорд, во Тасманија се горди на својот „подвиг“. „Овој рекорд е култен за нас. Доколку останеме без него, никој веќе нема да зборува за Тасманија. Подобро да се зборува за нас, отколку никој да не не знае.“ – изјави претседателот на клубот, Алмир Нумиќ. Последната победа во првенството на Шалке беше во јануари 2020. година против Борусија Менхенгладбах, а оттогаш клубот од Гелзенкирхен има 20 порази и 10 нерешени натпревари. Реми или пораз во денешниот натпревар против Хофенхајм, ќе значи израмнување на рекордот на берлинскиот клуб.


Невреме го одложи натпреварот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао

Мадрид синоќа беше погоден од снежна бура каква локалните жители не паметат скоро половина век. Бурата „Филомена“ создаде бројни проблеми на неподготвените жители на Мадрид, а една од последиците е и одложување на спортски натпревари. Денеска нема да се игра натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Гостите беа на пат кон Мадрид, но не можеа да слетаат, па се вратија во Баскија. Играчите на Атлетико тренираа на затворено, додека Реал одработи „нормален“ тренинг пред заминувањето за Памплона. На полетување, чекаа четири часа, но отпатуваа на денешното гостување кај Осасуна. Второлигашот Рајо Валекано тргна на гостувањето кај Мирандес со автобус, но се врати назад откако за пет часа успеа да помине само 20 километри. Натпреварот засега е одложен за утре. Поради непроодни патишта, одложен е и натпреварот помеѓу Алкоркон и Албасете.


Евротип предлог тикет – Сабота 09.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 17 коефициент:

ПСЖ – Брест | 1, 3+
Почетино веднаш го подигна гласот по неубедливото реми против Сент-Етјен во средата. Со сериозен пристап и индивидуалниот квалитет на екипата, ПСЖ лесно треба да се справи со Брест.

Беневенто – Аталанта | 2, 3+
Беневенто е непредвидлив, донесе и многу бодови од гостувањата, но тип на екипа како Аталанта не му одговора на тимот на Филипо Инзаги. Аталанта не загуби ниту еден натпревар по „случајот Папу Гомез“ и се очекуваа оваа серија да продолжи и по викендов.

Баер Леверкузен – Вердер | 1-1
По двата несреќни порази од Баерн и Ајнтрахт, „фармацевтите“ имаат идеален противник за враќање на победничките стази. Екипата на Питер Бош има неспорен квалитет и треба да запишат очекувани бодови против променливиот северен гигант.

Монако – Анжер | 1

 

Монако е фаворит и очекувам сигурна победа и приклучок кон врвот на табелата.


Арсенал – Њукасл | 1
Со три победи по ред Арсенал на Артета доби малку повеќе самодоверба и спокој. Артета нема да ротира и со цел ростер ќе го нападне Њукасл во дебито на ФА Купот сезонава.


Ромеро ќе го замени Манчестер Јунајтед со Бока Јуниорс

Серхио Ромеро, ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимскиот преоден рок. Според изданието, 33-годишниот голман им ја соопштил одлуката на соиграчите и на луѓето во клубот. Ромеро не крие дека сака да направи трансфер во неговата родна Аргентина во Бока јуниорс. Тој има желба повторно да се избори за место во националниот тим на „гаучосите“. Чуварот на мрежата има договор со „црвените ѓаволи“ до јуни годинава. Тој во тековнава сезона нема одиграно ниту еден меч.


Ракометарите не сакаат да играат пред гледачи на СП во Египет

Унијата на европските ракометари преку писмото испратено до претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа, изрази загриженост што ќе има публика на натпреварите на Мундијалот во Египет. Како што објави „ТВ2“ од Норвешка, играчите побарале натпреварите да се играат пред празни трибини и воедно да бидат запознаени со протоколот кој ќе им гарантира безбедност доколку ИХФ остане на идејата да има навивачи. Светското ракометно првенство во Египет ќе се одржи од 13 до 31 јануари под посебни мерки за заштита од ковид-19.


Познат расплетот околу Деле Али и Кристијан Ериксен?!

Тотенхем е подготвен да го испрати Деле Али како позајмен играч во ПСЖ кај поранешниот тренер Покетино, но и да доведе засилување.
Се чини дека клубот од Лондон ќе попушти, Деле Али кај Мурињо нема да добие шанса, цената му опаѓа, а тој со сите сили се бори да си замине бидејќи му се потребни минути како би играл на Европското првенство.
Поради тоа, четвртата понуда би можела да биде прифатена, бидејќи во овој момент е нејасно што клубот би добил доколку Али остане и во вториот дел од сезоната.
Поради тоа, сосема возможно е тој да замине, а во клубот да се врати Кристијан Ериксен.
Данецот падна во заборав кај Конте во Интер, а би можел да се врати во Лондон како позајмен играч со задолжителен откуп по една сезона.
Тој за Спарси има одиграно преку 300 натпревари во седум години поминати во Лондон.


Меси има две причини за трансфер во Манчестер Сити

Лионел Меси против Атлетик Билбао го одигра најдобриот натпревар сезонава. Со два гола и донесе на Барселона важни три бода од тешкото гостување, а медиумите во Шпанија јавуваат дека Манчестер Сити сака да го доведе во своите редови, а за да ја оствари таа цел, има два адути.
Првиот е Пеп Гвардиола. Каталонскиот тренер и аргентинецот соработуваа од 2009. до 2012. година, кога заедно освоија две титули во Лигата на шампионите и три во шпанското првенство, а Меси освои четири Златни топки.
„Малку екипи можат да преземат одговорност за инвестиција која се вика доведување на Меси, посебно откако тој изјави дека и понатаму е гладен за трофеи.“ – пишуваат медиумите.
Сепак, Сити е уверен дека има најголеми шанси да го доведе, иако Меси даде дознаење дека има можност кариерата да ја заврши во Барселона. Освен соединувањето со Гвардиола, Сити смета дека на нивна страна е и фактот што можат на Меси да ум понудат и договор со Њујорк Сити, откако ќе ја заврши кариерата во Европа.
Со тоа, Сити би победил во трката пред ПСЖ, кој му нуди две големи имиња: Мбапе и неговиот стар пријател Нејмар.


Брестовац повика тројца сенатори, Македонија спремна за повик за СП

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Данило Брестовац, ги повика Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Никола Маркоски да се вклучат во подготовките откако ќе го поминат задолжителното тестирање за ковид-19.
Крилото, Гоце Георгиевски, кој го прележа вирусот, нема да се врати во селекцијата бидејќи е надвор од посакуваниот ритам. Избраниците на Брестовац на 10 јануари ќе го одиграат и вториот контролен меч со Чиле во Скопје.
Ние се надеваме дека некоја селекција пред се Чешка која има проблеми со заразени ракометари ќе се откаже и дека ќе и го отвори патот на Македонија да замине на Мундијалот во Египет.


Поранешниот стан на Бендтнер се продава за ЧЕТИРИ фунти!

Поранешниот стан на Свен Горан Ериксон и Никлас Бендтнер се појави во огласник и се продава за само четири фунти!
Редовната цена му е околу 550 илјади евра, но причината за вака ниска цена е лотаријата поради која станот се најде на пазарот. Тој ќе биде главна награда на извлекувањето за кое тикетот чини точно четири фунти.
Овој стан го користеше Ериксон додека беше селектор на Англија, додека Бендтнер додека играше за Нотингем Форест една сезона.
Станот е сместен во Нотингем на реката Трент, а има две двокреветни спални соби, модерна кујна и два тоалети. Она што секако привлекува внимание е тоа што има заеднички базен, џакузи и теретана, како и подземен паркинг. На рекламата за станот е истакнато и дека има неверојатен поглед од балконот.
Еве како тој изгледа.

https://www.facebook.com/watch/?v=2796251060629632