останато

Верстапен обезбеди пол-позиција во Сузука

Четврти пат по ред, Макс Верстапен ќе стартува од пол-позицијата на патеката Сузука, на трката за Големата награда на Јапонија.

Актуелниот светски првак до првата пол-позиција сезонава, дојде со совршен круг, најбрз во историјата на Сузука 1:26.983 минути. Верстапен ја прекина доминацијата на Мекларен во квалификациите на претходните две трки, во Австралија и Кина.

Холанѓанецот за 12 илјадити делови од секундата го победи Ландо Норис од Мекларен, а од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри беше побрз за 44 илјадити делови од секундата.

Шарл Леклер со своето Ферари ќе стартува од четвртото место, тој за 20 илјадити делови од секундата беше побрз од возачот на Мерцедес Џорџ Расел кој ќе стартува од петтото место. Тинејџерот, Андреа Кими Антонели трката ќе ја започне до тимскиот колега Расел.

Пласман во првите десет на стартот изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон кој уште еднаш разочра во болидот на Ферари, Алекс Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хас).

Трката за Големата награда на Јапонија, в недела ќе започне во седум часот по средноевропско време.


Наковски волеј и Јанта волеј ќе играат за титулата во Купот на Македонија

Екипите на Јанта Волеј и Наковски Волеј ќе играат во финалето во женска конкуренција во одбојкарскиот Куп на Македонија.

Наковски Волеј ја потврди фаворитската улога против Фит Фан Волеј со 3-0 со 25-14, 25-21, 25-18 додека Јанта Волеј беше подобар од Работнички со 3-0 (26-24, 25-11, 25-19)

Финалните мечеви во двете конкуренции се закажани за в сабота. Од 16.00 ќе играат Јанта Волеј и Наковски Волеј додека од 19.00 часот кај мажите ќе се сретнат Штип УГД и Струмица.


Брињоне има двојна фрактура, ја чека долга пауза

Италијанската скијачка и овогодинешна победничка на Светскиот куп Федерика Брињоне заработи тешка повреда по падот за време на велеслаломска трка во италијанскиот шампионат.

Во второто возење таа директно удри во капијата, имаше тежок пад и се здоби со двојна скршеница на ногата.

Во придружба на нејзиниот брат и тренер Давиде, таа беше пренесена со хеликоптер во болницата Санта Кјара во Тренто. Италијанската федерација за зимски спортови (ФИСИ) соопшти дека и била дијагностицирана „мултифрагментарна фрактура на ногата“.

Засега се уште не се знае колкав период Брињоне ќе мине надвор од патеките.


Струмица и Штип УГД ќе играат финале на Купот на Македонија

Одбојкарите на Штип УГД и Струмица 47&72 ќе се соочат во финалето на завршниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) што се одржува во спортската сала „25. Мај“ во Радовиш.

Штип УГД и Струмица 47&72 ги оправдаа фаворитските улоги кои ги имаа во полуфиналните дуели и борбата за куп пехарот, ќе претставува реприза на ланското финале во Кавадарци.

Штип УГД во првиот полуфинален натпревар во четвртокот со 3-0 (25-13, 25-22, 25-20) го совлада Работнички 71&22, додека Струмица 47&72, исто така, со максимални 3-0 (25-13, 25-18, 25-18) го совлада Борец.

Годинешното финале ќе биде реприза на борбата за куп трофејот од лани во Кавадарци, кога Штип УГД беше поуспешен од Струмица 47&72.

Машкото финале во Купот на ОФМ 2025 ќе се игра в сабота од 19 часот.


Хорхе Мартин доби дозвола и ќе настапи на ГН на Катар

Светскиот шампион во Мото ГП Хорхе Мартин доби зелено светло од лекарите да патува во Катар следната недела и неговото враќање на патеката сега е поблиску.

Шпанецот тешко падна за време на претсезонските тестирања, а потоа повторно се повреди непосредно пред да се врати на патеката и ја чекаше одлуката на лекарите.

Мартин отпатува во САД и беше една од атракциите во Остин, а потоа беше на прегледи во клиниката „Дексеус“ во Барселона.

По лекарските прегледи утврдено е дека ситуацијата е многу подобрена, па тој може да отпатува за Катар каде ќе се вози следната трка на крајот на следната недела.


Македонското пливање доби нов претседател

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на денешното изборно Собрание на Националната пливачка федерација на кое за нов претседател беше избран, Сашо Лазаровски.

Министерот најави дека Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите кои со години го обременуваат овој спорт.

„Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување во пливањето. Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани и во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана“ – рече министерот Ристовски.


Хамилтон црпи мотивација од Џордан и Али

British F1 driver Lewis Hamilton signs autographs during the Scuderia Ferrari HP Drivers’ presentation event by Unicredit, in Piazza Castello in Milan, on March 6, 2025. (Photo by Piero CRUCIATTI / AFP) (Photo by PIERO CRUCIATTI/AFP via Getty Images)

Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон кажа кои спортисти го инспирираат.

„Мухамед Али и веројатно Мајкл Џордан се оние на кои најмногу гледав како на идоли. Џордан ме импресионираше со неговата упорност и пристап. Али, ми се чини, имаше неверојатна самодоверба. Неговата апсолутна верба во себе беше над сите околности. Сфатив дека треба да ги развијам истите тие особини доколку сакам да станам величина“, изјави Хамилтон за прес-службата на Ферари.

Британецот оваа сезона вози за Ферари. На првите две трки немаше забележителни резултати.

Третата етапа од шампионатот во Формула 1 ќе се одржи од 4 до 6 април во Сузука (Јапонија).


Дејан Георгиевски најдобар на Г1 турнирот за теквондо во Скопје

Сребрениот олимпиец постигна нов успех! Дејан Георгиевски го освои златниот медал на големиот Г1 турнир што се одржува во Скопје.

Тој се натпреваруваше во финалето со Германецот Куцуесунхур. Водеше 2-0, а во втората рунда неговиот противник ја предаде борбата.

Г1 турнирот се бодува за олимписка норма, што на Георгиевски му го отвора патот за учество на следните Летните Олимписки игри во Лос Анџелес.


Бањаја убедлива на Мото ГП трката во Остин

Победник на третата трка од сезоната во Мото ГП е возачот на Дукати, Франческо Бањаја. Ова е 40-та победа на италијанскиот возач во кариерата, а 30-та во првата класа.

Франческо Бањаја возеше со подобро темпо од претходните две трки, во четвртиот круг изби на второто место, пред Алекс Маркез, но и тогаш се чинеше дека неговиот тимски колега Марк Маркез е недостижен иако практично имаа исто темпо.

Марк Маркез направи голема грешка во деветтиот круг, излета од патеката и сериозно го оштети мотоциклот, во момент кога имаше водство од речиси две секунди. Франческо Бањаја во тој момент го презеде водството со 1,3 секунди предност пред Алекс Марекс, кого го престигна во четвртиот круг.

Предноста на Бањаја само растеше како одминуваше трката, Италијанецот остана концентриран и ја оствари првата победа сезонава. Зад него беа Алекс Маркез и Фабио ди Џанантонио, на второто и третото место.

Четвртото место го зазеде Франко Морбидели, пред Џек Милер. На шестото место се најде Марко Бецеки, а на седмото Енеа Бастианини. Лука Марини ја заврши трката на осмото место пред Аи Огура и Фабио Квартараро.


Превц ја прелета Планица и постави светски рекорд

Slovenija, Planica 19.03.2015, 19. Marec 2015 Veliko obiskovalcev je danes obcudovala dolge polete na preiskusnji letalnice in kvalifikacijski tekmi Sport, skoki , Peter Prevc,PlanicaFoto:Ziga Zivulovic jr. /BOBO

Словенецот Домен Превц постави светски рекорд во натпреварувањето во ски скокови на скокалницата Планица. Летот, каков што досега не е виден, заврши со слетување на 254,5 метри, со што е поставен нов рекорд во должина на ски летови. Претходниот рекорд го држеше Стефан Крафт, кој пред осум години во Викерсунд прескокна 253,5 метри.

Рекордната должина на летот сепак не беше доволна за Превац да победи пред домашната публика. Словенците славеа победа на Анже Ланишек, кој со скоковите заработи два бода повеќе од второпласираниот рекордер. Третото место го освои Германецот Андреас Велингер.

„Го сакав тоа повеќе од сè друго. Не знам што се случи. Магично. Ако можеше да го направиш тоа на последниот скок во Планица… Ќе спијам добро денес, утре нема да ме разбудат шест будилници”, изјави победникот на Малиот глобус за вкупниот пласман на летот по скокот. Големиот го освои Австриецот Даниел Цофениг.

По првата серија веќе беше јасно дека ова ќе биде нова словенечка прослава откако Ланишек поведе пред Превац, а потоа словенечките летачи направија борба која тешко ќе се повтори.