останато

Во Америка се случи еден од најлудите атлетски пресврти! (видео)

Американската колеџ атлетичарка Зија Холман, минатиот викенд на атлетскиот митинг во Мичиген го изведе еден од најлудите пресврти некогаш снимени со камера. Атлетичарката на Универзитетот од Мичиген, трчаше последна за својата екипа во штафетата 4х400 метри, а кога ја презеде палицата заостануваше четири секунди зад конкуренцијата, односно 25 метри. До крајот на првиот круг, Холман ја престигна претпоследната атлетичарка, а со фуриозен финиш стигна до првото место и славеше со половина секунда предност. Холман својата делница ја истрча за време 51.79 што би бил сериозен резултат во сениорска конкуренција.

https://twitter.com/UMichTrack/status/1350585028095340545

Два лични рекорди на македонските атлетичари во Белград

Македонските атлетичари Дарио Ивановски и Јован Стојоски извојуваа победи, зачинети со државен односно личен рекорд на Атлетското првенство во сала, кое се одржа во Белград. Ивановски со нов државен рекорд триумфираше во дисциплината 1 500 метри, со време 3 минути, 45 минути и 46 секунди, додека Стојоски прв низ целта мина на 400 метри со време 48 секунди и 11 стотинки, што беше доволно за победа и личен рекорд. Од останатите македонски атлетичари кои настапија во Белград најблиску до медал беше Александар Танески, кој заврши четвртопласиран во спринтерската дициплина 60 метри.


Невидена борба во историјата на УФЦ! (видео)

Макс Холовеј како победник, но и Калвин Катар како поразен, ги шокираа фановите на ММА на првиот УФЦ спектакл за годинава, одржан во Абу Даби. Во главната борба на вечерта, Холовеј во лесна категорија го победи Каар со едногласна одлукан а судиите и тоа по борба каква што не се памети во УФЦ. Холовеј победи со резулат 50:42, што во историјата на УФЦ никогаш не се случило во една главна борба. Причина е што таквата доминација инаку завршува со нокаут, но Катар чудесно преживеа еднакво чудесни 700 удари, со колку што го нападна Холовеј! По претставата која ги импресионира коментаторите, фановите, но и легендите на овој спорт, Холовеј се предложи за главна борба на вечерта идниот викенд, на која ќе бидат Конор Мекгрегор и Дастин Порие.


Суспендирана олимписката шампионка на 100 метри со пречки заради допинг

Бријана Ролинс-Мекнил која е олимписка шампионка на 100 метри со пречки е суспендирана на неодредено време поради кршење на анти- допинг правила. Единицата за интегритет во атлетиката соопшти дека Ролинс-Мекнил е обвинета за „мешање во процесот на утврдување на резултати“. Доколку се утврди дека е виновна, и се заканува суспензија од 4 до 8 години. Американката освои злато на ОИ во Рио во 2016 година, а во 2013-та триумфираше и на СП во атлетика. Таа во моментов го има четвртото најдобро време во историјата на 100 метри со пречки – 12,26 секунди.


МекГрегор: Како може Хабиб да се пензионира во такво време

Поранешниот двократен шампион, Конор Мек Грегор, е подготвен да му се одмазди на Хабиб Нурмагомедов иако тој побрза да се повлече од професионалните води. За помалку од 10 дена, „озлогласениот“ се враќа во кафезот за да се натпреварува со Дастин Пори на УФЦ 257 во Абу Даби. Во меѓу време Нурмагомедов објави дека се повлекува од ММА на крајот на минатата година откако ја одбрани титулата со победата против Џастин Гејџ. „Како можете да се пензионирате во такво време? На крајот, секој одлучува сам. Има многу неверојатни битки“, вели Мек Грегор.


По страшен пад, мотоциклист почина на Релито Дакар

Францускиот мотоциклист Пиер Черпин, кој се здоби со тешки повреди на главата по падот во текот на седмата етапа од Релито Дакар 2021, почина пет дена подоцна во текот на трансферот до Франција, објави организаторот на Релито. „Во текот на превозот со авион од Џедах до Франција, 52-годишниот Черпин подлегна на повредите здобиени по падот во седмата етапа од Хаила до Сакака на 10. јануари.“ – стои во соопштението на организаторот. Черпин, за кого ова беше четврт настап на Релито, имаше операција на главата по падот во Саудиска Арабија, а по истата беше во индуцирана кома.


Алпин е новото име на Рено

Францускиот тим во Формула 1, Рено официјално го смени името и амблемот. Од денес нивното ново име е Алпин. Тимот веќе го смени името на профилот на Твитер, како и боите од жолта во црна, сина, бела и црвена.
Според „Диарио Спорт“, има промени во раководството на тимот. На Алпин му се придружија поранешниот шеф на „Сузуки“ во Мото ГП, Давиде Бривио и Лоран Роси, кој ја презеде функцијата извршен директор и комерцијален директор. Кирил Абитебул го напушти Алпин.
Рено заврши како петти во поредокот на тимот Формула 1 во 2020 година. Новата сезона започнува со Големата награда на Бахреин на 28 март.


Организаторите на ЛОИ во март ќе одлучуваат за присуство на фанови на трибините

Организаторите на одложената Олимпијада во Токио мора да одлучат во февруари или март дали ризикот од коронавирусое е доволно мал за да им се овозможи на гледачите да присуствуваат на натпреварите во јули, изјави раководителот на организацискиот комитет Јоширо Мори.
Јапонската влада и Меѓународниот олимписки комитет во март минатата година одлучија да ги одложат Олимписките игри за јули 2021 година, поради глобалната пандемија.
Досега не е донесена одлука дали ќе се пуштаат гледачи во објектите за време на игрите. Сопствениците на билетите кои не сакаат да присуствуваат веќе аплицирале за враќање на средствата.
„Мислам дека ќе треба да донесеме многу тешка одлука во февруари или најдоцна во март“, рече претседателот на Организациониот одбор на Токио 2020 Јоширо Мори.


Изменет календарот на Формула 1 шампионатот

Календарот во Формула 1 веќе почнува да се менува, а сезоната 2021 сè уште не е започната. Ова стана потребно откако две од првите три трки најверојатно ќе бидат одложени или откажани поради пандемијата ковид-19. Така, некои од патеките што служеа како резерви во 2020 година ќе имаат шанса повторно да бидат домаќини на натпревари во новата година.
Според прелиминарниот календар објавен во ноември, првото натпреварување требаше да се одржи на 21 март во Австралија, а оној во Бахреин – само една недела подоцна. По нив следува Кина на 11 април и сè уште неодреден домаќин на 25 април, каде што требаше да биде Виетнам, но пандемијата што е во тек бара корекција.
ГН на Австралија во моментов е одложена за 21 ноември, додека Кина сака одложување за нешто подоцна. Така, отворањето на сезоната 2021 година ќе се одржи на 28 март во Бахреин, додека патеката Имола ќе биде домаќин на второто натпреварување на 18 април.


Македонија со победа ги отвори квалификациите за ЕП

Нашите најдобри одбојкари со победа ги стартуваа квалификациите за Европското првенство. Тие во СЦ Борис Трајковски во Скопје славеа против селекцијата на БИХ со 3-1 по сетови: 27-25, 25-21, 23- 25, 25-19.
Во првиот сет аутсајдерот во групата пружи силен отпор и моравме да се измачиме за стартна предност. Во вториот рутинирано дојдовме до 2-0 , но, во третиот попуштивме а противникот тоа го искористи за да внесе неизвесност во мечот. Во последниот сет Македонија одигра колку што требаше за да ги прокнижи првите бодови. Утре ние сме слободни додека в среда од 18:00 часот ќе излеземе на мегдан со фаворизираната Турција.
Двата турнир од групата Ц ќе бидат во Скопје во краток временски период бидејќи Данска се откажа од учеството. Пласман на ЕП ќе обезбеди вкупниот победник во групата како и петте најдобри второпласирани селекции од седумте квалификациски групи.