Австралија даде „зелено светло“: Првиот Грен слем ќе се игра пред полни трибини

Премиерот на државата Викторија потврди дека Австралија Опен ќе може да се одржи пред полни трибини во Мелбурн од 17 до 30 јануари следната година.

Со оваа најава, првиот Грен Слем за новата година полека ќе се врати во нормала.

„Благодарение на вакцинацијата на 90% од жителите на Викторија, повеќето ограничувања, речиси сите, ќе можат да исчезнат“, потврди Даниел Ендрјус.

Според најавата, Мелбурн Парк на почетокот на годината ќе може да прими околу 60.000 гледачи.