Адана Демирспор со понуда за Аријан Адеми

Турскиот фудбалски клуб Адана Демирспор, е заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми.

Според некои написи во хрватските медиуми, турскиот прволигаш веќе испратил понуда до Динамо Загреб за купување на капитенот на екипата Адеми, и се чека одговор од шампионот на Хрватска.

Италијанецот Винченцо Монтела, кој е тренер на Адана, имал високо мислење за фудбалските квалитети на Адеми, и инсистирал тој да биде доведен во клубот за време на јануарскиот преоден рок.