Алегри: Во моментов Јуве не е подобар тим од Верона

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри признава дека неговиот тим е во тежок период, но се надева дека тоа наскоро ќе биде надминато,

По поразот од Сасуоло, Јувентус денес загуби и од Верона, во моментов е на 9. место на табелата, со можност да падне уште подоле до крајот на колото.

„Зборовите се безначајни во моментов. Вво лоша ситуација сме, треба да ја прифатиме реалноста, сега сме тим од средина на табелата. Од оваа ситуација можме еда излеземе со малку повеќе посветеност и квалитет. Ќе излеземе од оваа ситуауција. Нема потреба да се сожалуваме, тоа нема да помогне, треба само да се фокусираме и да го правиме тоа што треба и работите сами по себе ќе се средат. Ако го носите дресот на Јувентус тоа не ви дава гаранција дека можете да го победите секој тим од средина на табелата. Треба секој бод да го заработиме со вистински приод“, заврши Алегри.