Алек Петковски нов член на КК Куманово

Клубот потврди уште едно домашно засилување. Нов член на кумановскиот состав е Алек Петкоски, кој пристигнува од Маџари.
Петкоски има 21 година, а во изминатиот период настапуваше за Маџари ГБ во Првата лига и Суперлигата, додека претходно беше дел и од ТФТ и Феникс 2010. Новиот кошаркар на Куманово има и репрезентативно искуство, бидејќи настапуваше за младинските селекции на Македонија.
„Со големо задоволство го пречекуваме Алек Петкоски во семејството на МКК Куманово! Алек е роден на 16 октомври 2004 година, висок е 190 см и настапува на позицијата бек.
Во досегашната кариера има настапувано за КК Маџари ГБ во Првата лига и Суперлигата на Македонија, а претходно беше дел и од екипите на ТФТ и Феникс 2010. Има искуство и со младинските репрезентации на Македонија“, објави Куманово.