Алкалоид до врв ја наполни мрежата на Ловќен

Ракометарите на РК Алкалоид остварија сигурна и убедлива победа во Регионалната лига, откако на домашен терен го совладаа црногорскиот претставник РК Ловќен со резултат 54:37.
Нападот на сините функционираше беспрекорно, а најефикасен на теренот беше Урош Борзаш кој постигна 8 гола. Голема поддршка во офанзивата му дадоа Нејц Цехте, Емилијан Ѓорговски и Александар Петковски, кои се запишаа во стрелците со по 7 погодоци.