Аморим негира дека се договорил со челниците на Ливерпул

Пред неколку дена бројни светски медиуми ја објавија како „завршена работа“ веста дека Ливерпул си најде нов менаџер и дека Јирген Клоп од лето ќе го наследи Рубен Аморим.

Португалецот е навистина кандидат број еден и се чини дека целата работа е блиску до успешен епилог и за Ливерпул и за Аморим, но актуелниот тренер на Спортинг демантираше дека постигнал некаков договор да дојде на „Енфилд“ во јуни.

„Не се сретнав со никого од Ливерпул, ниту пак суум имал разговор. Тоа не е точно. Jас сум тренер на Спортинг и посветен сум на работата во мојот тим. Престанете со ваквите информации, ова е последен пат кога зборувам за мојата иднина“, изјави Аморим.

Најавите се дека Спортинг ќе добие оштета од 10 милиони евра за тој да седне на клупата на „црвените“. Спортинг е блиску до освојување на титулата шампион на Португалија. На шест кола до крајот е прв на табелата со четири бода повеќе од Бенфика, а има и натпревар помалку. Аморим го одведе својот тим и до финалето на Купот на Португалија.