Англија и Шпанија најбројни, Македонија без фудбалер во ЛШ

Квалификациите за Лигата на шампионите завршија, па познати се сите 36 учесници во главната фаза на најелитното европско клупско натпреварување.
И третата сезона по ред Лигата на шампионите ќе се игра во новиот формат со една заедничка табела. Секој тим ќе одигра по осум натпревари – четири дома и четири на гости – а ждрепката ќе се одржи на 28 август.
Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен е носител на првиот шешир, каде што се и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона и Атлетико Мадрид.
Во вториот шешир се наоѓаат Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Бриж, Бетис и ПСВ.
Третиот шешир исто така носи неколку интересни имиња. Таму се Феенорд, Лил, Бодо/Глимт, Наполи, РБ Лајпциг, Виљареал, Шахтјор, Галатасарај и Фенербахче.
Во четвртиот шешир се Славија Прага, Штутгарт, ЛАСК, Комо, Ленс, Сабах, АЕК, Викинг и Слован Братислава.
Ниту еден македонски фудбалер нема да биде дел од групната фаза оваа сезона, доколку до крајот на преодниот рок не се случи некој трансфер.
Ждрепката за натпреварите во ЛШ че биде одржана денеска во 18:00 часот во Монако.