Андора првпат има екипа во главната фаза на евро-куповите

Интер Ескалдес и Линколн Ред Импс синоќа испишаа нова страница во историјата на фудбалот на малите европски земји, обезбедувајќи пласман во лигашката фаза на Конференциската лига. Интер Ескалдес направи историски подвиг за Андора, откако на домашен терен одигра 0:0 со Дрита, а потоа славеше со 4:2 на пенали. Со тоа, клубот од Ескалдес стана првиот тим од Андора што ќе настапи во главната фаза на едно УЕФА клупско натпреварување.

Уште поневеројатно е што Интер Ескалдес до успехот стигна откако претходно беше елиминиран од Линколн Ред Импс во квалификациите за Лигата на шампионите. За Линколн Ред Импс, пак, ова е уште еден доказ за растот на фудбалот во Гибралтар. Тимот загуби со 0:2 од Ларне во првиот меч, но во реваншот во Северна Ирска направи спектакуларен пресврт и победи со 3:0 по продолженијата, со што со вкупни 3:2 го обезбеди пласманот.

Линколн Ред Импс по третпат во последните години ќе игра во лигашката или групната фаза на ова европско натпреварување, по настапите во Конференциската лига во 2021/22 и 2025/26.