Андреас Трајковски деветти на Медитеранските игри во скок во далечина

Македонскиот атлетски бисер, Андреас Трајковски, со скок од 7,63 метри го освои деветтото место во финалето на скок во далечина на Медитеранските игри во Таранто, Италија.
Златниот медал го освои домашниот атлетичар Франческо Еторе Инцоли со скок од 8,19 метри.
Среброто му припадна на Филип Правдица од Хрватска со 8,14 метри, додека бронзениот медал го освои Тарик Хочин од Алжир со скок од 8,03 метри.
Овој резултат е најзабележителен на атлетските натпревари во Таранто за македонските спортисти.