Антонио Конте пристигна во Лондон и ќе биде нов тренер на Тотенхем

Славниот италијански стратег Антонио Конте пристигна во Лондон на завршни преговори со премиерлигашот Тотенхем за местото тренер на екипата. Досегашниот шеф на стручниот штаб на лондонскиот клуб Нуно Еспирито Санто утрово доби отказ после само 4 месеци од неговото доаѓање во Тотенхем. 

Антонио Конте на преговори во Лондон, беше повикан од спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи, со кого е во мошне добри односи откако двајцата работеа заедно во Јувентус од 2011 до 2014 година. Во тој период Јувентус со Конте освои три последователни титули во Серија А. Очекувањата се дека на Конте ќе му биде понуден договор на една и пол година.