Анчелоти се вклучи во трката за Рафаел Леао

Реал Мадрид се вклучил во трката за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А. Скаути на „кралевите“ долго време го следат Португалецот и веруваат дека тој ќе биде новата голема ѕвезда на европскиот фудбал.

Анчелоти верува дека Леао може да игра и како крилен, но и како централен напаѓач на местото на Бензема, па поради тоа сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.