Аргентинецот Балерди потпиша за Рома

Aргентинскиот централен бек, Леонардо Балерди, замина во Рома за една сезона а договорот за позајмица наводно вреди 1 милион евра.

Опцијата за откуп која веројатно ќе стане задолжителна, вреди дополнителни 15 милиони евра. 27-годишникот е петтото ново засилување по Сантијаго Кастро од Болоња, Родриго Мора од Порто, Константинос Кулиеракис од Волфсбург и Ноел Молина од Атлетико Мадрид.

Балерди ги помина последните шест сезони од својата кариера во Франција во Олимпик Марсеј