Арсенал се засилува со Доминик Калверт Луин?

Лондонски Арсенал, посакува да се врати во врвот на англискиот фудбал, а еден од играчите кои би помогнале во тоа е и Диминик Калверт Луин.

Одличниот напаѓач на Евертон и репрезентативец на Англија, актуелната сезона ја започна во супер форма со три гола во првите три натпревари од Премиер лигата, но во меѓувреме заработи повреда и е надвор од фудбалските терени.

За купување на 24-годишниот центарфор, Арсенал би требало да одвои околу 50 милиони фунти.  Луин би бил одлична замена за Французинот Лаказет кој е во последната година од договорот и го напушта клубот ова лето.