Арсими со минимална победа над Башкими побегна од дното

Фудбалерите на Арсими ја постигнаа првата победа откако попладнево во првиот дуел од 3.коло на домашен терен го победија Башкими со 1:0. Единствениот гол беше постигнат во 82.минута, а стрелец беше Колумбиецот Диего Контрерас. Арсими ги освои првите бодови во новиот шампионат, додека Башкими го претрпе третиот пораз.
Утре се играат два дуела, а двојките се: Силекс – Скопје, Тиквеш – Шкендија Арачиново.
Во недела се игра дербито меѓу Струга Трим Лум и Вардар, а во вечерниот термин е дуелот меѓу Шкендија Тетово и Брегалница Штип.