Артета: Мојот Арсенал учи од грешките

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се осврна на вчерашниот пораз од Бетис во пријателски меч одигран во Даблин. Шпанецот има даде шанса на сите 25 фудбалери што ги има во ростерот.

„Во првото полувреме кога имавме повеќе од нашата почетна постава на теренот, имаше два сосема различни аспекти на нашата игра – како се справувавме со топката и како се натпреварувавме“ – рече Артета.

„Очигледно, има области што треба да ги подобриме. Во исто време, имаше и позитивни работи“ – нагласи менаџерот на „топчиите“ по поразот од 3-1.